Ах,Ромео...зошто те нема?

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
Оф топик:
Па како вели воведот ... за независните, личните, вакви - такви девојки. Како да не се пронајдам?:pos2:
Ти остај се ... не можиш со една, а јас нејќам ку*вариште до мене!

Е да, да...не моам само со една!
Али ти ми вредиш за три, така шо само уш една моојт??? Дека сакам четири. Ти = три плус уш една рамно четири, мојт??

Плус, мачко, од курвариште до кувариште само една Р буква разлика! А како готвам, а бе, ем прсти ем мене че ме излижат женките на кои им готвам.
Плус повремено знам и у шопинг да идам и да не мрчам!
 
Потписот на Леандра (c): „ДУРИ НЕ СТИГНИШ ДО ВИСТИНСКАТА, УЖИВАЈ ВО ПОГРЕШНИТЕ.“

Преуредено, за да се најдат и жените во него: „ДУРИ НЕ СТИГНИШ ДО ВИСТИНСКИОТ, УЖИВАЈ ВО ПОГРЕШНИТЕ.“



Значи УЖИВАЈ. Не заборавај го тој момент. Не барај кој и да е човек да биде вечно со тебе, зашто на крајот или тој ќе те остави тебе или ти него (во најдобар случај, кога еден од вас ќе умре прв, од старост). Моментот на среќа е тој што ќе остане и на база на кој ќе може да стаса до нови моменти, па на база на кои ќе се гради и пријателство и врска и љубов и сè по ред. :helou:
 
...
Ете Анабел, конкретен пример за тоа како твојава тема не е сфатена.
Грлллллл, ќе те замолам прочитај го воведот и реплицирај уште еднаш, доколку мислиш дека си за во оваа тема. Ако не, go get it...:toe:

Да, да добро збунка, се дешаа..
Мислењето ми беше ради некој од коментарите што ги прочитав при пролистуење на прва, втора страна.. Ама оф топик ќе да било..
Значи вака..
Јас сум доста помала и некако на моја возраст поинаку се одвиваат работите, од друг аспект ги гледам и тако даље..
Али сепак.. Дали во мој случај поради долга врска, а и со тоа созревање за некој работи, променување на мислења во врска со љубов или што и да е гледам дека границата ми е драстично подигната (причина број 3), дека има некој работи преку кои колку и да ми се свиѓа некој неможам да поминам ако не се по некој непишани правила и небаш зацртани критериуми. Мора да го има она нешто. И језда можда не ми е баш време за сериозни врски, нели најубави години и такви работи.. Ипак ако не е сериозно, посебно, длабоко не е тоа тоа. Љубовта е тоа што вреди и се бара ама ете за жал - многу треба да се изгориш за да ја пронајдеш.. А и со љубов никогаш ништо не се знае.
Од една страна треба да се остави све да е спонтано, едноставно да се деси! Ама па мислам дека ако го оставиш да се деси само, а и си со посебни критериуми и погледи на љубов и врска и во потрага по *Ромео* неможе баш од небо да падне ништо.. Треба да се изгориш да пробуваш да чукаш многу глава, треба да е спонтано, но не успева секад така.
А за тоа пронаоѓање себеси, јас мислам дека и преку љубов, падови, успеси во љубовта се пронаоѓаш себеси ептен.. И мора човек да дозволи, да се обиде да се пронаѓа себеси со некој покрај себе што ќе го подржува во тоа.
Тешко е да се биде сам затоа што на секој му треба некој што ќе е со него покрај се и секој сака и има потреба да биде сакан!
 
Ах пред 20-30 години, тоа е времето кога штркот ги носи децата, а сексот сеуште не е измислен. :star:
 
Потписот на Леандра (c): „ДУРИ НЕ СТИГНИШ ДО ВИСТИНСКАТА, УЖИВАЈ ВО ПОГРЕШНИТЕ.“

Преуредено, за да се најдат и жените во него: „ДУРИ НЕ СТИГНИШ ДО ВИСТИНСКИОТ, УЖИВАЈ ВО ПОГРЕШНИТЕ.“



Значи УЖИВАЈ. Не заборавај го тој момент. Не барај кој и да е човек да биде вечно со тебе, зашто на крајот или тој ќе те остави тебе или ти него (во најдобар случај, кога еден од вас ќе умре прв, од старост). Моментот на среќа е тој што ќе остане и на база на кој ќе може да стаса до нови моменти, па на база на кои ќе се гради и пријателство и врска и љубов и сè по ред. :helou:
Значи полн си со оптимизам овие денови - нешто ти се случило .... аааа ... Крусер:vozbud:
 
Аман бе? Познаваш ли жени кои тоа го очекуваат или ти онака од ракав го тресна муабетов?

