Rolling Paper
Џокер Ноле
- Член од
- 21 јануари 2023
- Мислења
- 252
- Поени од реакции
- 521
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не, засегаШо бидна со ковид правилата во САД, ќе го пуштат ли да игра на Индиан Велс?
Колку лоша генерација на тенисери значи, изгубив желба да гледам тенис, какви аматерски неизнудени грешки се изнагледав...
Новак којзнае со какви натприродни сили се поврзува преку јога вежбите што ги практикува друго објаснување немам, ова веќе се натчовечки способности.
legit верувам дека има поврзаност со демони он сам кажува дека комуницира спиритуално само што он ги нарекува Богови.
А веруваш ли дека е најдобар тенисер на сите времиња?legit верувам дека има поврзаност со демони он сам кажува дека комуницира спиритуално само што он ги нарекува Богови.
Има нешо шо се вика харизма и sportsmanship. Не дека Федерер му беше некоја конкуренција на Новак последните години, ама сепак е легенда и надвор од границите на теренот, постави нови стандарди на игра и допринесе дали директно или индиректно и кон статусот шо го има сеа Ноле. Да не му пишеш едно фала според мене е многу ниско. Може уш 20 гренд слема да освои, никогаш не ќе биде на ниво на гоат.
како фан на Федерер морам да речам за жал даА веруваш ли дека е најдобар тенисер на сите времиња?![]()
Па баш Новак пати од ваков проблем цела своја кариера, сака да е сакан и допадлив, а никад нема да биде како Федерер и Надал па ако сака и 40 ГС нека освои. Милион пати лижел гз на публика и медиуми, а мене нешто што највеќе ме нервира е она што го прави после победа со срцата накај публика што ги расфрла со рацете, би го убил за тоа.
Иначе он и Федерер немаат добар однос па не ме чуди што нема објава од Новак иако гарантирам дека ќе пише нешто деновиве али онака ради реда.
Абе сите напишаа по некој збор, се заблагодарија, Надал цел реферат напиша, само овој невакцинираниов никаде го нема да гугне. Е затоа никогаш нема да биде гоат![]()
Ауууу сине. Како стигнавме до воук и третманот на западните медиуми во муабетов? Као цела суштина зошо некој може да не го сака Новак е поради третманот на западните медиуми?Или вечно истиот муабет, Новак спрема остатокот во светот, во секоја конотација. Не може некој едноставно да не го сака, во тој случај воук се фановите, проклети западњаци со испрани мозоци. Новак остана последниот бастион на непокорот кон прогресивната западњачка култура. Жално, многу жално.
Федерер не е гоат само поради стилот на игра. Гоат е и поради сите освоени титули и промената која ја донесе во начинот на игра, и стандардите кои ги постави. Истите стандарди поради кои и Ноле е кај шо е денес. Прости што не ги набројав овие работи и не бев доволно јасна, сепак мислев дека имаме common sense во дискусијава, нема да се фаќаме за некој ситни детали за да докажеме некоја глупава поента.
Не ми го сфаќаш муабетот. Не реков дека Федерер личи на тенисер боже Петра, читај метафори.
Федерер е олицетворие на тенисот, ако тенисот беше човек ќе беше Федерер. Ако ги тргнеме настрана сите фактори и се фокусираме само на начинот на игра, на приордниот талент за тенис, на техниката, непобитен факт е дека Федерер од сите тројца го игра тенисот во најчиста форма. Ноле ја има упорноста, Надал ја има експлозивноста, Федерер? Тенисот. Човекот има и техника на удар, и серва, и претпознатлив стил на игра, footwork ти се чини лебди по терен. Efortless, безвременски, школски.
Не ти го сфаќам првиот дел од муабетот, не е дека ти си бфф со Ноле па пак дробиш тука зошо тој треба да е попочитуван од Федерер. И Ноле и Рафа и Федерер заслужиле почит, гоат ќе биде тој што ќе ги задоволи објективно сите фактори.
Ако гледаме гоат според број на титули, еден Сена би бил после Хамилтон во Ф1, или Марадона после Роналдо, или Џордан после Дончич кај и да е.
Што ги прави гоат горенаведените, иако веќе заостануваат според бројот на титули, е нивното влијание врз спортот. Физичките граници тек ќе се поместуваат во наредниве години, како што се поместувале и досеа, тоа не значи дека следниот кој ќе освои 30 титули ќе биде гоат. Едноставно нормите се поместуваат со тек на годините, затоа и одлуката за гоат не е проста математичка формула базирана единствено според бројот на титули.
Федерер го промени спортот, го донесе на нивото на игра на кое е денес и ни Надал ни Новак не ќе беа на кај шо се денес да не беше тој.
Статистиката секогаш ќе е на страната на Новак или Надал, посебно во годините кои ќе доаѓаат. Дали бројките ќе беа поинакви доколку сите тројца беа на иста возраст во истиот временски период кога се натпреваруваа, никој никогаш нема да знае. Сепак земам во обзир дека Федерер е 5-6 години постар од овие двајца, и во тенисот како и во секој спорт возраста игра улога. Финалето во 2019 шо членот погоре го постира, Федерер го играше на 39 години. Дали со таков ист интензитет и игра ќе може да перформираат и Ноле и Рафа за 4 години ( само не знам против кој ), времето ќе каже. 2017 на 37 години ги освои и АУ и Вимбелдон, и по број на титули тоа му беше најплодна година после периодот 2004-2007. Останува да видиме како ќе перформираат Ноле и Рафа следниве 2 години на истата возраст.
Автоматски споено мислење:
Да, пошо Ноле до 2010 не можеше да припари до ГС пошо се играше на брзи подлоги. Од 2010 навака фала богу ги успорија подлогиве ( и сеуште ги успоруваат ) па фати малце ритам дечкото.
Кога ќе се спомне тенис прво што ќе им текне е Федерер, како што за баскет е Џордан, со тоа што Џордан поуниверзално ќе биде сметан за гоат од Федерер.