Авто огласи (интересни возила за продажба)

  • Креатор на темата Креатор на темата JeepMkd
  • Време на започнување Време на започнување
Дали има некој во МК Daytona Cobra, и дали може да се најде и по која цена, ептен ми прави мерак.

1965-daytona-cobra-coupe-san-diego-california-46180.jpg


Или па уште поубаво AC Cobra

accobra.jpg

Да не претеруваме :vozbud: 99,99 % нема кај нас вакви чудесии :vozbud::vozbud::vozbud:
 
Да не претеруваме :vozbud: 99,99 % нема кај нас вакви чудесии :vozbud::vozbud::vozbud:
Зошто, кога можат да носта ламбурџини, мајбаха, феририја, мустанзи, бентлија и слични ѕверови ова мислам дека нема да е проблем :)
Чистокрвен олдскул спорташ :pipi:
 
кобрите мислам ги има и како кит(со фајберглас каросерија) за да си ја исфарбаш и склопиш сам, голем потфат но ако се има мерак се може а и ке ти биде build in Macedonia што значи ке бидеш уште повеќе горд на колата
 
Кит комплет да, ама ти треба и донатор за подвозјето, па после А-тест и такви глупости. А оригинал Кобра тешка работа, освен ако немаш милионче да ти смета во џебот.
 
Смешни цени, сите трчаат да продадат се од гаражата, кога ќе падне акцизата ќе плачете у вц за 4 иљадарки дадени за ѓубре.
 
Упатство: Како да уништиш Буба...

Се почнува вака... Сечиш кровот, шириш венците, додаваш пластики и добиваш некој fast and furious изглед. За изгледот да биди екстра, напред се ставаат 4 фара (по два од страна) коцкести, додека назад се монтираат штопови од Вартбург последната серија од 1990-тите. Ретровизорите ја нарушуваат аеродинамиката, но крајната брзина за 40 км/ч ја подигаат браниците кои се некако излиени во шасијата со помош на пластика, а даунфорсот е зголемен од дифузерот назад, така да нема големи загуби.

Внатрешноста и не изгледа толку лошо, но кога погледнав и подобро... воланот од 101 рацинг, манометрите за температура од Лада 1600 и држачот за CD-a (најди го да те видам, ако неможиш пред мењачот е) ја поебаја првичната слика.

За цената ич несакам ни да коментирам, единствено моторот и бандажите вредат нешто на возилото.

http://www.pazar3.com.mk/ViewItem.aspx?itemId=572784 :tapp::tapp::tapp:
 
Нели е ова ефтино или така ми се чини ?
http://pazar3.com.mk/ViewItem.aspx?itemId=560966
Не е скапо... прашање е колку се реални километрите.

Со оглед дека моделот е првата генерација на Laguna во 2001 а потоа излезе прво фејслифт на истиот модел, во 2007 редизајн, а веќе и за него фејслифтот е спремен испаѓа дека е 4 генерации назад. Па од таму и цената.
 
А и не е довршена, уште многу работа треба.

Еве нешто друго интересно, вели оригинални 16.000 километри
http://pazar3.com.mk/ViewItem.aspx?itemId=598304

Колата ја видов во живо во Неготино, првата фотка тука.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom