Според мене, Мареј го игра најдобриот тенис во својата кариера моментално.Мареј има нов тренер Лендл, и од кога соработуваат ова е 1 дуел со некој од големата четворка, така да не се знае со каква тактика ќе излезе Мареј.
Јас навивам за Мареј и се надевам на 1 Гренд Слем титула.
Иначе Новак е нешто настинат, носот му течел и затоа имал проблеми со дишењето на мечот со Ферер.
Уште во првиот пост на оваа тема реков дека ниедна од тие што се во анкета нема да освои титула.Експертот за тенис кој ја отвори темата не успеа од четири обиди да погоди ниту еден од женските финалистки...
Роџер Федерер, Дел Потро, Мареј, Џоковиќ ќе бидат меѓу најголемите конкуренти.
Не верувам дека Надал би можел да помине четврт-финале, освен ако не му се погоди ептен ждрепката.
Типувам и се надевам на финале Федерер - Џоковиќ.
^ Надал го нема ни како изненадувањеСпоред мене Новак е најголем фаворит. После него се Федерер и Мареј , а играчи од кои очекувам изненадување: Бердих , Цонга , Монфилс , Дел Потро.
Рафа ќе го игра финалето. Ама дали е во форма да го освои, останува да видиме.
Рафа се враќа од овој турнир, гарантирам финале ќе игра.
Инаку малце незгоден со термините ама отсекогаш омилен ми бил АО.
^ За ова последново чекаме резултати од послдните два мечаОчекувам Ноле да ја одбрани ланската титула, а во финале да му одржи уште една лекција на Рафа .
За жал, единствена шанса Надал да го освои турнирот е Мареј да се повампири и да го добие Новак. Во спротивно, на Рафа стравот в коски му е влезен од Џокович, повторно лесно ќе изгуби...Ма што сакате зборете, Надал денес земаше толку убави поени кои ме потсетија на најубавите негови игри. Е сега натпреварот започна како Надал против Роже, ама потоа се префрли на Мрежата против Роже. Како успеа толку пати да ја погоди, дури и јас почнав да се фрустрирам
Засега добро стојам со прогнозиве, на почетокот на првенствово кажав дека очекувам Рафа да игра финале, ама не сум сигурна дали има се што е потребно да го добие. Ќе видиме како ќе одат работите со Мареј, да не излезе да направи изненадување против Новак
Од денешниот меч тоа што ме радува (освен победата ) е менталитетот на Надал.Успеа да испадне победник во сите ситуации каде беше потребна ментална стабилност и упорност.Ама знаеме дека има предност тука во однос на Роџер во нивните меѓусебни дуели.Но сепак, тоа што го видов денес ме радува и мислам дека тоа е она што треба да биде главно оружје против Новак во недела.Единственото нешто што му фали во мечевите против србинот е вербата во победа.Денес играше со самодоверба и видовме што се случи.Успеа да сопре еден одличен Федерер.Новак не е непобедлив на теренот.Новак е непобедлив само во мислите на Надал.Ако успеал таму да го победи, ќе може лесно да го среди на теренот.Ќе ги видиме стравот...напротив сакам едно вистниско финале со Ноле, денеска имаше поени што ме потсетија на стариот Рафа така да може да наебе гавранот.
Да, ама таа форма нема да трае вечно.Формата е пролазна а и поразите ке си го направат своето.Таа самодоверба нема да трае вечно исто, кога тогаш ке изгуби.Долга е сезонава, не верувам дека ке успее да одбрани над 60% од тоа што го освои лани па како сака нека игра.Преголем замор е и ќе му направи проблеми тоа сигурен сум.Ама и во оваа форма бе..зошто да биде тесно? Целава работа околу одличново играње на Новак е самодовербата.Надал неколку пати беше блиску до победа минатата година против Новак(играјки со истава самодоверба) и единственото нешто поради кое Надал се мачеше и губеше е тоа што тој немаше самодоверба и грешеше многу.Надал има против игра на оваа на Новак ама премногу грешки прави во мечевите со него.Ако Надал успее да ја премине менталната бариера тогаш Новак ќе добие вистински предизвик годинва.Никогаш нема да може Надал да го победи овој Џокович (во формата од последнава година) лесно, значи никогаш. Дури и да ја премине менталната бариера, самата игра не му одговара, така да и да го тепа ќе биде многу тесно.
Навистина не знам што и кој го чека Надал во финале, меѓутоа овие изјави тука што ги читам малтене ми делуваат и по малку смешно. Нити е Новак непобедлив, нити е Надал од вчера. Очекувам Новак ( под услов да оди во финале) да биде во блага ментална предност, меѓутоа она што ќе го прикажат на терен во недела ќе каже се. Би било фино Надал да започне со победа на овој турнир, но и да не се случи тоа, сезоната е долга, а според она што го видов на овој турнир, големата четворка ќе брилјира оваа година, што значи секој љубител на тенисот ќе гледа убава игра.За жал, единствена шанса Надал да го освои турнирот е Мареј да се повампири и да го добие Новак. Во спротивно, на Рафа стравот в коски му е влезен од Џокович, повторно лесно ќе изгуби...