Точно дека на секои неколку години се оверхајпнуваат одредени тенисери ама реално никој од овие не сум го сметал за наследник на тројкава или близу тоа ниво. Сите овие имаат огромни мани во играта или се еднодимензионални тенисери или ја немаат правата игра на сите подлоги.Секоја година се мењаат генерации, секоја сезона искача некое ново чудо од играч. Секоја година се појавува ново ривалство што ќе биде најголемо у свет и слично.
Сеа Синер и Алкараз.
До лани прехлани Медведев-Циципас-Ѕверев.
Претходно Кирјос-Беретини-Тим.
Гофан и компанија.
Све тоа изгина у просекот и не издржа поише од 3-4 години јак тенис, со по максимум 1-2 слема.
Егал биле со Новак и Рафа, појаки се од Федерер моментално, нека остарат уште малце првиве двајца па може ќе се појави некое ново пиле што ќе биде и појак од нив, коа ќе имаат по 40 години.
Кај Алкараз е очигледно дека го има она што може да го направи освојувач на барем двоцифрен број слемови, ретко кој тинејџер бил олку зрел и ментално и ги имал сите удари, одличен форхенд,бекхенд,волеј,дропшот и ретрн, единствена мана му е неконстантноста на сервис и неконтролираната агресивност.
Најмногу ме импресионира на слемов што делува доста сигурно на мрежа и на феноменален начин ги крати/завршува поените.