Во вториот на 5-4 Мареј имаше 15-30 и рокна 3 поени по ред безвезно. Потоа на 5-5 40-0 и он јаде брејк... Реално многу лесно можеше да е 1-1, ајде нека не биде 2-1, ама 1-1 можеше пешки, па којзнае што ќе беше во третиот сет, можда Новак знатно ќе го подигнеше нивото на игра и ќе го згазеше, а може и Мареј ќе продолжеше со добрата игра од вториот сет.
Инаку кога сме кај падовите, не се лажете дека Новак може уште 4 години да игра на овакво ниво, нема теоретска шанса за тоа, реков и пред некој ден, он е тенисер кој е многу зависен од движењето, цела игра му се заснова на тоа, а со ова темпо не постојат теоретски шанси да држи уште толку време, физички не е изводливо. И на овој турнир се приметуваа веќе некои аномалии кај него и тоа во неколку мечеви, против Халис, Сепи, Симон, Мареј... Ќе почне добро, ќе одигра страшно во прв сет и после следи пад. Да не се разбереме погрешно, далеку е ова од некој “пад“ во играта на Новак, сеуште е непобедлив.
Честитки за сите негови навивачи.