Aurora Resort & Spa

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.503
Едно од најубавите места за одмор :)
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Тие не се нормални со цените бе ептен се прецениле, со тие пари дупло повеќе денови во Банско ќе поминам или на друга поатрактивна локација. Катастрофа!
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Аурора Ресорт и Спа, место каде се ужива со сите сетила
15/08/2013




Желни сте за малку мир, спокојство, свеж воздух? Тогаш Аурора Ресорт и Спа е вистинското место за вас. Сместен во срцето на Малешевијата, на брегот на Беровското езеро, ресортот со пет ѕвездичи нуди задоволство на сите сетила. Ресортот, направен по светски еко стандарди, од вулкански камен стар три милиони години и од дрво, одлично се вклопува во природата која плени со своето раскошно зеленило. На 1.100 метри надморска висина, комплексот составен од луксузни куќички со капацитет од 120 гости е одличен избор за бегство од градската врева и дневната рутина.





Има и многу добра причина зошто да го изберете токму Берово за бегство од асфалтирната џунгла. Берово е град со највисока концентрација на кислород на Балканот, а над Беровското езеро минува еден од четирите коридори во светот богати со кислород, покрај Перу, Аљаска и Северна Индија.



А кога чистиот воздух ќе се спои со традиционалната македонска кујна, тогаш не ви преостанува ништо друго освен да заборавите на се и да уживате во беровското сирење, кашкавал, беровски компир, беровски крап, клиси со праз, зелник, баница, јагне на жар, македонска салата и чашка ладна беровска ракија. Сопственикот на ресортот, Славчо Сирачевски, ни ја откри тајната зошто беровското сирење е посебно и толку вкусно. Тоа е мајчината душица, со која изобилува овој индустриски незагаден крај, со која се хранат овците.



И поради тоа што овде се во хармонија со природата, во самиот ресорт и во околината можат да се забележат поставени куќички во кои се остава храна за верверичките, кои се негови редовни посетители. Друштво на верверичките и многубројните птици им прават и пауните што шетаат по дворот, а во зима знае да дојде и по некоја срничка. Во најава е и мала зоолошка градина со домашни животни, на која најмногу ќе се радуваат најмладите.


Џип авантури и кајакарење на мирни води

Ако мислите дека одморот на планина не е толку интересен како на море или езеро, во заблуда сте. Освен отворениот Инфинити базен, во ресортот има уште еден покриен базен. Покрај луксузниот фитнес и спа центар, центарот за масажа и џакузи, ултра модерниот ресторан, ресортот има најразлични понуди за љубителите на природата и за авантуристите.





За оние што престојуваат тука, се организираат сафари џип авантури на пет различни дестинации, велосипедски тури, тенис на трева, а наскоро ќе има и терен за мини голф и коњи за јавање. Беровското езеро не го фаќа ветер за да го разбранува и затоа е идеално место за кајакарење на мирни води. Во соработка со кајакарското друштво, со професионалци, Аурора ресортот ќе стане место каде што ќе можат да се подготвуваат европските кајакари за разни натпревари. Аурора подготвува уште една новина, нешто што е сосема ново за овие простори – летање со балон.

Во ресортот секоја година се одржува сликарска колонија, но уметниците доаѓаат и индивидуално, затоа што овде секогаш имаат инспирација.



За децата има посебно игралиште, а оние што не се многу по шетањето, можат да играат билијард, пинг понг, пикадо, шах, бадминтон…

Комплексот е идеално место и за одржување тим билдинзи, конференции, презентации и секаков вид на политички и бизнис регионални и интернационални настани.



А дека Аурора Ресорт и Спа е нешто посебно, ја потврдува и првата награда што му беше доделена пред неколку месеци во Бугарија за најдобар планински СПА Ресорт на Балканот во конкуренција од осум земји. До крајот на годинава Аурора ќе добие уште едно светско признание, а тоа е The Green Hotel Award за еко хотели што ќе се доделува во Лондон.


http://bi.mk/аурора-ресорт-и-спа-место-каде-се-ужива/
--- надополнето: 21 август 2013 во 09:45 ---
http://auroraresort.mk/index.html
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Стварно добро место. Би рекол и најубаво место во Македонија.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Стварно добро место. Би рекол и најубаво место во Македонија.
Такви му се и цените од 40 евра за ноќевање па нагоре. Како и да е тоа што вреди треба и да се плати, сепак мислам дека цените се пренапумпани со оглед на тоа дека хотели со 5 ѕвездички во Австрија нудат полни пансиони за фамилија со две дечиња до 12 години по цена од 1000 Евра. Така да ако сака да работи со подобра исполнетост мислам дека овој комплекс треба да поработи на цените особено затоа што Берово сеуште не е афирмирано како туристички центар и сеуште нема некоја инфраструктура и понуда кои можат да привлечат поголем број на клиентела од секакви социјални класи.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Такви му се и цените од 40 евра за ноќевање па нагоре. Како и да е тоа што вреди треба и да се плати.

Прашав јас тогаш кога бев (пред месец дена) и мислам дека и под 40 ми кажаа цена. 35 евра мислам дека беше. Ефтино е. За такво место супер се цените.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
MARCH - DECEMBER 2013

Period I
15.FEB - 28.FEB
Period II
01.MAR - 31.MAR
01.NOV - 15.DEC
Period III
01.APR - 31.APR
07.MAY - 31.JUN
01.SEP - 31.OCT
Period IV
01.MAY - 06.MAY
01.JUL - 31.AUG


PER PERSON IN DOUBLE ROOM
SUPERIOR
DBL or TWIN Bed + SGL Sofa Bed

Per.I Per.II Per.III Per.IV
28,00 € 32,00 € 34,00 € 38,00 €


Room type DE LUXE
DBL or TWIN Bed+ DBL Sofa Bed
PERIODS (2013) Period I Period II Period III Period IV

PER PERSON IN DOUBLE ROOM

32,00 € 36,00 € 38,00 € 43,00 €


Room type JUNIOR SUTE (DE LUXE PLUS)
DBL Bed + DBL G-Type Sofa Bed
PER PERSON IN DOUBLE ROOM

35,00 € 39,00 € 42,00 € 46,00 €


Room type APPPARTMENT
2 rooms:DBL Bedroom + DBL Sofa Bed living Room, 1 toilet
PERIODS (2013)
PER PERSON IN DOUBLE ROOM

42,00 € 48,00 € 52,00 € 58,00 €


VILLA APPARTMENT
2 FLOORS, 2 BEDROOMS (1DBL & 1TWIN), 1 LIVING ROOM (DBL Sofa Bed), 2 TOILETS, KITCHENNETE OR WORKING ROOM
PERIODS (2013) Period I Period II Period III Period IV

PER ROOM 126,00 € 144,00 € 153,00 € 171,00 €
*** MAX. 5ADL / 4ADL + 1 CHD (0-11,99)


*** PROMOTION ***
Discount Name From To Valid Day Include Room Categories Market
Bonus Night Promotion 1 Mar 2013 31 Oct 2013 Daily Breakfast Superior, Deluxe, Junior Suite, Appartment, Villa Europe
Descriptions :Stay 8 pay 7 nights, 1night FOC for every next 2 nights (8=7+1, 9=8+1, 10=8+2, 11=9+2, 12=9+3, 14=10+4 ...)
Remark : Breakfast Included on free night, other meals will be charged regularly. 0.68EUR per night will be charged for free nights.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Такви му се и цените од 40 евра за ноќевање па нагоре. Како и да е тоа што вреди треба и да се плати, сепак мислам дека цените се пренапумпани со оглед на тоа дека хотели со 5 ѕвездички во Австрија нудат полни пансиони за фамилија со две дечиња до 12 години по цена од 1000 Евра. Така да ако сака да работи со подобра исполнетост мислам дека овој комплекс треба да поработи на цените особено затоа што Берово сеуште не е афирмирано како туристички центар и сеуште нема некоја инфраструктура и понуда кои можат да привлечат поголем број на клиентела од секакви социјални класи.
А што као нема доволна исполнетост?
 
Член од
2 февруари 2011
Мислења
65
Поени од реакции
15
Некој попресно да бил тука да каже со цените како идат ?
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Како што читам цените во Аурора се изгор ... :ROFLMAO:
Знае ли некој да постира линк или да напише број од мала куќа во Берово каде што се издаваат соби и отприлика како се цените.
Поздрав
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.503
Како што читам цените во Аурора се изгор ... :ROFLMAO:
Знае ли некој да постира линк или да напише број од мала куќа во Берово каде што се издаваат соби и отприлика како се цените.
Поздрав
Имаш многу огласи на Реклама5 и Пазар 3 каде што издаваат соби. Еве ти понуди :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom