RocknRolaa
Rafa Para Siempre
- Член од
- 21 февруари 2010
- Мислења
- 6.869
- Поени од реакции
- 9.740
Да, интересни 3-0 или 3-1
--- надополнето: 21 јануари 2013 во 00:52 ---
Не се замарај со деца....типот е арогантен и невоспитан, детиште.
Ама не ме дираат негови изјави, колку и да сум голем фан на Федерер. Уствари никакви изјави веќе не ме дираат, додека не го видам тенсиерот како го изјавува тоа на видео, премногу спинување и сензационализам има во новинарството![]()
Се согласувам околу новинарскиот сензационализам. Ама Томиќ за толку кратко време направи толку глупости, што јас повеќе верувам во неговите глупави изјави одошто мислам дека се спинови. Мислам човеков има една година условна казна, Рафтер го избрка од репрезентација заради недоличен однос на терен и е сериозно арогантен во изјавите, дури безобразен.
Затоа не ми се допаѓаат новиве генерации тенисери. Како рок ѕвезди се однесуваат, ќе го уништат духот на тенисот комплетно со вакво однесување. Замисли ти, Надал освоил Грен Слем на 17 години, па никогаш не давал смешни и арогантни изјави. Се чудам од кого го учеле однесувањето дечкиве, ако земам предвид дека до пред некоја година ги гледале Надал и Федерер кои го задржаа извонредниот однос низ годините, иако беа лути ривали на терен.