АТP World Tour Finals - London 2015 (15.11-22.11)

  • Креатор на темата Креатор на темата Feisty
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе освои?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.373
Поени од реакции
4.757
Лондон е домаќин на најдобрите 8 за 2015, вкупно шести пат по ред.
wtf.jpg

Играчите се поделени во две групи, а најдобрите двајца од секоја група одат во полуфинале.
Првиот ваков турнир е одржан во Токио 1970, а потоа е одржуван во повеќе градови меѓу кои Париз, Барселона, Бостон, Мелбурн, Стпкхолм, пред да се одржи во Њујорк во Медисон Сквер Гарден, каде се игра од 1977 до 1989. Тогашното име му е Мастерс Гран При.

Од 1990 се менува името во Мастерс Шампионат и се одржува во Франкфурт и Хановер се до 2000 година. Од 2000 до 2008 се одржува во Лисабон, Сиднеј, Хјустон и Шангај и го има името Тенис мастерс куп. Од 2009 е во Лондон, како што кажав и воведната реченица.

Не се менувале само градовите на одржување, туку и форматот на натпреварување и подлогите.

Во 1970 учествувале 6 играчи и играле секој со секој, а тај брејкот се играл на 5:5.
Во 1971 учесвувале 7 играчи и играле секој со секој.
Од 1982 до 1984 учествувале 12 играчи, во првата рунда биле слободни првите 4 играчи.
Во 1985 учествувале 16 играчи.

Од 1972 до 1981, како и од 1986 до денес го имаме моменталниот формат на натпреварување.

Најмногу титули на завршниот турнир:

1. Федерер 6
2. Сампрас и Лендл 5
3. Ѓоковиќ и Настасе 4

Најмногу финалиња на завршниот турнир има Лендл, дури 9, а Федерер годинава може да го стигне, ако се пласира во финале.

Од 1990 година до денес само 4 играчи успеале да го освојат турнирот без пораз.
И тоа:
1. Michael Stich 1993
2. Лејтон Хјуит 2001
3. Федерер 2003, 2004, 2006, 2010 и 2011
4. Ѓоковиќ 2012, 2013, 2014

Овогодишните најдобри 8 тенисери ги има на сликата, а можна е група Ѓоковиќ, Федерер, Надал, Ферер. Утре е ждребот, само не успеав да најдам во колку саат.
Титулата ја брани Ѓоковиќ, лани Федерер предаде пред почетокот на мечот.

Ѓоковиќ нема пораз во сала од октомври 2012, кога загуби во Париз од Сем Квери, после освоен прв сет 6-0 :D . Оттогаш 3 освоени завршни мастерси+3 мастерси во Париз.

Ако добро избројав серијата без пораз на indoor hard трае 34 меча, a севкупно има и 3 меча на земја во сала значи 37.

Во Лондон се игра и завршниот мастерс во машки двојки, а титулата ја бранат браќата Брајан.

Може ли некој да го победи?
 
Едвај чекам да почне. Веројатно најквалитетниот тенис што може да се изгледа во рок од една недела. Една од најинтересните работи е тоа што и покрај пораз во група, па макар и два, можно е да се оди понатаму и да се освои турнирот. Исто така можно е двајца тенисери да одиграат меѓусебно и 2 пати во текот на турнирот, еднаш во групите и еднаш во финалето. Последно ова се случи во Лондон во 2011. Федерер го победи Тсонга 6-2 2-6 6-4 во групите, а потоа се сретнаа и во финалето кога беше поуспешен повторно Федерер во 3 сета (6-3 6-7 6-3). Во вкупно 6 изданија на Лондон како домаќин на завршиот турнир, ова е случено само еднаш и токму во 2011 како што кажав. Во Шангај, последното издание во 2008ма година се случи истата работа, Новак го победи Давиденко во група 7-6 0-6 7-5 и потоа повторно беше успешен во финалето со 6-1 7-5.
За разлика од овие 2 години кога истиот тенисер победуваше и во двата меча, во 2005та во Шангај, во групната фаза играа Налбандијан и Федерер, тепа Швајцарецот 6-3 2-6 6-4, ама во финалето беше поуспешен Аргентинецот во 5 сета (6-7 6-7 6-2 6-1 7-6), слатка одмазда во финале.
Некако имам чувство дека ќе биде многу неизнесен турнир и дека би можело да се повтори нешто слично како точно пред 10 години.
И најважното.... Vamos Rafa.. :P
 
Ако победи Надал мислам дека тоа би било најголемо изненадување кога се работи за победник на голем турнир последниве пар години. Ама ајде...нада умира задња демек..

Вака во Париз сите изгледаа некако изморени..и пак Новак победи. Човек да се запраша дали воопшто и некој може да го победи. Ама добро, any given day мислам дека и Мареј а и Вавринка покрај Федерер можат да го победат Новак ако играат константно на исто ниво низ мечот.

За предвидувања нормално ќе почекаме групите да се извлечат, ама вака на прва Ноле е број еден фаворит нормално.

За дабл турнирот мислам дека Брајан Браќава нема да го освојат турнирот.
 
Јесте да се сите out of fuel ама сепак кога ќе изгледаш 15 мечеви во сингл за 8 дена и тоа сите да се измеѓу топ 8 играчи? :)
И што има везе? Не ми се гледа Марин Чилиќ како не може да погоди терен по 20 минути, не ми се гледаат Надал и Мареј како се влечат ко црева по теренот. Голем кур ако се од топ 8, не значи дека под дифолт мора квалитетен тенис да играат.
 
Де факто Новак победуе у најслабата ера ја мислим и андеркавер ќе се сложи со тоа :D
 
Rafa, Stan, Marej i Ferrer. Definitivno najdobra kombinacjja za Rafa. Vamos :)

Sent from my SM-G900I using Tapatalk
 
Под нормални околности (а оваа година за Енди нема да бидат нормални, бидејќи цела оваа недела тренира на земја заради Дејвис Куп финалето), Енди ќе имаше три од три победи во групава. И под вакви околности очекувам минимум 2 победи.
 
Под нормални околности (а оваа година за Енди нема да бидат нормални, бидејќи цела оваа недела тренира на земја заради Дејвис Куп финалето), Енди ќе имаше три од три победи во групава. И под вакви околности очекувам минимум 2 победи.
:pos::pos:
Кои околности ќе те молам? Како тоа ќе имал 3 од 3 победи? Што има Енди Мареј во животот направено на Мастерс Купот објасни ми?
 
:pos::pos:
Кои околности ќе те молам? Како тоа ќе имал 3 од 3 победи? Што има Енди Мареј во животот направено на Мастерс Купот објасни ми?

Мареј цела недела тренира на земја. Немој да ми речиш дека нема врска тоа, те сметам за поозбилен член. А што има направено Рафа овде? Дури и кога беше во најдобра форма не го освои а и општо знаеме колку "двораната" е добра за Рафа.
 
Мареј цела недела тренира на земја. Немој да ми речиш дека нема врска тоа, те сметам за поозбилен член. А што има направено Рафа овде? Дури и кога беше во најдобра форма не го освои а и општо знаеме колку "двораната" е добра за Рафа.
Па кај реков дека Надал направил? Ти рече дека Мареј ќе издоминирал да не било финалето во Дејвис купот божем Мареј маме ебава на турниров, а уствари има очајни резултати. Лани зема цел гем против Федерер. :kafence: Бај д веј нема ни финале мислам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom