Аustralian Open 2011

Статус
Затворена за нови мислења.
Кој црни факти бе, не се бламирај само, знаеш што значи факт? Каде си го видел ти Џоковиќ надвор од терените дивјачки да се однесува, да не беше на излазак у Белград со него?... ебати тоа смрдените фанови на уште посмрдениот тенисер со најсмрдени прсти у цел свет... Тоа што пцуе, вика, крши рекети (што беше порано, а го нема веќе кај него) е само до темпераментноста и емотивноста кај човекот, секој човек е посебен и секој човек на различен начин ги доживува емоциите... боље да скрши еден рекет па да му мине гневот, одколку да плаче како дете во градинка, а во ист момент да го гледаат милиони луѓе, лиглевци и Педерер и Надал

Ебати тоа фановите, да неможат еден пораз да поднесат, изгубил, изгубил не го тупите и не наоѓајте кривици во друг... изгуби Надал, и ај сега ќе ги мериме на кој му е поголем, или кој имал појак бицепс или титули... колку има-толку, не е Ноле крив што игра тенис во ерата на најдобриот на сите времиња (тоа и сам го има изјавено), ама на 90% од Гренд-слемите (од како е на врвот на АТП ранкингот) иде најмалку до полу-финале и со брилијантна игра како оваа денеска некогаш иде и во Финале, како местата во Финалињата да се загарантирани само за нив двајца, ако е така нека не се игра турнирот, едно финале и кој е подобар нека победи, ебати логиката што ја имате...

Што сакаш ти да изјави? "Дојдов на овој турнир за да загубам", така? Дај молим те мисли со таа глава... па нормално дека ќе дојде на турнирот со цел да победи, да мисли само во победата, да пружи максимум, да даде се од себе и да го изигра најдобриот тенис... е сега колку ќе успее, тоа е друго, битно секогаш треба оптимизам...

Не бил човек за големи постигнувања... па што читам јас? Па 5 години по ред е во најдобрите три тенисери во Светот константно (на моменти и втор), еден куп освоени АТП и Мастерс турнири, има неколку финалиња на Гренд Слем турнири, многу повеќе полуфиналиња, Бронзен медал на ОИ, Светски првак со Репрезентацијата и ред други награди...

Само толку, за жал... Штета што никогаш во својот живот нема да биде прв...
 
Само толку, за жал... Штета што никогаш во својот живот нема да биде прв...

Епа чим знаеш и имаш визија за иднината, дај одговори ми на неколку битни прашања... може?
 
Само толку, за жал... Штета што никогаш во својот живот нема да биде прв...[/QUOTE]

Ти бе што си толку сигурен да не си ко на Штефи Граф фан па го оштриш ножот сега...
Незнам што сереш тука цело време сите сакаме да гледаме добар тенис па кој е подобар нека победи никој не се сомнева дека Надал и Федерер се машини и секоја чест за се што имаат постигнато и што се уште ќе постигнат ама баш ми е мило што сега се има поголема конкуренција и е поинтересно...
За Надал некако се случајно пред аустралиан опен се повредува многу ми е сомнителна таа работа...
едноставно не му одговара подлогата проба виде не оди и си изигра поштено до крај зашто знаеше дека не е доволно добар да игра против федерер или новак... За на земја е бог никогаш не е повреден за на френч опен и е три каласи пред сите на таа подлога.....
 
Јас никогаш не сум плукал по Роџер, Рафа или било кој друг кога Ноле претрпи пораз, иако тука многу често се препуцаваме меѓусебе многу ги почитувам. Ама ете има некои што неможат да признаат пораз, што да се прави.

Инаку Ноле рече дека има идеја како би играл и против двајцата, јас велам нека оди на Мареј и да докаже дека победата над Федерер не беше случајност.
 
