За мене лично, Перун, Велес, и останатите (од словенскиот пантеон), не вредат ништо помалку од Христос, или Мухамед, или Буда, или Белзебуб... Или кој и да е останатите ијладници измислени ликови од разновидната фикција која политички коректно ја нарекуваме „религија“ - за да не ги навредиме верниците, дека вистинитосната вредност на приказната во која тие веруваат, е слична како таа на било кој од модерните писатели (
и вообичаено, многу подосадна).
Ама на страна тоа. Јас само свртив внимание на фактите дека:
- Бадник
Е пагански празник
- празник кој нашите пагански предци го славеле на краткодневица (
зимскиот солстициум) од тогално други причини пред црквата ингениозно да им „објасни“ дека истиот празник треба да се слави од „христијански“ причини
- наспроти малкуте пуритански свештеници (
тие кои навистина веруваат во верата, незначително малцинство) од погорната причина менаџментот на црквата никогаш не била и не е против присвојувањето на паганските празници, така порано ги придобиле паганите и така сега ги мотивираат сегашните верници... Ништо подобро за верата, од добра пијанка (
а некогаш порано, богами и оргии).