Во ова искомплексирано општество кое се состои од искомплексирани свети крави индиски и нилски коњи (мажи и жени нормално) тешко и до пријател а не па до Ромео, Гилдо Хорн или Мерилин Монро.
Но има и од тие кои се исклучоци, така да не се сите исти.Не губете надеж!

Мој совет до жените: Да си го контролираат малку повеќе егото, да не паѓаат во трансови дека му ги почешале на Господ мудата со врвот од носот, и да не гледаат низ призмата на пари, убаво е да си материјално среден од љубов не се живее нормално, но да не се претерува да се оди до таа граница да се бара „преку леб погача“.
Зошто само ќе удрат со глава во ѕид на крај секогаш ќе дојдат на она што го кажа girlll (патем имаш зеленко од мене) a тоа е:
Тешко е да се биде сам затоа што на секој му треба некој што ќе е со него покрај се и секој сака и има потреба да биде сакан!
Точно, некои тоа ќе го почувствуваат порано, некои подоцна.
За мажите што се однесува истото важи за егото, троа повеќе контрола на егото и нормално да не ги третираат сите жени како „0500 400“ колекција, да не бараат повеќе од една кога се во врска со некоја која навистина вреди и да не ги третираат жените како спонзоруши, зошто сите жени не заслужуваат да бидат третирани како спонзоруши, ATM машини и.т.н.
Во генерала најважно и за едните и другите според мене е проценката, треба да процениш, да изанализираш со кого вреди да бидеш добар а со кого не.
Понатаму за карактерите ( и каков тип на луѓе има во Македонија) нема и што да зборувам, искрено и на подфорумов ептен ретко пишувам, го посетувам само онака колку да разлистам темите и да утепам досада, но овојпат бев поттикнат од коментарите на некои членови од тука да пишам (и од машка и од женска страна).
Значи ако сакате до Гилдо Хорн, Ромео или Мерилин Монро, според мене треба да се држите до она што го напишав погоре.
Понатаму нема да коментирам, им ја препуштам темава на експертите-психолози, гледачи на карти, кафе турско и тетовски првокласен грав, сутљачот на тетка ми и баба ми од с. Слатино и.т.н.
До постарите:
Се извинувам за некои делови од коментарот.Напишани се на доста груб и вулгарен јазик, но морав да ја доловам поентата.
Не е за деца под 18 (осумнаесет) години.