Mile Red Devil е Ч*****...досаден си веќе ко пролив со смрдливите прсти и лажна повреда. Ај да ти признаам јас, пошто вака со Телефонскио Број ќе го тупите цел живот...НАЈБОЉИ Е И ПОВРЕДЕН БЕШЕ(дека сум искрен можете со Тел.Број по еднаш:pusk:):tv:

Јак меч помеѓу Феррер и Мареј, моментално е 6-4 6-7 1-1...
 
Да го земеше Ферер вториот сет имаше големи шанси за победа,а и имаше и брејк топки,но вака Мареј е пред финалето.
 
По првиот земен сет на Ферер одма се уклучив во поход :)

untitl1296218205.
 
Џокович Мареј финале.Нека им е честито и на двајцата.
За коментарите погоре...на тие што не им е јасно најдобриот во светот на листата се бележи со број 1.Толку и поздрав до сите
 
Mile Red Devil е Ч*****...досаден си веќе ко пролив со смрдливите прсти и лажна повреда. Ај да ти признаам јас, пошто вака со Телефонскио Број ќе го тупите цел живот...НАЈБОЉИ Е И ПОВРЕДЕН БЕШЕ(дека сум искрен можете со Тел.Број по еднаш:pusk:):tv:

Јак меч помеѓу Феррер и Мареј, моментално е 6-4 6-7 1-1...

И вие сте досадни со тоа како бил повреден и преморен и дека тоа било причината за поразот (а не е така) и што сега? Ова моето дека му смрдат прстите барем е точно и цел свет го гледа и знае :tv:

А, бидејќи во Недела место твојот идол ќе игра мојот, од мака наместо да ги грицкаш ноктите земи си перниче да си ставиш под колената и на :pusk:
 
Последен пат опоменувам!
Доста со такви расправии, преку сичко отидовте веќе.
Ќе има санкции.
 
Многу тромо, дефокусирано и безволно делуваше денес Ферер. Мислиш пред 2 дена одиграл меч со Надал од 5 часа и како цел свет да му тежеше. Само првиот сет не го гледав и не ми е јасно како го има добиено. Мареј во добро светло се прикажа, но беспотребно форсираше во одредени ситуации и 2 сета однесе во тај брејк, а можеше и со помалце гемови да ги реши .. Да имаше подобар противник од спротива, ќе си ја скапеше сам главата Енди.

Сума сумарум, во недела не очекува доста изедначено финале, во кое и двајцата тенисери ќе влезат речиси со иста минутажа помината на терен и некој голем замор не би требало да има ниту кај двајцата.
 
Уште еден интересен меч на турниров,на крај Мареј со победа,која со пресвртот во вториот и поагресивниот пристап во третиот сет, ја заслужи потполно,иако немаше да биде изненадување и Ферер да тепаше.Може да жали Ферер што со предност од 1-0 во сетови,имаше одлична можност и сет топка која не ја реализира во вториот сет,која му гарантираше понатамошен рутиниран за него тек на мечот,па оттука се тргна удолу за шпанецот.Мареј почна слабо,со катастрофален прв сервис,со премногу неизнудени грешки,со преизразена дефанзивна игра која иако му е карактеристика,Ферер лесно ја читаше.Сепак шкотланѓенецот се поправи во вистинско време,си ја почна неговата игра,со одличен сервис,повеќе феноменални дроп-шот удари и бекхенди,со која го уби моралот кај Ферер,кој можеше да се врати во последниот четврти сет,но сепак му избега и таа можност.
Како и да е,одлично финале е на повидок,Мареј е во низа од две финалиња по ред на турниров,секако може и тоа да му биде предност,иако во дуел со искусен играч ко Ноле и не мора да значи.Ноле се надева оти ќе го прекине долгиот пост во освојување на гренд-слем трофеи,секако оти и опасно им се приближува на двајцата најдобри тенисери според АТП ранкингот,сепак за мене,верувам и за другите неутрални фанови најбитно е во недела да гледаме квалитетна и беспоштедна битка меѓу двајца врвни тенисери,какви што несомено се Џокович и Мареј.
 