Дивне гледаш дека карикирам но реалноста е таа, а тоа е дека споменатите ценети госпоѓици како што се опишани имаат поголеми критериуми што е донекаде оправдано ама не е во никој случај изговорот дека има дефицитарен број на "нормални" додворувачи и потенцијални партнери.
Пак ќе повторам дека ова мое мислење е чиста генерализација и не се однесува за некоја ако е малер. Навистина не можам да сфатам дека некоја паметна, убава и секси девојка има проблем да најде "average Joe" партнер.
 
Прво, убава тема.
Потребен ви е или важно ви е сега за сега да се пронајдете себеси па ќе му ја мислите понатаму?
Кога сфаќате дека ви е потребна сериозна врска?
Зошто понекогаш е тешко да се биде сам?
Веројатно за секој различно толкување има „да се пронајдам себе си“. Ако ти знаеш што сакаш и ако си ги одредил своите цели, нема потреба да чекаш да се средуваш за да дозволиш да влезе во твојот живот личност која ќе те прави задоволна. Многу примери знам кога некој се пронаоѓа себе си откако ќе го најде својот човек. Како што може некој да те турка наназад (во секој поглед и сегмент од животот), така може некој и далеку да те турне нанапред.
Ако чекаме да се пронајдеме себе си за да почнеме да мислиме на потребата од здрава врска, постои опасност да не излезеш од тој круг и постојано да го одложуваш она што е природно да ти е потребно.
Во секој период од животот ни е потребен човек, но веројатно посаглам го мислиме кога сме во доцни 20-ти. Што знам јас зошто. Веројатно потребата за стабилност и семејство се позасилени тогаш отколку на 20 кога уште сме во фаза на живеење на некои моменти кои се својствени за тој период, кога знаеме дека неминовно ќе си дојде период на созревање и одредување на други приоритети. И, според мене, добро е да се сфати сето тоа така. Битно е за искуство за проценка на карактери, за утврдување принципи, за зајакнување на карактерот, за да знаеме во иднина каков човек сакаме покрај себе за иднина.
Токму затоа на многу им е тешко да дојдат до вистинската личност за нив. Веќе знаеш што ти е потребно. Излегуваш на кафе за да си помуабетиш со другарката/другарот, да си кажеш што ти тежи, да споделиш што има најново, а не за да си ја видиш симпатијата и потенцијалниот мувач. Не ти се оди по дискотеки, сакаш мирни места каде што сите се однесуваат одмерено и културно, а не пијано и збеснато. Ти здосадиле некои работи кои ти биле онака на врв кога си имал 20 години. Имаш потреба од мир, духовно спојување со друго суштество.

Како и да е, нема универзален начин за стигнување до вистинската личност. Да беше така, сигурно ќе можеше еден на друг да му помогне, да му го каже начинот. Жал ми е што не е така.
Дивајн напиша:
Ако е тоа многу, је*и га, нека не го најдам никогаш.
Шубо си кажа.
 
Во ова искомплексирано општество кое се состои од искомплексирани свети крави индиски и нилски коњи (мажи и жени нормално) тешко и до пријател а не па до Ромео, Гилдо Хорн или Мерилин Монро.
Но има и од тие кои се исклучоци, така да не се сите исти.Не губете надеж! :)
Мој совет до жените: Да си го контролираат малку повеќе егото, да не паѓаат во трансови дека му ги почешале на Господ мудата со врвот од носот, и да не гледаат низ призмата на пари, убаво е да си материјално среден од љубов не се живее нормално, но да не се претерува да се оди до таа граница да се бара „преку леб погача“.
Зошто само ќе удрат со глава во ѕид на крај секогаш ќе дојдат на она што го кажа girlll (патем имаш зеленко од мене) a тоа е:

Тешко е да се биде сам затоа што на секој му треба некој што ќе е со него покрај се и секој сака и има потреба да биде сакан!
Точно, некои тоа ќе го почувствуваат порано, некои подоцна.

