Епа чим знаеш и имаш визија за иднината, дај одговори ми на неколку битни прашања... може?
Не мора да имаш визија, за да знаеш дека човек кој е две го три години на второто или третото место во ВТА ранкингот, и кој стагнира со развојот, и тапка во место, не е тешко да знаеш дека нема да го освои никогаш светот... Стандардно, игра добро на АО, несомнено, бидејќи и ЕДИНСТВЕНАТА титула му е тука.... Погледнете ги резултатите на Вимболдон и Роланд, и доволно е.... Млад е !? Хммм, млад е точно, но, веќе 4 години игра на турнири и не гледам дека го има „тоа“ нештото.. Но, и да не се лажеме, покрај Надал, во полна форма, ниту Роџ немаше лек, а камоли пак еден Ноле... И да потсетиме, Ноле и Рафа се една година разлика, односно Ноле е една година помлад..
--- надополнето ---
Само толку, за жал... Штета што никогаш во својот живот нема да биде прв...[/QUOTE]
Ти бе што си толку сигурен да не си ко на Штефи Граф фан па го оштриш ножот сега...
Незнам што сереш тука цело време сите сакаме да гледаме добар тенис па кој е подобар нека победи никој не се сомнева дека Надал и Федерер се машини и секоја чест за се што имаат постигнато и што се уште ќе постигнат ама баш ми е мило што сега се има поголема конкуренција и е поинтересно...
За Надал некако се случајно пред аустралиан опен се повредува многу ми е сомнителна таа работа...
едноставно не му одговара подлогата проба виде не оди и си изигра поштено до крај зашто знаеше дека не е доволно добар да игра против федерер или новак... За на земја е бог никогаш не е повреден за на френч опен и е три каласи пред сите на таа подлога.....
Не знам како гледаш на работите, првиот го победи на „негова подлога“ и тоа во врвот на неговата кариера, со финале за памтење, а другиов пак, го победи на иста подлога, пред неполни 3 месеци, па сега не знам за каква „класа“ зборуваш.. Ако можиш, да ми објасниш, или дај ми факт, аргумент, за да можам да те разберам ?
Уште една твоја неинформираност, за жал... Токму таа „повреда“ која го оддалечи година дена од тенисот, го оддалечи и од рекордна 5 титула по ред... Но, добро е
--- надополнето ---
Многу тромо, дефокусирано и безволно делуваше денес Ферер. Мислиш пред 2 дена одиграл меч со Надал од 5 часа и како цел свет да му тежеше. Само првиот сет не го гледав и не ми е јасно како го има добиено. Мареј во добро светло се прикажа, но беспотребно форсираше во одредени ситуации и 2 сета однесе во тај брејк, а можеше и со помалце гемови да ги реши .. Да имаше подобар противник од спротива, ќе си ја скапеше сам главата Енди.
Сума сумарум, во недела не очекува доста изедначено финале, во кое и двајцата тенисери ќе влезат речиси со иста минутажа помината на терен и некој голем замор не би требало да има ниту кај двајцата.
Да ? Не го гледав мечот, но бев убеден дека ке го освои овој турнир, бидејќи бил доста надмокен над еден тенисер, во предходните рунди... Но, ете, класата на Ферер, падна во вода... Штета.. А имаше толку титули човекот :pos2:
И да, очекувам добро финале за очи, пред се мегу Ноле и Енди... Јас би, играл за Ноле, чисто од љубов кон националноста и народот....
--- надополнето ---
Колумна за Рафа: (Вреди да се прочита) >
Надал загуби на Отвореното првенство на Австралија. Тој загуби скандалозно, неочекувано, пред да стигне до полуфиналето. Колената можеби беа, а можеби и не фактор за поразот. Надал не сакаше за поразите да се правда со повреда, но во секој случај не успеа да ги освои четирите грен-слем титули во низа и да стане првиот тенисер по Род Лејвер во 1969 година кому му успеало тоа. На претходните седум дуели Надал сосем го збриша Ферер и луѓето или со восхит го гледаа или ги криеја очите, како да се сведоци на ужасна сообраќајна несреќа.
Надал имаше ужасен меч. Се обидуваше да изведе еден од неговите стравотни форхенди, удирајќи со целата рака толку брзо и движејќи ги зглобовите толку течно што личеше на дебело јаже што замавнува и фучи и извикуваше секогаш кога неговиот рекет ќе го допре топчето. Силното викање за момент беше единствен звук на стадионот, а потоа топчето директно ја погодуваше мрежата. Или топчето леташе долго, со намера да падне внатре во основната линија, но наместо тоа слетуваше 30 сантиметри, а илјадници луѓе во ист момент се згрчуваа. „Во ред е, Рафа, ајде“. Синтија Купер вели: „Повеќепати сме го гледале овој филм. Џон Вејн никогаш не умира на крајот од филмот. Меѓутоа, овој пат ја нема коњаницата!“
Надал на 21 година претрпе тендинитис на двете колена (воспаление на тетивите). Холандскиот тренер Свен Гроневелд пред две години зборуваше за сериозноста на повредата, велејќи дека досега не видел некој толку млад играч да се здобие со такви повреди. „Тоа е навистина единствен случај. За него е доволно тешко што не може да ја брани титулата. Сепак, мислам дека душата го боли, исто како што го болат колената“, изјави Гроневелд пред речиси две години кога Надал мораше да го откаже настапот на „Вимблдон“.
Кога луѓето зборуваа дека се загрижени за нивото на кое тој го користи своето тело, Надал велеше: „Дали тоа ме иритира? Не. Уморен сум од тоа луѓето да ми кажуваат дека не можам да продолжам да играм вака. На крајот на краиштата, тоа е она што прави да победам, загубам, сè. Не можам да контролирам како да играм. Сакам постојано да се надградувам. И најважен дел е главата“.
Надал уште од почетокот против Ферер изгледаше како да му се претешки нозете и дека не е во добра кондиција, а луѓето кои ја познаваа неговата игра беа неверојатно збунети додека го очекуваа препознатливото шоу. Не го добија. Надал расплакан ја напушти арената „Род Лејвер“. На еден турнир пред неколку години кога менаџерот на Рафаел, Карлос Коста, побарал од Тони Надал да го замоли Рафаел да престане да јаде чоколадни кроасани, на кои лакомо им се нафрлал пред мечот, Тони го погледнал Коста и му рекол: „Не. Остави го, нека го боли стомакот. Утре ќе знае дека не треба да го прави тоа“, рекол Тони.
Од денешен аспект, секое наредно утро буди нови прашалници околу здравјето на Надал. Може ли младиот Шпанец да продолжи во ритам на платен убиец на тениските терени? Може ли повторно да биде задоволен од нивото на својата игра? Кога е задоволен на лицето му се гледа насмевка што ја прави со половина уста, како штотуку срамежливо да почнува да сфаќа колку добро се чувствува, нешто како на Харисон Форд во младоста. Ќе го препознаеме моментот.
Секоја чест за Златко Андоновски, спортски новинар од Канал 5... Секоја чест
Едит: Оние кои го имаа каналот „До“ или како што е правилно "Do", нека гледаат утре, околу 13 00 часот, најавија документарец за Роџер...