Значи ете ќе ти кажам за во економски развиените земји, факултетот ако не е некој од нај престижните, ретко игра улога, најчесто ти треба дипломата затоа што во многу држави неможи да си инжинер или менаџер ако немаш соодветно образование(ова е законски одредено) Исто така да се докажи дека ти си упатен во некоја област ,но дипломата не покажува колку си ти квалификуван да работиш конкретна позицијa. Најчесто дипломата ти ја рачунаат како плус, односно ако немаш диплома наместо 3 години искуство ти бараат 5.
Да те прашам кажими барем 5 Fortune 500 компании каде што си бил на интервју и сте зборувале за на факултет? зборувам за senior позиција , не интершип. Само ако одиш интершип или работиш нешто научна дејност тогаш да ти треба дипломата.
Што повеќе искуство тоа подобро, во економски развиените држави се почнува со пракса/работа од 3 та година , така да кога ќе излезиш од факултет имаш диплома и две години искуство, и без проблем земаш junior позиција која е солидно платена.
Така да откако ќе поминиш на 10 тина интервјуа (Австралија мислам дека замина по тоа што те читав) ќе зборуваме потоа колку ги интересирало што си правел на факултет.
Да не зборуваме дека за да се вработиш во Fortune 500 компанија или која и да е со поголем капитал и некоја интернационална , минуваш 2-3 тестови и 3-4 интервјуа. За некои од нив ќе се спремаш повеќе отколку за дипломска.
Веќе се повторувам на погоре напишаното од FARANG
Џабе ќе те цитирам пошто не се надоврзуваш на муабетот. Ти ми збориш дека искуството е престижно така? ДА ! Еден од најголемите фактори ! Никој не рече дека тоа нечини или пак не е така.
Второ кажими ти 1 менаџер, човек од финансиска институција без факултет? Абе стварно си го земате здраво за готово. Па кој рече дека ако ти имаш факултет парите сами ќе ти доаѓаат ? Ама си има некој стандард, има причина зошто некој ќе биде во животот возач на камион а некој ќе одобрува кредити и ќе си зема плата над просечната. Факултетот е одскочна даска за успешна кариера ама не е се што ти треба за да го стигнеш врвот.
И ајде сега нека ме цитира некој и нека ми докаже, како без факултети луѓето стануваат милионери и вртат убави пари. Кој како што сака нека си верува негова работа, само неќам кога некој се жали како некој друг му бил крив што он не успеал во животот од финансиска гледна точка.
Има причина зошто постои факултетот и зошто се бараат луѓе од таму. Има причина зошто некој факултет е 30.000 долари а некој 3.000 долари. Има причина зошто компаниите го избираат најскапиот и најпрестижниот универзитет кој го има светскиот ранг од 1 до 10. Само џабе збориме кога тој што несака да учи секогаш подобра опција ќе му биде да се жали.
--- надополнето: 24 јануари 2014 во 13:04 ---
Друго е работата. Нека учат, нека имаат сонови , желби и надежи. Но нека бидат спремни дека животот е суров и дека плановите што си го кројат тука незначи и дека ке им се остварат ако не тука тогаш сигурно надвор. Нека не влегуваат во филмови дека ете сега имам диплома и или ке работам за плата таква и таква или кој му ебе матер на сите и не работам.
Никој ништо не гарантира во животот ако сам не си се потрудиш да се остварат соновите, па дури ни тогаш ништо не е сигурно. Дипломата закачена на ѕид нема сама да ги реши сите проблеми и уште помалце е гаранција дека еден ден ке успееш во животот. Се додека го сонуваат тој филм не им бега едно големо разочарување во животот.
Па фала богу, разликата од книга и реален живот е огромна. Некои луѓе ќе го искористат своето знаење во практика некои не. Затоа и си има различни плати, различни позиции.
Во глобала тоа што го збориш ти, тие што се амбициозни,имаат мотив, желба, образование, со прави потези ништо неможе да ги урне во животот. Јас на пример се зачудив и колку наши македонци вртат тешки милиони овде. Зборам плати што можат австралијанците да ги замислат овде, само за да се дојде до тоа ниво требаат сите фактори !
Дипломата како диплома не му важи ништо, пошто тој што сака повеќе да се образува ќе земе уште 1 факултет, курс, семинар, било што ! Сега во денешно време дури ни тоа не треба, се живо и диво има на интернет. Кој како ќе си го свати животот така и ќе живее, убаво видов еден пост, дури и ако дипломата не ти важи многу за кариерата самиот начин на размислување ќе ти биде друг.
--- надополнето: 24 јануари 2014 во 13:22 ---
Јас ретко гледам кој каде има завршено на кој универзитет кога запослувам луге. Побитно ми е дали човекот може да ми донесе бизнис, да ми донесе ПАРИ во бизнисот (дали ми е економски исплатлив како инвестиција), потоа дали може да ја заврши работата за која аплицирал (значи дали има соодветно искуство кое е докажано), па дали поминато професионална обука во последниве 2-3 год (значи не факс, еве на финансии сакам да има завршено ОМЕГА тренинг или нешто слично на тоа, во IT гледам денес се вреднуваат дипломи од MICROSOFT, CISCO, за сметководство да знае MYOB или некој друг софтвер на пример) и тек тогаш гледам дали има или нема завршено факс (нормално се радувам ако има завршено на ист ко мојот ).
Самиот ти ми кажа кои универзитети во Австралија највеќе се бараат и колку само имаат предност во вработувањето, во последно време од неколку нели сте примале само другите сте ги елиминирале
Невикам дека не ти држи вода муабетов така е. Затоа и имаш човек што работи на шалтер во фирма и човек што донесува одлуки со акционерите.
Ама од 1000 апликации, кој апликант би го одбрал?
Тој што има образование поврзано со твојата струка - без искуство или со искуство
Тој што нема образование за твојата струка ( работел на пример, кувар, возач што и да било ) - без искуство или со искуство
Нормално предноста е кај првите. Може му треба доквалификација за да работи како што треба ама барем е уходан во струката. Како јас на пример ќе станам трговец на акции ако појма си немам во животот што е тоа? Морам од негде да почнам, да читам книги да научиш како функционира за после да можеш и да го работиш. Mои другари работат како програмери и во Македонија си земаат 5 пати поголема плата од просечната. Завршија на Финки, сега дали е корисно да се дипломира секој за себе нека си одлучи резултатите се гледаат на крај
Да не е така ни ти не си требал да студираш и да земеш диплома. Ама ти се отвориле сите шанси и си ги искористил, многу подобра инвестиција во себе неголи легачење и дремење на кауч

поздрав