И вие сте досадни со тоа како бил повреден и преморен и дека тоа било причината за поразот (а не е така) и што сега? Ова моето дека му смрдат прстите барем е точно и цел свет го гледа и знае :tv:

А, бидејќи во Недела место твојот идол ќе игра мојот, од мака наместо да ги грицкаш ноктите земи си перниче да си ставиш под колената и на :pusk:

Нее, за Мареј ќе се во Недела, ќе им игра идолот :tv:
 
Епа чим знаеш и имаш визија за иднината, дај одговори ми на неколку битни прашања... може?

Не мора да имаш визија, за да знаеш дека човек кој е две го три години на второто или третото место во ВТА ранкингот, и кој стагнира со развојот, и тапка во место, не е тешко да знаеш дека нема да го освои никогаш светот... Стандардно, игра добро на АО, несомнено, бидејќи и ЕДИНСТВЕНАТА титула му е тука.... Погледнете ги резултатите на Вимболдон и Роланд, и доволно е.... Млад е !? Хммм, млад е точно, но, веќе 4 години игра на турнири и не гледам дека го има „тоа“ нештото.. Но, и да не се лажеме, покрај Надал, во полна форма, ниту Роџ немаше лек, а камоли пак еден Ноле... И да потсетиме, Ноле и Рафа се една година разлика, односно Ноле е една година помлад..

--- надополнето ---

Само толку, за жал... Штета што никогаш во својот живот нема да биде прв...[/QUOTE]

Ти бе што си толку сигурен да не си ко на Штефи Граф фан па го оштриш ножот сега...
Незнам што сереш тука цело време сите сакаме да гледаме добар тенис па кој е подобар нека победи никој не се сомнева дека Надал и Федерер се машини и секоја чест за се што имаат постигнато и што се уште ќе постигнат ама баш ми е мило што сега се има поголема конкуренција и е поинтересно...
За Надал некако се случајно пред аустралиан опен се повредува многу ми е сомнителна таа работа...
едноставно не му одговара подлогата проба виде не оди и си изигра поштено до крај зашто знаеше дека не е доволно добар да игра против федерер или новак... За на земја е бог никогаш не е повреден за на френч опен и е три каласи пред сите на таа подлога.....

Не знам како гледаш на работите, првиот го победи на „негова подлога“ и тоа во врвот на неговата кариера, со финале за памтење, а другиов пак, го победи на иста подлога, пред неполни 3 месеци, па сега не знам за каква „класа“ зборуваш.. Ако можиш, да ми објасниш, или дај ми факт, аргумент, за да можам да те разберам ?

Уште една твоја неинформираност, за жал... Токму таа „повреда“ која го оддалечи година дена од тенисот, го оддалечи и од рекордна 5 титула по ред... Но, добро е

--- надополнето ---

Многу тромо, дефокусирано и безволно делуваше денес Ферер. Мислиш пред 2 дена одиграл меч со Надал од 5 часа и како цел свет да му тежеше. Само првиот сет не го гледав и не ми е јасно како го има добиено. Мареј во добро светло се прикажа, но беспотребно форсираше во одредени ситуации и 2 сета однесе во тај брејк, а можеше и со помалце гемови да ги реши .. Да имаше подобар противник од спротива, ќе си ја скапеше сам главата Енди.

Сума сумарум, во недела не очекува доста изедначено финале, во кое и двајцата тенисери ќе влезат речиси со иста минутажа помината на терен и некој голем замор не би требало да има ниту кај двајцата.

Да ? Не го гледав мечот, но бев убеден дека ке го освои овој турнир, бидејќи бил доста надмокен над еден тенисер, во предходните рунди... Но, ете, класата на Ферер, падна во вода... Штета.. А имаше толку титули човекот :pos2:


И да, очекувам добро финале за очи, пред се мегу Ноле и Енди... Јас би, играл за Ноле, чисто од љубов кон националноста и народот....

--- надополнето ---

Колумна за Рафа: (Вреди да се прочита) >

Надал загуби на Отвореното првенство на Австралија. Тој загуби скандалозно, неочекувано, пред да стигне до полуфиналето. Колената можеби беа, а можеби и не фактор за поразот. Надал не сакаше за поразите да се правда со повреда, но во секој случај не успеа да ги освои четирите грен-слем титули во низа и да стане првиот тенисер по Род Лејвер во 1969 година кому му успеало тоа. На претходните седум дуели Надал сосем го збриша Ферер и луѓето или со восхит го гледаа или ги криеја очите, како да се сведоци на ужасна сообраќајна несреќа.

Надал имаше ужасен меч. Се обидуваше да изведе еден од неговите стравотни форхенди, удирајќи со целата рака толку брзо и движејќи ги зглобовите толку течно што личеше на дебело јаже што замавнува и фучи и извикуваше секогаш кога неговиот рекет ќе го допре топчето. Силното викање за момент беше единствен звук на стадионот, а потоа топчето директно ја погодуваше мрежата. Или топчето леташе долго, со намера да падне внатре во основната линија, но наместо тоа слетуваше 30 сантиметри, а илјадници луѓе во ист момент се згрчуваа. „Во ред е, Рафа, ајде“. Синтија Купер вели: „Повеќепати сме го гледале овој филм. Џон Вејн никогаш не умира на крајот од филмот. Меѓутоа, овој пат ја нема коњаницата!“

Надал на 21 година претрпе тендинитис на двете колена (воспаление на тетивите). Холандскиот тренер Свен Гроневелд пред две години зборуваше за сериозноста на повредата, велејќи дека досега не видел некој толку млад играч да се здобие со такви повреди. „Тоа е навистина единствен случај. За него е доволно тешко што не може да ја брани титулата. Сепак, мислам дека душата го боли, исто како што го болат колената“, изјави Гроневелд пред речиси две години кога Надал мораше да го откаже настапот на „Вимблдон“.

Кога луѓето зборуваа дека се загрижени за нивото на кое тој го користи своето тело, Надал велеше: „Дали тоа ме иритира? Не. Уморен сум од тоа луѓето да ми кажуваат дека не можам да продолжам да играм вака. На крајот на краиштата, тоа е она што прави да победам, загубам, сè. Не можам да контролирам како да играм. Сакам постојано да се надградувам. И најважен дел е главата“.

Надал уште од почетокот против Ферер изгледаше како да му се претешки нозете и дека не е во добра кондиција, а луѓето кои ја познаваа неговата игра беа неверојатно збунети додека го очекуваа препознатливото шоу. Не го добија. Надал расплакан ја напушти арената „Род Лејвер“. На еден турнир пред неколку години кога менаџерот на Рафаел, Карлос Коста, побарал од Тони Надал да го замоли Рафаел да престане да јаде чоколадни кроасани, на кои лакомо им се нафрлал пред мечот, Тони го погледнал Коста и му рекол: „Не. Остави го, нека го боли стомакот. Утре ќе знае дека не треба да го прави тоа“, рекол Тони.

Од денешен аспект, секое наредно утро буди нови прашалници околу здравјето на Надал. Може ли младиот Шпанец да продолжи во ритам на платен убиец на тениските терени? Може ли повторно да биде задоволен од нивото на својата игра? Кога е задоволен на лицето му се гледа насмевка што ја прави со половина уста, како штотуку срамежливо да почнува да сфаќа колку добро се чувствува, нешто како на Харисон Форд во младоста. Ќе го препознаеме моментот.


Секоја чест за Златко Андоновски, спортски новинар од Канал 5... Секоја чест

Едит: Оние кои го имаа каналот „До“ или како што е правилно "Do", нека гледаат утре, околу 13 00 часот, најавија документарец за Роџер...
 
Браво за ЛИ ме изненади пријатно.Нека продолжи вака и во вториот и she's the champion....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom