Australian Open, 11.01.2012 - 29.01.2012

Кој ќе биде годинешниот шампион на Australian Open, 2012 ?

  • Новак Џоковиќ

    Гласови: 24 40,7%
  • Рафаел Надал

    Гласови: 14 23,7%
  • Роџер Федерер

    Гласови: 18 30,5%
  • Енди Мареј

    Гласови: 3 5,1%
  • Серена Вилијамс

    Гласови: 3 5,1%
  • Ким Клајстерс

    Гласови: 5 8,5%
  • Ли На

    Гласови: 1 1,7%
  • Каролина Возниацки

    Гласови: 9 15,3%

  • Вкупно гласачи
    59
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Експертот за тенис кој ја отвори темата не успеа од четири обиди да погоди ниту еден од женските финалистки...

:D
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ма што сакате зборете, Надал денес земаше толку убави поени кои ме потсетија на најубавите негови игри. Е сега натпреварот започна како Надал против Роже, ама потоа се префрли на Мрежата против Роже. Како успеа толку пати да ја погоди, дури и јас почнав да се фрустрирам:icon_lol:
Засега добро стојам со прогнозиве, на почетокот на првенствово кажав дека очекувам Рафа да игра финале, ама не сум сигурна дали има се што е потребно да го добие. Ќе видиме како ќе одат работите со Мареј, да не излезе да направи изненадување против Новак :icon_mrgr:
 
С

сашенко

Гостин
Може да направи изненадување Мареј, верувам во тоа.Ама шансите тоа изненадување да биде појавување во танга и прслук од викторија сикрет се поголеми отколку изненадување со победа над Новак.Just sayin :D
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Мареј има нов тренер Лендл, и од кога соработуваат ова е 1 дуел со некој од големата четворка, така да не се знае со каква тактика ќе излезе Мареј.
Јас навивам за Мареј и се надевам на 1 Гренд Слем титула.
Иначе Новак е нешто настинат, носот му течел и затоа имал проблеми со дишењето на мечот со Ферер.
Според мене, Мареј го игра најдобриот тенис во својата кариера моментално.
Игра многу офанзивно и агресивно и Ноле ќе треба да се испоти и изнапцуе пред да го победи.
Но, Ноле ни има докажано дека игра најдобро кога најмногу се очекува од него и Мареј ни има докажано дека на гренд слемови има ментален склоп на 10 годишно разгалено дете.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Уверен сум дека Мареј ќе му го земе првиот сет на Ноле, но нема шанси да изржи до крај.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.925
Поени од реакции
16.209
Експертот за тенис кој ја отвори темата не успеа од четири обиди да погоди ниту еден од женските финалистки...

:D
Уште во првиот пост на оваа тема реков дека ниедна од тие што се во анкета нема да освои титула.:noze:
И во првата четворка секој може да победи секого.. не би ме чудело и утре тоа да се случи.
Јас пред дуелот помеѓу Федерер и Надал, бев уверен дека Федерер ќе го смети теренот со Надал и ништо повеќе од еден сет нема да освои Шпанецот, ама испадна обратно.
 
С

сашенко

Гостин
Кога сме веќе кај експертите за погодување :pos: си имам и јас неколку фаворити од прогнозерите за овој Аустралиа Опен

Роџер Федерер, Дел Потро, Мареј, Џоковиќ ќе бидат меѓу најголемите конкуренти.
Не верувам дека Надал би можел да помине четврт-финале, освен ако не му се погоди ептен ждрепката.
Типувам и се надевам на финале Федерер - Џоковиќ.
Според мене Новак е најголем фаворит. После него се Федерер и Мареј , а играчи од кои очекувам изненадување: Бердих , Цонга , Монфилс , Дел Потро.
^ Надал го нема ни како изненадување :pos:

И секако, оние поточните предвидувања

Рафа ќе го игра финалето. Ама дали е во форма да го освои, останува да видиме.;)
Рафа се враќа од овој турнир, гарантирам финале ќе игра.
Инаку малце незгоден со термините ама отсекогаш омилен ми бил АО.
Очекувам Ноле да ја одбрани ланската титула, а во финале да му одржи уште една лекција на Рафа :D.
^ За ова последново чекаме резултати од послдните два меча:icon_mrgr:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ма што сакате зборете, Надал денес земаше толку убави поени кои ме потсетија на најубавите негови игри. Е сега натпреварот започна како Надал против Роже, ама потоа се префрли на Мрежата против Роже. Како успеа толку пати да ја погоди, дури и јас почнав да се фрустрирам:icon_lol:
Засега добро стојам со прогнозиве, на почетокот на првенствово кажав дека очекувам Рафа да игра финале, ама не сум сигурна дали има се што е потребно да го добие. Ќе видиме како ќе одат работите со Мареј, да не излезе да направи изненадување против Новак :icon_mrgr:
За жал, единствена шанса Надал да го освои турнирот е Мареј да се повампири и да го добие Новак. Во спротивно, на Рафа стравот в коски му е влезен од Џокович, повторно лесно ќе изгуби...
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Ќе ги видиме стравот...напротив сакам едно вистниско финале со Ноле, денеска имаше поени што ме потсетија на стариот Рафа така да може да наебе гавранот.
 
С

сашенко

Гостин
Ќе ги видиме стравот...напротив сакам едно вистниско финале со Ноле, денеска имаше поени што ме потсетија на стариот Рафа така да може да наебе гавранот.
Од денешниот меч тоа што ме радува (освен победата :icon_mrgr:) е менталитетот на Надал.Успеа да испадне победник во сите ситуации каде беше потребна ментална стабилност и упорност.Ама знаеме дека има предност тука во однос на Роџер во нивните меѓусебни дуели.Но сепак, тоа што го видов денес ме радува и мислам дека тоа е она што треба да биде главно оружје против Новак во недела.Единственото нешто што му фали во мечевите против србинот е вербата во победа.Денес играше со самодоверба и видовме што се случи.Успеа да сопре еден одличен Федерер.Новак не е непобедлив на теренот.Новак е непобедлив само во мислите на Надал.Ако успеал таму да го победи, ќе може лесно да го среди на теренот.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Никогаш нема да може Надал да го победи овој Џокович (во формата од последнава година) лесно, значи никогаш. Дури и да ја премине менталната бариера, самата игра не му одговара, така да и да го тепа ќе биде многу тесно.
 

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Надал воопшто не се плаши од Ноле, и лани не ги губеше мечевите поради страв туку пораи тоа што Ноле играше подобар тенис. Е сега Надал игра како во најдобрите денови и со кој и да игра во финалето ќе биде супер меч за гледање. Мареј иако го сменил тренерот мислам дека неможе против Ноле, бидејќи како и секогаш Мареј во клучните моменти коа треба да стисне заби он попушта. Таков е син на мајка, мекуш. Како и да е, утре и у недела ќе има квалитетни мечеви.
 
С

сашенко

Гостин
Никогаш нема да може Надал да го победи овој Џокович (во формата од последнава година) лесно, значи никогаш. Дури и да ја премине менталната бариера, самата игра не му одговара, така да и да го тепа ќе биде многу тесно.
Да, ама таа форма нема да трае вечно.Формата е пролазна а и поразите ке си го направат своето.Таа самодоверба нема да трае вечно исто, кога тогаш ке изгуби.Долга е сезонава, не верувам дека ке успее да одбрани над 60% од тоа што го освои лани па како сака нека игра.Преголем замор е и ќе му направи проблеми тоа сигурен сум.Ама и во оваа форма бе..зошто да биде тесно? Целава работа околу одличново играње на Новак е самодовербата.Надал неколку пати беше блиску до победа минатата година против Новак(играјки со истава самодоверба) и единственото нешто поради кое Надал се мачеше и губеше е тоа што тој немаше самодоверба и грешеше многу.Надал има против игра на оваа на Новак ама премногу грешки прави во мечевите со него.Ако Надал успее да ја премине менталната бариера тогаш Новак ќе добие вистински предизвик годинва.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Надал СЕ плаши од Ноле - факт !!!

Тоа му е главниот проблем. Секако дека лани и Новак беше у појака форма, но главниот проблем на Надал му е у главата и притисокот кој е врз него.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
За жал, единствена шанса Надал да го освои турнирот е Мареј да се повампири и да го добие Новак. Во спротивно, на Рафа стравот в коски му е влезен од Џокович, повторно лесно ќе изгуби...
Навистина не знам што и кој го чека Надал во финале, меѓутоа овие изјави тука што ги читам малтене ми делуваат и по малку смешно. Нити е Новак непобедлив, нити е Надал од вчера. Очекувам Новак ( под услов да оди во финале) да биде во блага ментална предност, меѓутоа она што ќе го прикажат на терен во недела ќе каже се. Би било фино Надал да започне со победа на овој турнир, но и да не се случи тоа, сезоната е долга, а според она што го видов на овој турнир, големата четворка ќе брилјира оваа година, што значи секој љубител на тенисот ќе гледа убава игра.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom