Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Според мене, Мареј го игра најдобриот тенис во својата кариера моментално.Мареј има нов тренер Лендл, и од кога соработуваат ова е 1 дуел со некој од големата четворка, така да не се знае со каква тактика ќе излезе Мареј.
Јас навивам за Мареј и се надевам на 1 Гренд Слем титула.
Иначе Новак е нешто настинат, носот му течел и затоа имал проблеми со дишењето на мечот со Ферер.
Уште во првиот пост на оваа тема реков дека ниедна од тие што се во анкета нема да освои титула.Експертот за тенис кој ја отвори темата не успеа од четири обиди да погоди ниту еден од женските финалистки...
![]()
Роџер Федерер, Дел Потро, Мареј, Џоковиќ ќе бидат меѓу најголемите конкуренти.
Не верувам дека Надал би можел да помине четврт-финале, освен ако не му се погоди ептен ждрепката.
Типувам и се надевам на финале Федерер - Џоковиќ.
^ Надал го нема ни како изненадувањеСпоред мене Новак е најголем фаворит. После него се Федерер и Мареј , а играчи од кои очекувам изненадување: Бердих , Цонга , Монфилс , Дел Потро.
Рафа ќе го игра финалето. Ама дали е во форма да го освои, останува да видиме.![]()
Рафа се враќа од овој турнир, гарантирам финале ќе игра.
Инаку малце незгоден со термините ама отсекогаш омилен ми бил АО.
^ За ова последново чекаме резултати од послдните два мечаОчекувам Ноле да ја одбрани ланската титула, а во финале да му одржи уште една лекција на Рафа.
Ма што сакате зборете, Надал денес земаше толку убави поени кои ме потсетија на најубавите негови игри. Е сега натпреварот започна како Надал против Роже, ама потоа се префрли на Мрежата против Роже. Како успеа толку пати да ја погоди, дури и јас почнав да се фрустрирам
Засега добро стојам со прогнозиве, на почетокот на првенствово кажав дека очекувам Рафа да игра финале, ама не сум сигурна дали има се што е потребно да го добие. Ќе видиме како ќе одат работите со Мареј, да не излезе да направи изненадување против Новак![]()
Ќе ги видиме стравот...напротив сакам едно вистниско финале со Ноле, денеска имаше поени што ме потсетија на стариот Рафа така да може да наебе гавранот.
Никогаш нема да може Надал да го победи овој Џокович (во формата од последнава година) лесно, значи никогаш. Дури и да ја премине менталната бариера, самата игра не му одговара, така да и да го тепа ќе биде многу тесно.
За жал, единствена шанса Надал да го освои турнирот е Мареј да се повампири и да го добие Новак. Во спротивно, на Рафа стравот в коски му е влезен од Џокович, повторно лесно ќе изгуби...