Свесен сум дека според квотите шансите за Рафа се тек 12-13%, меѓутоа јас сметам дека ги има повеќе. Ѓоковиќ би требало да е повеќе ранлив, а Рафа доста подобар од претходните турнири. Во секој случај за квота 5.50 вреди дел од тоа што сум им зел да се обидам да го помножам по 5.50 , здравје боже, фала богу дека 50% од работава е поради навивање за Рафа.

Прашање е кој играч би му одговарал помалку на Федерер, немам конкретно мислење бидејќи и двајцата беа победувани од Роџер годинава... и тоа прилично убедливо. Иако кладилниците го даваат Мареј за фаворит, повторно и тука би играл на повисоката квота т.е. на Вавринка, па ајде да се пробаме.