Awake

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.799
Поени од реакции
52.814
AwakeNBCLogo.jpg
Уште една нова серија што ќе почнам да ја гледам, заедно со другите. Многу серии ми се насобраа :D
Се работи за детектив, Мајкл Бритен кој се враќа на работа по сообраќајката која ја има со кола заедно со жена му и син му. Од кога се случила несреќата Мајкл живее во два различни света. Еден каде што син му умира во несреќата, а другиот каде што жена му умира во несреќата. Секој пат кога се буди, се буди во различен свет, со различен член од семејството во својот дом, со различен партнер на работа, со различни случаи. Незнае што се случува и пробува да открие што е реалност, а што е сон. Дури и доаѓа до поврзување на двата света кога некоја случка од едниот, му помага да го реши случајот во другиот свет.​
Премиерата е на NBC на први март, но беше пуштена првата епизода на интернет на 16ти февруари, па веќе ја има на торенти. Јас ја изгледав и ме заинтересира. Не мислам дека е нешто спектакуларно, но може да биде добра серијава па ќе и дадам шанса.​
 
Mmmm Jason Isaacs...
Ќе почекам да се соберат повеќе епизоди, па тогаш ќе ја почнам. Вака делува интересно.
 
Добра mindfuck серија. Кастот е феноменален, особено Jason Isaacs. Пилотов ми е подобар и од Alcatraz и од Touch. :P

Само се плашам да не има многу plot holes...
 
Eeej феноменално звучи. Али се плашам дан испадне како Fast Forward, која имаше огромен потенцијал, а не направи ништо.
 
awake-nbc-tv-show-poster.jpg


Awake

Одамна немав гледано ваква пилот-епизода која е предизвик за мозокот, но и за чувствата. Иако во последно време се појавија добри серии (Touch) и разочаруваки серии (Alcatraz), Awake се издвојува од се' што се појавило на телевизија (на нашки: интернет) во последно време. Барем сега-засега.

Што се случува во серијата? Мајкл е детектив кој доживува сообраќајна несреќа со жената и синот. Во несреќата има една жртва, а Мајкл преживува на бизарен начин. По несреќата тој живее во две реалности кои се менуваат кога тој се буди од спиење. Во едната реалност, неговата жена ја преживеала несреќата. Во другата, син му е оној кој е жив. Мајкл не знае дали сонува и која реалност е всушност вистинската. Постојат многу филмови и серии каде протагонистот сака да открие што е вистинито, а што не е. Кога конечно ќе сфати, приказната завршува. Awake не фукнционира на тој начин. Она што ја прави серијата необична е начинот на кој Мајкл се справува со ситуацијата. Тој не сака да знае што е реално, а што не е, туку само сака да остане заедно со целата фамилија. Единствениот начин за ова е да балансира помеѓу двете реалности. Тој е среќен и во двете, но не знае до кога овој двоен „живот“ може да трае, без никакви последици. Awake е исто така и криминалистичка серија, иако детективската работа на главниот лик е во втор план.

Она што ја прави Awake толку добра е што те тера да размислуваш, но и буди емоции. Дилемата која реалност е вистинска, а која не, е секундарна во споредба со емотивната борба на Мајл. Поважно е тоа како посебните реалности влијаат врз неговото однесување и каква закана се за неговиот разум. Како што реков, одамна немам гледано волку добра пилот-епизода, да не претерувам, можеби од онаа на Lost (oh no you didn't, VLJ). Самата епизода е како мини-филм, па ако некој нема време да загледува нови серии може да ја изгледа само првата епизода. Особено ми се допадна играта со боја во различните реалности, едноставната музика и секако, глумата. Само малку е загрижувачки тоа што оваа серија не е за секој (oops) и поради тоа не може да има којзнае колку голем рејтинг во Америка.

Не ви советувам да го гледате трејлерот колку да не ви расипе некои работи, но ако инсистирате, еве:
 
Eeej феноменално звучи. Али се плашам дан испадне како Fast Forward, која имаше огромен потенцијал, а не направи ништо.
Ваљда на Flash Forward мислиш.
 
Изгледа интересно, но морам да признаам дека Touch пилотот ми беше далеку подобар.
 
Eeej феноменално звучи. Али се плашам дан испадне како Fast Forward, која имаше огромен потенцијал, а не направи ништо.
Редно време е некој да научи од грешките на Flash Forward, Event & co. И мислам дека Awake е поинаква серија, бидејќи не се толку занимава со мистеријата и со тражењето на одговори, туку со психологијата на главниот лик.
 
Луѓе је интересна серијава вреди да почне да се гледа ?
 
Луѓе је интересна серијава вреди да почне да се гледа ?

Не е лош почетокот. Неможам да кажам дека ќе биде нешто спектакуларно, но би требало да и интересна.

Изгледај ја првата епизода па сам одлучи.
 
Јака епизода. Дефинитивно вреди серијава.

ps: го примети некој ова? :icon_lol: (на 19:26)

ckTU5.jpg
 
Добра беше и оваа епизода. Само се надевам дека нема да заглават, поради она што се случи во последните минути. И конечно ми текна од каде ми е познато детето.
 
И конечно изгледана првата епизода... втората се симнува.

Одамна неам гледано волку добро нешто. Дури ни еднаш не погледнав уште колку има до крај и се изненадив кога заврши.

Има одлична приказна, веднаш се повржуваш со Мајкл и ја разбираш неговата болка поради загуба на синот и жена му. Без разлика што е вистина, а што е сон, тој ги губи и двајцата, но истовремено може пак да биде со нив и спремен е да ја плати цената за да може да продолжи да ги гледа.

Серијава има огромен потенцијал, се надевам нема да ја зезнат.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ
Серијата е слаба. Празни разговори, без поента. Лошо глумење. И не знам дали е до снимката која ја спуштив, ама има многу темна атмосфера и без бои. Забележав дека кај жена му е потопли бои, а кај син му е потемно и поладни бои. Ама сепак е до снимката, на јутуб не е толку бледо.
Не ми се допаѓа како поголемиот дел од зборувањето е шепотење.

Ја гледам и втората епизода, мило ми е што има помалку драма и некако ја преориентирале серијата како криминална. Ама пак не би ја препорачал и не би ја оправдал високата оценка на имдб. Ќе ги гледам и следните епизоди, ама не сум многу приврзан. Сепак две епизоди се малку.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom