Автомобили кои ги моторизираа македонските граѓани!

  • Креатор на темата Креатор на темата Volkswagen
  • Време на започнување Време на започнување
ТАМ

Не знам дали камиончето ТАМ може да се каже дека ги моторизирало нашите граѓани ама знам дека некои фамилии во Струмичко тоа им беше единствено превозно средство :)

aV17ygTS.jpg

П.С. На оваа слика некој опинок малце претерал со тјунингот :pos: :pos: :pos: :pos:

attachment.php
 
Не знам дали камиончето ТАМ може да се каже дека ги моторизирало нашите граѓани ама знам дека некои фамилии во Струмичко тоа им беше единствено превозно средство :)

П.С. На оваа слика некој опинок малце претерал со тјунингот :pos: :pos: :pos: :pos:

Секако дека може да се спомне, ТАМ се` уште се користи... Само ќе додадам дека често во дизел-конверзиите на Уаз се користи токму мотор од ТАМ.
 
Секако дека може да се спомне, ТАМ се` уште се користи... Само ќе додадам дека често во дизел-конверзиите на Уаз се користи токму мотор од ТАМ.
А во Струмица имаше еден Кадилак со мотор од ТАМ-че :),личеше на кола а моторот му бучеше како на тенк :pos2::pos2:

Инаку и ова камионче се тркалаше на нашите патишта,се работи за возило произведено во Застава а оригинал е од Италија,марка ОМ!

3377310916_a134823929.jpg
 
skoda120.jpg

Оддамна на автопат Скопје - Тетово бев во иста ваква шкода која беше сопственост на пријател на татко ми.Во сред вожња испадна задното десно тркало.Среќа се добро се заврши :)
HAHAHA.Imav ista sluscka so ovaa kola se vozevme so tetin mi i op trkalata ja pretrkaa kolata..
 
Кога веќе станува збор за возилата кои го моторизираа нашиот народ, и спомнавте товарни возила тука може да се каже и за моделот познат како Дајц, или ТАМ Т10-110 конкретно на сликата. Добри камиони, кои вршат тешка работа, но за разлика од ФАП имаат послаба машина.
dajc.jpg
 
Зарем можеме да го заборавиме ова ремек дело кое беше користено како такси возило,лејдис енд џентлмен ај презент ту ју ЗАСТАВА 850

sv_djurdj_04_j.jpg

И помалце застапениот модел на Застава 1300 Л

01.jpg
 
Зарем можеме да го заборавиме ова ремек дело кое беше користено како такси возило,лејдис енд џентлмен ај презент ту ју ЗАСТАВА 850

И помалце застапениот модел на Застава 1300 Л

01.jpg
Ау ама го накитил овој... ептен е топ :) имаш повеќе информации?
 
И помалце застапениот модел на Застава 1300 Л

01.jpg

Kолку што можам да приметам по знакот и поделениот браник се работи за Фиат 128 Rallye. Не верувам дека е Застава.
 
Kолку што можам да приметам по знакот и поделениот браник се работи за Фиат 128 Rallye. Не верувам дека е Застава.
Така е заведена ама и мене не ми личи дека е 1300?
Нема да ја тупиме многу :).нека биде 1300!
 
Не е тоа Застава него Фиат 128 со 3 врати (никогаш не правено од Застава) и тоа од Аргентина. Браникот напред имитација на Фиат 128 Абарт, Daytona фелни, ретровизори од Kawasaki моторцикл, бели позиции.
Машината незнам која е ама веројатно е 1,1 бидејќи е високо како трактор, дефинитивно не би го возел со 1,6 мотор на таа висина.
 
Не знам дали е аргентинско или не но Застава има правено и вакви со 3 врати но со оние големите штопови од 128ца. Сигурен сум 100%. Стоам зад тоа дека е Фиат 128 Rallye. Италијанско.
 
Не знам дали е аргентинско или не но Застава има правено и вакви со 3 врати но со оние големите штопови од 128ца. Сигурен сум 100%. Стоам зад тоа дека е Фиат 128 Rallye. Италијанско.
Исправка,тоа е Застава 128 Рели!

Не знам на денешно време луѓето по кој жалат повеќе,по оној лево или по оној десно на сликата?

1.jpg
 
Не знам дали е аргентинско или не но Застава има правено и вакви со 3 врати но со оние големите штопови од 128ца. Сигурен сум 100%. Стоам зад тоа дека е Фиат 128 Rallye. Италијанско.

Јас сепак мислам дека е wannabe 128 Rallye. Ако е оригинал треба да има Комодоре бандажи не овие. Моторот е 1290 мотор со 73КС (го ставаше Застава овој мотор само во 4-вратна 128) и воглавно го возеше милиција со додатни ојачувања на каросеријата. Инаку според мене добар кец среден како од времето на Југославија е овој

Исправка,тоа е Застава 128 Рели!

Каква Застава, погледни дека знакот е на Фиат. Застава на Рели учествуваше со црвени 101 не со 128.

Сега јас како самопрогласен експерт за возила на ФИАТ од 60-ти и 70-ти години ќе ви кажам:
1. Црвеното од сликата на Атм Ант е ФИАТ 128 рели, оригинал, италијански во некоја кастм верзија.
2. Аргентинците ги работат 128 како копија на 128 Еуропа (истиот модел кој го правеше и Застава.
3. Застава правеше 101 1300 Специал со Cromodora бандаши (не Комодоре) сo 5 врати.
4. Заставиниот модел со 3 врати беше Медитеран.
5. Застава 101 е хечбек модел креиран од Данте Џакоза, кој не е прифатен во Торино за сериска изработка, па е даден да се работи лиценцно на Застава.
6. Од сликите лево или десно поставени од Атом Ант, јас жалам по она лево!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom