Ауфвидерзен Македонијо!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bojco
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам како, но се најдов да изгледам вести на Сител. Тие одеа вака:

16:00-16:05 ВМРО is the best, им помагаме на сите
16:05-16.15 СДСМ е криво за лошотијата, Заев во нов скандал со давање пари на ОПШТИНСКАТА невладина организација
16:15-16.20 МПЦ, МПЦ, МПЦ, крст
16:20-16:25 Прослава во Прилеп, Нова година во Скопје
16:25 Доделени први лиценци на овластени проценители на авторски права (???????????)
16:26 Донација од 6 скутери за сообраќајната полиција (сосе Гоца)

Пријатно.

АУФИДЕРЗЕН МАКЕДОНИЈА!
 
Доктор или програмер школуван во Германија скоро сигурно успева.
Доктор или програмер школуван во Македонија ќе помине уште години и години во дообразование, собирање лиценци, трошење пари и на крај веројатно ке биде подреден под германскиот доктор и ќе работи на пониско работно место него неговиот капацитет.
На запад како странец (не како локален) е 10Х потешко да успееш отколку во Македонија како Македонец.

Во Македонија живееш или во странство?
 
Доктор или програмер школуван во Германија скоро сигурно успева.
Доктор или програмер школуван во Македонија ќе помине уште години и години во дообразование, собирање лиценци, трошење пари и на крај веројатно ке биде подреден под германскиот доктор и ќе работи на пониско работно место него неговиот капацитет.
На запад како странец (не како локален) е 10Х потешко да успееш отколку во Македонија како Македонец.


Tука си мнгу грешка, значи ако си надвор од државата и си добар во нешто си напредуваш според заслуженото затоа што на компаниите им одговара да имаат добар и напреден кадар, затоа што ако си добар им носиш пари . Веќе 7 години сум надвор од Македонија, и во ниту еден момент не сум бил под некого само затоа што сум странец или не сум добил унапредување само затоа што некој локален треба да стане менаџер .
Значи кај нас е претешко да напредуваш и да успееш од проста причина што пазарот на трудот е прелош и премал и повеќе од полвината работат јавна администрација и има партиски вработувања.
Зависи која е целат на поединецот и колку се труди, примерот со Германија имам другар основно заедно учевме, моментално е еден од најдобрите хемичари во Бремен, друг пример дечкото кој што е еден од најдобрите дизајнери за Мерцедес и ред други.
Ти ако одиш Германија само за да зарботиш да преживееш и не се трудиш воопшто да напредуваш ќе си останиш на тоа ниво.
 
A za da zemes nekoj dinar masta ke ti ja izvadat i krvta ke ti ja ispijat

а што е различно кај нас ... таму барем ќе земеш, а овде прашање е тоа ...
--- надополнето: 19 декември 2013 во 17:08 ---
Релативно е тоа што значи успех. За мене не е успех да работиш за минималец, а токму тоа го прават 95-99% од нашите таму.


а овде не е така? ... и овде се работи за минималец, освен администрација ....
 
Tука си мнгу грешка, значи ако си надвор од државата и си добар во нешто си напредуваш според заслуженото затоа што на компаниите им одговара да имаат добар и напреден кадар, затоа што ако си добар им носиш пари . Веќе 7 години сум надвор од Македонија, и во ниту еден момент не сум бил под некого само затоа што сум странец или не сум добил унапредување само затоа што некој локален треба да стане менаџер .
Значи кај нас е претешко да напредуваш и да успееш од проста причина што пазарот на трудот е прелош и премал и повеќе од полвината работат јавна администрација и има партиски вработувања.
Зависи која е целат на поединецот и колку се труди, примерот со Германија имам другар основно заедно учевме, моментално е еден од најдобрите хемичари во Бремен, друг пример дечкото кој што е еден од најдобрите дизајнери за Мерцедес и ред други.
Ти ако одиш Германија само за да зарботиш да преживееш и не се трудиш воопшто да напредуваш ќе си останиш на тоа ниво.
Колку време учеше во странство и колку пари те кошташе?
Колку мислиш дека вреди диплома на УКИМ во Греманија?
 
Исфрустриран или не исфрустриран, valvoline си ја кажува горе долу вистинската состојба на запад.
--- надополнето: 19 декември 2013 во 08:23 ---
Или со други зборови, ако на некој му одговара да се сели во германија тоа е македонецот без факултет.

95-99% од македонците таму работат во фабрика, чистачи, келнери и сл. Земаат минимална плата којашто тука изгледа висока ама за таму од кога ке одбиеш трошоци за кирија, осигурување, и сл. на крај не останува многу.

А македонските факултети? Не вредат пет пари. Подобро да ќутиш ако имаш факултет зошто ни таа работа во McDonalds нема да ја добиеш ако кажеш дека имаш факултет.
Па дури и со нивни факултети ако немаш кој да те бутне не ти вредат, камоли па македонскиве.

Ти од Америка ја раскажа Германија, браво.
Туку зошто мислиш дека сите се келнери и чистачи, а ти во Америка заработуваш многу пари
BlackFriday напиша:
Другарче, јас работам преку барата за 10х поголема плата него било кој *штаб* може да ми ја даде
? Ти себе си се сметаш за уникатна појава во дијаспората или?

Те молам значи новите иселеници се сите со високи плати и сите до еден се со високо образование. И тоа Македонско замисли. Те читав подоле некои лиценци споменуваш, некои години да учиш, си слушнал нешто али изгледа не си разбрал. За какви лиценци зборуваш?

Кој да те бутне во Германија? :))

Муабетов ти е како пред кооперација, па дури и проценти 95%-99% во Германија работеле во фабрика, дај од каде ја извади бројкава некој линк?
 
Леандра душо, очигледно си многу млада и избувлива.
 
Леандра душо, очигледно си многу млада и избувлива.
А ти очигледно си стара гарда дијаспора. Има такви и на форумот иселени во 80/90те. Како се иселиле така им застанало времето. Еден чекор напред не отишле. Секој кој и да појави иницијатива, веднаш рипаат како попарени, со муабети од твојот тип 99% работеле во фабрика, лиценци им требале, факултет не им признавале...А сите до еден со висока плата и ниту еден од вас не се вратил во МКД. Зошто е прашањето? Ако таква лоша слика кажуваш, ниски плати, кирија немале да си платат зошто никој не се вратил? Имаш ли логично објаснување?
 
:rolleyes:
па јас незнам што не се вратат сите во мкд уедно и ти BlackFriday кога нема еромна разлика, барем дома ке сте нема да патите од носталгија :)
 
:rolleyes:
па јас незнам што не се вратат сите во мкд уедно и ти BlackFriday кога нема еромна разлика, барем дома ке сте нема да патите од носталгија :)
Сите имаат ист муабет, еве го пример неговиот за Америка:
Spell препрочитај ја првата реченица и пронајди ги предлозите за време, место и начин и одговори си сам на првото прашање.

Со минималец колку што даваат за такви амалски работи (8, 10, 12 долари) и одкога ке ги одземеш трошковите за кирија (која патем ке биде нереално висока - ке плакаш за кревет колку што би требало да плакаш за цела соба), трошковите за авионска карта и административни трошкови, дебелата провизија за агенцијата ќе ти останат 3 опции:

1. Да рмбачиш ко вол и бел ден да не видиш, да не прошеташ баш никаде и да се вратиш дома со 2000 долари плус..

2. Да рмбачиш ко вол и да ги потрошиш сите пари за мала прошетка или малку плус социјален живот и да се вратиш со позитивна нула.

3. Да рмбачиш ко вол и да имаш нормален социјален живот и да прошеташ како што сакаш и да идеш илјадници долари во минус.

Чистење клозети? охохоооо И те како ќе чистиш клозети и ќе ги гланцаш да си знаеш!! Остај сликите на фејсбук што ги ставааат децава кај што сите се срекни и весели.
Врска нема тоа со реалноста.

Стотици деца заминаа со програмата, едно не го прочитав да се пожали. И во овој момент има стотина таму. Абе едно да се пожалеше.
Прво даваат слика дека сите кои идат настрана нели чистат клозети и се убиваат од работа, за леб немаат. За потоа слатко да соопштат дека баш они земаат високи плати, али арно „другите“ што ги гледаат не земаат:

Јас сум тука само по друга основа и заработувам бајаги повеке... но ги гледам американците како едвај преживуваат со такви минималци. и плус они што имаат фуд стемпс и разни социјални помошти.

Но ајде со твојава математика.
3 месеци (13 недели) , 50 часа неделно, 10 долари на час

13х50х10 = 6500 долари вкупно си добил сосе се.

Одземи сега од тоа за:
1. авионска карта (рецимо 1000 долари)
2. провизија за агенција (ова појма неам колку е само сигурно добро ошуруваат)
3. административни трошоци за виза (__________)
4. кирија за креветот ( не цела соба туку креветот) - 1500 долари

Стварно допиши ги 2 и 3 и да пресметаме...па објасни како тоа се преживува од воздух и вода.
--- надополнето: 10 јануари 2013 во 22:33 ---
А за облека дека ке се купи - верувам. Јас отидов во томи хилфигер во скопје носејки џемпер што тука го купив за 35 долари.
Во ГТЦ го најдов сосема истиот и тие го продаваа за 7500 денари - ненормална работа

Ете затоа јас велам дека Македонскиот народ има најлоша дијаспора. Истиов муабет го направи и оној во Германија што е подолго време.

Они знаат дека е многу тешко настрана. Али ете они имаат високи плати. И тоа е тој муабет, ружи не цветаат. Дали луѓево се заминати оддамна од Македонија, па немаат допир со реалноста во Македонија, дали се ненаситни на пари, дали имаат некоја психичка пречка млади Македонци да дојдат и да бидат далеку поуспешни од нив и поплатени, дали имаат некој личен проблем мене не ми е јасно и јас неможам да ја сфатам појавата.

Ај валволин го сфаќам, али овие неможам. Како јас еден не сретнав од младиве генерации да се пожали за третман, за плата, за живот они ги жалат вака. Како од толку млади Македонци што само последнава година се иселени немам слушано еден лош збор сите до еден се задоволни, дали оти идат од таков неурамнотежен систем па се им изгледа убаво или сите до еден се добро снајдени незнам. И кампањава „не одете“ не им ја сфаќам, некој ако им ја сфаќа нека ми ја објасни. Зарем ако е толку лошо како они што кажуваат зошто никој не се вратил од нив, да ги видат ружите во Македонија?
 
Нема како 99% од нашите да работаат за минималец, од простата причина што Германија нема закон за минималана плата(единствената во Европа мислам)
А тоа што напиша погоре дека требало незнам колку години да работиш за да се дообразоваш просто никаква логика или имаш признавање(anerkenung) на дипломата и можеш да работиш, или додека не ти ја признаат дипломата не можеш да работиш по соодветната професија средно нема;).

Има минималец,пред некој ден го донесоа,8,5 евра од саат.
 
Има минималец,пред некој ден го донесоа,8,5 евра од саат.
Bruto, toa ke ti dojde okolu 5-6e neto ili okolu 900-1000 evra za 180-200 rabotni casa.
Na zapad vrbuvaat rabotnici i preku bajpas firmi od bugarija,romanija,slovenija i slicno i se isplakaat upola poniski plati nego tie vo maticnite drzavi. Sve e legalno i zakonski poso se site vo EU. Najmnogu ofci zaposleni preku bajpas firmi ima vo avtotransportot i se razbira gradeznistvoto. Poslednive nekolku godini ova zema ogromen zamav, iskoristuvanje do daska.
--- надополнето: 19 декември 2013 во 19:52 ---
Леандра душо, очигледно си многу млада и избувлива.
Abe sve zivo ni kaza, samo nikako da kaze kako si go zarabotue lebot. Se placi od konkurencija. Khm,khm... hehehe..
:D
 
Муабетите дека 95-99% од Македонцијте во Германија работат за минималец се нонсенз. Кај ги ваѓате бројките не ми е јасно. Посебно постарата гарда се доста добро ситуирани ако гледаме од каде дошле и со кое образование. Можеби и ја имам таков впечаток од лично искуствo, нормално не можам за сите да зборувам и секако има разлики од регион до регион. А и муабетот дека работеле во фабрики, па што ако работат во фабрики? Германија има големо производство, посебно на висококвалитетна стока, или мислите дека обичниот работник во Фолксваген, Мерцедес, Бош, Ауди, БМВ, итн. има потреба од жалејне? Такви привилегии, такви бенефиции, немате представа ако не сте виделе со свој очи какви работни услови имаат. А тоа дека бараат работа, да си бараат, ама затоа се доста добро платени.

За младата генерација не правам муабет. Познавам доста млади кој се во втора или трета генерација тука и доста голем процент се со високо образование и на одлични работни места. Е сега што нема некој Македонец во управата на гигантиве не значи дека нема наши на високи позиции во тие компании, едноставно не се видливи за нас. А за високообразовните млади кој идат од Македонија и се дообразуваат во Германија или одма почнуваат со работа, за нив па ич немам збор. Вие можете само да се тешите дека Македонците во Германија чистат клозети, иако нормално од 100 000 и поќе Македонци во Германија може и некој таков да се најде.
 
Колку време учеше во странство и колку пари те кошташе?
Колку мислиш дека вреди диплома на УКИМ во Греманија?


4 години 10 000 евра ме кошташе, ги вратив уште кога бев 3 та година на факултет со првата да се речи стажантска работа.
Ако споредуваш така образованието во Америка е многу поскапо од Германија , а исто и добро се плаќа, сум работел Америка но не и Германија но по искуствата на другите знам дека е дури и на подобро ниво. Исто знам дека Македонските факултети се признати во Германија додека Америка помалку од резимето ти ти вреди дипломата. Што работат сите млади што одат Америка?
Да не го вртам муабетот во споредба со Америка Германија.

На запад и како чистач да почниш побрзо ќе стигниш до менаџерска позиција отколку кај нас каде што позицијата се менува еднаш на 20 години.
За спореба само од познаниците што завршија кај нас на фики/уким/електро и останаја Македонија, 60% невработени, од тие кој што работат се сеуште на истата позиција откако започнаја. Тие кој што се надвор 100% вработени во истиот домејн и веќе смениле две позиции погоре.
 
Колку време учеше во странство и колку пари те кошташе?
Колку мислиш дека вреди диплома на УКИМ во Греманија?
Не е битна толку дипломата колку искуството. Зборувам за инженерска струка.
Имам колеги Индијци кои немаат проблем да работат за Continental или Bosch, без разлика што завршиле во Индија, ама имаат добро претходно работно искуство. Дури и јазикот некои не го знаат добро.
А тие што викаат оти иселениците ’рмбале ко робови по фабриките, очигледно немаат претстава за реалноста и си мислат ова грчките конфекции се. Нека дојдат и да видат најобичните работници на подвижна лента во Ауди какви услови за работа имаат, ќе им се плачи... за заработувачката немора ни да коментирам. Најобичен работник, но со долго искуство (отприлика 10тина години и повеќе) може да зема и околу 5000-5500 евра нето плата, што е повеќе отколку висококвалификуван инженер што зема на почеток, или со 2-3 години искуство.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom