Проблемот со образованието во Македонија е обемен и не може да се опише во една тема, а камоли пост.
Во однос на 60К спроти 12К, убаво е денес некој воопшто и да најде работа.
Сите оние со дипломи гледаат најпрвин да работат она што го сакаат и за кое што учеле. Гледаат дека не можат истото да го најдат и дека и да го нашле се платени со по 10000-15000, па си бараат повеќе пари после одредено време затоа што акумулирале и искуство и биле тапкани по рамо, но сигурно не 60К.
Факултетот денес ВООПШТО не е гаранција за поголема плата исто онолку колку што немањето на диплома е гаранција дека ќе најдеш подобра работа (во случај кога на 85% од огласите за работа - било наместени или ненаместени

) се бара диплома. А, да не зборуваме за во странство. Таму, со диплома и искуство, а и докажување - на коњ си. Овде, имај и диплома и искуство и докажи се - или ќе бидеш потапкан по рамо за доброзавршената работа или некое прчле од директор ќе ти изиграва сезнајко. До вредностите е. До нас е. Не се менуваме преку ноќ.