За мажите што се однесува истото важи за егото, троа повеќе контрола на егото и нормално да не ги третираат сите жени како „0500 400“ колекција, да не бараат повеќе од една кога се во врска со некоја која навистина вреди и да не ги третираат жените како спонзоруши, зошто сите жени не заслужуваат да бидат третирани како спонзоруши, ATM машини и.т.н.
Во генерала најважно и за едните и другите според мене е проценката, треба да процениш, да изанализираш со кого вреди да бидеш добар а со кого не.
Понатаму за карактерите ( и каков тип на луѓе има во Македонија) нема и што да зборувам, искрено и на подфорумов ептен ретко пишувам, го посетувам само онака колку да разлистам темите и да утепам досада, но овојпат бев поттикнат од коментарите на некои членови од тука да пишам (и од машка и од женска страна).
Значи ако сакате до Гилдо Хорн, Ромео или Мерилин Монро, според мене треба да се држите до она што го напишав погоре.
Понатаму нема да коментирам, им ја препуштам темава на експертите-психолози, гледачи на карти, кафе турско и тетовски првокласен грав, сутљачот на тетка ми и баба ми од с. Слатино и.т.н.

До постарите:
Се извинувам за некои делови од коментарот.Напишани се на доста груб и вулгарен јазик, но морав да ја доловам поентата.
Не е за деца под 18 (осумнаесет) години.
 
Како да го пронајдам?
Треба ли воопшто да го барам,нели тие работи се спонтани?
Зошто неможе во исто време да се пронаоѓам себеси и да имам некој покрај мене?

Како се справувате со вашиот “Ромео“?
Потребен ви е или важно ви е сега за сега да се пронајдете себеси па ќе му ја мислите понатаму?
Имате критериуми како треба да изгледа и дали сте изгубиле некој поради нив?
Кога сфаќате дека ви е потребна сериозна врска?
Зошто понекогаш е тешко да се биде сам?
Ромео?
Секојдневно луѓето се менуваат под влијание на средината и на партнерот и еден ден карактерот повеќе нема да им се поклопува, целите ќе им се променат и ќе продолжат понатаму со нови луѓе во животот.Можеби ќе останат заедно 20 години и ќе се мразат затоа што не го живееле моментот, можеби ќе бидат најсреќни на светот затоа што имаат со кој да разговараат и да спијат навечер, но тоа е премногу обично или не е?
Убаво е да се сонува за љубов, но реалноста е дека врската е многу повеќе посветување и обврска-навика која што сакаме да ја имаме, уживање во друштвото на некоја личност и добар секс.
Да се биде сам може да биде измачување и прекрасно искуство, зависи од личноста колку сака да се залажува себеси.
Нешто слично на ова:
 
Точно така. Никој не бара совршенство туку компатибилност на личностите. Само златна, тука ретко кој може или па во најмала рака барем би пробал да те сфати. Од 16 постови, еден не може да се склопи кој би одговарал на темава.
И тој кликот е тој што на широко пробав да го објаснам погоре. Не е до Бекамовата фаца и тело. Ама кому ли да раскажеш ...
... туку до парите...
никогаш не сум бил љубоморен тип, додека дечковците на другарките од мојата бивша им забранувале да одат на фитнес или да си купат веб камера јас и давав пари да оди и плус и ја одбрав камерата и никогаш не сум и забранил да излези без мене а уште помалку да и се јавувам на секои 15 мин да ја проверувам
никогаш не сум ја натерал да прави нешто против нејзина волја секогаш сум го почитувал нејзиниот интегритет
никогаш не сум ни помислил да ја изневерам а сум имал најмалку барем еднаш шанса
во тоа време бев до 2 на работа а таа до 3 па секогаш и се јавував што сака да и направам за јадење
е ај сега кажи ми како досега ме нема фатено никоја... или и карактеров ми е за никаде пошто за изгледот и парите знам дека ми се под просечни...
Ti nisi Julija
ja nisam Romeo
nocas sam nesto
gadno pojeo
Lepo pricas
lepo hodas
slatka mala, nemoj
lako da se prodas

Ref.
Zato kreni, kreni prema meni
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom