Авто новости

Загина 25 годишниот возаш на МОТО ГП Marco Simoncelli на трката во Малезија по страшен судир во кој учествуваше и Валентино Роси. Кариерата на Marco Simoncelli беше кратка а дебитираше пред две години кога ја освои 8та позиција, а на последните две трки беше на подиумот

Марко Симончели падна во вториот круг на трката за Големата награда на Малезија, по што во несреќен расплет на околности се најде под моторот на Колин Едвардс, што резултираше со добивање смртоносни повреди.

incident_simonceli_600_malezija_2011.jpg
 
Почивај во мир мајсторе,млад живот згасна.
Исто и јас како зелениот,ќе те носам на профајл пикчр,ама на фејсбук :( :( :place:
 
Нека почива во мир, искрено не го знам ама ова е страшно :(
 
Жалосно е што животот го загуби на ваков начин.Почивај во мир Марко.
 
Голема трагедија, стварно жалосно.

Нека почива во мир! :(
 

не ми беше некојси фаворит, али го гледав кога победуваше во класата од 250 кубика и кога освои титулата во 2008
ова е трагедија RIP :(
и што е најжално, се залепи во роси кој е еден од неговите најдобри пријатели
 
Смртоносниот удар го зададе Роси, во глава, човек кој важеше за предобар пријател на Симончели, каков курташак само си изигра универзумов тука. :(
Веројатност да загине човек во овој спорт има, ама под ваква околност, во ваква ситуација да се најде Симончели, невообичаена, без простор да реагира, а на него да налета неговиот најдобар пријател ... незнам, one of a kind, баш како што кажа директорот на трката.

Роси веднаш по ударот мислам дека знаеше каков епилог ќе има оваа ситуација, уште кога се виде дека кацигата излета тогаш под дифолт се подразбираше овој епилог, за чудо ќе се сметаше преживувањето на оваква несреќа, чудо кое за жал не се случи.

Едно семејство завиено во црнила, цела земја во тага, чао Sic.

Oва од мечот Интер - Киево

18f9cc5f63b588f86d393c09d52938fa-53284-95ce55ddafe6f525e8249732abe8e188.jpeg


a3jfy0.jpg


Aлудирајќи на тоа дека се родила нова ѕвезда на небото по неговата смрт.

п.с. Симончели беше голем фан на Милан.
 
Вакви работи се само потсетник дека е замараме и грижиме за непотребни работи. Живејте си го животот луѓе, без многу замаранции зашто живото ти е највеча курва на свет...
Штета за Симончели, штета и за Роси...пробувам да се ставам на негово место и гадно е, гадно...јас психички би се пореметил!
 
Прва вест што ја видов сабајлинава на нет. Погаден старт на денов неможеше да има.
RIP Marco
 
:(
јас се шокирав кога видов пред некој саат на f1racing.com.hr па кога видов и тука уште не ми се верува
не знаев ни кој ден сме ни дека денес имаше трка и си помислив дека загинал во автомобилска несреќа

клипчињата гледам одма ги бришат ама кога напишав на јутуб marco simoncelli dies ми излегоа 20-на клипови и сите ги симнав па дури и трката (ако можи трка да се наречи)

:(
РИП Марко
 
Нека почива во мир, искрено не го знам ама ова е страшно :(

Не е битно,битно е да ставиш слика на фејсбук и да кењаш како ти е жал а до вчера не си ни чула за MotoGP и за момчево..(ме сваќаш што сакам да ти кажам..)

R.I.P
 
Ги гледам сликиве и не ми се верува, страшно. Кога го видов видеото од несреќата не ми се веруваше дека е можно на тој начин да го заврши својот живот. Загина на местото(патеката) кое што веројатно најмногу го сакал и од моторот на својот веројатно најдобар другар од сите возачи во мотоЏП.
Како и да е, спортската јавност ќе го памети овој ден, а тоа најдобро ќе го паметат неговите најблиски. После авионската несреќа во која загина целиот хокеарски тим на Локомотив ова е една од работите кои ме шокираа највеќе ... Почивај во МИР!!!

Инаку знае некој да ми каже што значи ова "SUPER SIC" некој надимак??
 
Back
На врв Bottom