Автобусот на Того запален, возачот убиен и неколку фудбалери повредени

  • Креатор на темата Креатор на темата mercenary
  • Време на започнување Време на започнување
M

mercenary

Гостин
Националниот тим на Того бил нападнат во Кабинда,Ангола,после влегувањето во Ангола од Конго.
Возачот на автобусот бил застрелан и подлегнал на повредите,додека уште четири биле застрелани од кои двајца биле играчи на Того.
Останатите патници,вклучувајки ги и играчите на Того,биле веднаш префрлени во најблиската болница за повредените да добијат помош.
Подоцна играчите на Того изјавиле дека не се во состојба да играат на Купот на Нациите и дека единствено нешто на што тие мислат е здравјето на сите што биле во тој автобус.

Оваа не е прв напад на фудбалери во Африка.Претходно фудбалерите на Алжир беа каменувани на гостувањето во Египед.
Дали е безбедно да се игра во Африка?
Дали мислите дека фудбалерите на Того не треба да играат во Купот на нациите?
 
Страшно човече што се не прават по светов

togo_1_1024x768.jpg
 
Катастрофа. Политика секаде меша прсти.. за играчите на Того, тоа е нивен избор и треба да биде прифатен нормално од сите можни страни.

Крајно време е да воведат санкции, закони и да создадат ред во Африка. Плус знаејќи дека е и СП во Африка оваа година, ова му доаѓа како една црна дамка, која се надевам надележните ќе успеат колку, толку да ги фатат најпрвин, нарачателите.
 
нели адебајор е од того?
дали бил тој во автобусот?
жално е и безмислено е да се случуваат вакви работи:toe:
 
До кога вака бе, утакмици со куршуми решаваат.

Тука повеќе информации за повредените играчи од кои најсериозно повреден бил Акакпо од ФЦ Васлиу од Романија.

Akakpo was struck by two bullets in the attack and has lost much blood. His condition was stabilised by doctors.

http://www.skysports.com/story/0,19528,13962_5844019,00.html
 
:nesvest::nesvest: Се шокирав. Никакво обезбедување со полиција ни ништо. Страшно!
Единствема земја во Африка која може земја да ја наречеме е ЈАР. Среќа нема повеќе мртви.
 
Треба да соберат сили и да играат на Купот...Секако дека нападов нема оправдување,но неиграњето не е решение...Вака само им даваат сила на напаѓачите за во иднина пак да го сторат истото:toe:
 
Боби[Мкд];3238969 напиша:
:nesvest::nesvest: Се шокирав. Никакво обезбедување со полиција ни ништо. Страшно!
Единствема земја во Африка која може земја да ја наречеме е ЈАР. Среќа нема повеќе мртви.

Имало два автобуси со полицајци што оделе покрај автобусот на Того. Имале среќа што нападот бил извршен врз автобусот пред нив а тој носел само опрема откако сватиле дека погрешиле почнале да пукаат кон правиот автобус со играчи на Того.
 
Дефинитивно мора да се превземе нешто во врска со ова, недозволиво е во 2010 година, на 5 месеци пред СП репрезентација да нема безбеден пат до дестинацијата.

Секако дека Того има право да се повлече од купот, сигурно после овој напад не им е до играње фудбал.
 
Боби[Мкд];3238969 напиша:
:nesvest::nesvest: Се шокирав. Никакво обезбедување со полиција ни ништо. Страшно!
Единствема земја во Африка која може земја да ја наречеме е ЈАР. Среќа нема повеќе мртви.


хахахаха...... да да да да........ Затоа кога имаше пред 1 година некоја конференција на ФИФА таму, германци некои беа ограбени......
Нема безбедност никаде во Африка......

За да се заштитат самите себеси, треба сите репрезентации да се повлечат.........

И плус да го направат купот на 4 години, на што личи тоа? на секој две..... ццццццц
 
Ова е страшно. Добро е што нема фудбалери - жртви, и јас мислам не треба да играат на Купот. Па што е ова човече, овие уште не одени со куршуми, а тек финалето со атомски ќе го решаваат/. :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom