ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Ѕверев е во страшна форма и многу се потценува моментално, плус врие од самодоверба a тоа е многу битно за еден тенисер иако знаеме колку е лабилно копилево на тој план. Новак не е робот, на крајот од денот е само човек и ништо поише, евидентно беше и во Лондон и на олимпијадата дека напорнава сезона си го зема данокот така да со сигурност да се тврди дека ќе се прошета преку Ѕверев маломорген. Истото го зборев и пред ОИ кога се смараше со муабетот дека е во невидено јака форма и го освојува златото на ОИ па видовме што се случи. Уште стојам на тоа што го реков пред овој слем и пред ОИ а и после ОИ, големи се шансите да видиме друг шампион што воедно ќе биде и дебитантнски наслов за било кој од тие што останаа, ко што беше случај лани со Тием..

Фаворит број 1 е нормално, глупо е да се праи муабет на таа тема ама у ниеден случај не е изразит ко Надал на РГ што е, не после сезонава што ја има и фактот што се заеба и отиде во Токио. Како и да е чудно ми е како може Беретини со тој бекхенд да се става ко закана број 1 пред Ѕверев а и Медведев, но добро, башка што мислам дека изигра веќе 2 меча со по 5 сета италијанецов, доста и се потроши во меѓувреме а и не знам како стои со повредата која ја влечеше уште од Лондон ( ради тоа рипна ОИ ).
 
Ноле вечер ќе игра тб можда и сет ќе изгуби, незгоден е Амеров. А Саша мислам дека има шанси ама не поголеми од Медведев, појака глава е Медо и мислам дека редно е да земе.. у 2019 беше ептен близу за пресврт
 
Газат децава на УС Опен годинава и во машка и во женска конкуренција. Браво (y)
 
Родик убаво ја опиша победава на Новак, прво ќе ти дојде по нозете и после ќе ти ја земе душата, уште пред меч кажа дека Новак ќе се осигура малиов да го има најболното физичко искуство у кариера, тоа и се деси ... после изигран сет и 4 гејма у вториот.

Првиот сет Новак размонтиран по кратка постапка која траеше све на све 26 минути, стандард втор сет влезе во ритам и направи одма брејк и се деси клучниот прелом на 3-1 за Новак и сервис на Новак. Гејмов Новак го изгуби патем, ама истиот траеше 20 минути, 6 минути помалце од целиот прв сет и тоа беше тоа од малиов, нозе му откажаа и немаше грам сила у него да продолжи да игра у тој сет, на паузи меѓу поени цело време задишан висеше на рекламите со пешкирот и глеаше накај Новак дали е спремен за следниот поен или не. Секој удар му откажа, инстантно пак јадеше брејк после тој гејм од 20 минути и пак у еден напорен гејм кој траеше 7 минути ( 2 гејма у редослед подолги од цел прв сет ).

Излегав до половина од трет сет и немаше поента веќе a и терминов вриеше за нас, и нозе и душа му зема, ко што рече Родик, а изигра све Новак само не на шампионско ниво, интересно е што у тие 2 гејма кои траеа 27 минути не го измори само него туку и цел стадион, умре цела атмосфера инстантно тука, но у тие 2 гејма драми се дешаваа со публиката али у позитивен контекст, буквално се оставија у оној гејм од 20 минути и после тоа потона и навивање и све.

Чуден меч, ужасен Новак, да се надоврзам од муабетот од погоре, дефинитивно не е у моментов на ниво потребно за освојување на слем, цел турнир го игра резервирано што беше случај и во Лондон, Виландер на пауза меѓу сетови со Нишикори кажа дека гледа што е можно поише до главните мечеви да истера на ниво кое воопшто нема да го умори али тоа не е типично за Новак што дополнително говори дека она што претходеше сезонава на овој слем си има оставено и те како голем белег врз него.

Сезонава ако се земе у предвид, следни три следни потенцијални противници за Новак се всушност играчи кои оваа година се и во најдобра форма и се покажале можда и у најдобро светло, само Беретини не знам дали освои нешто уствари годинава ама ги има најдобрите резултати на слемови у кариера сезонава. Гладни се за успех сите тројца, секој еден од нив може да ги искористи слабостите кои во моментов ги има Новак ако успеат да ја искачат таа ментална бариера, физички да се спремни за предизвикот и го играат својот најдобар тенис, далеку од неизводливо е ова у моментов нарочито со германецот и русинот, јебига, ќе биде пеколно тешко.
 
Последно уредено:
Ја го гледам само Медведев како најголема закана за Новак. И тоа само ако влезе у Чилич 2014 GOAT mode или Вавринка кога бришеше линии на земја.
 
Браво за оваа Англо-Румунката Радучану, Радукану или како и да се вика, го повтори успехот од Вимблдон и ми се чини дека и го надмина, еве ја ќе игра со Бенчич за влез во полуфинале.
 
Родик убаво ја опиша победава на Новак, прво ќе ти дојде по нозете и после ќе ти ја земе душата, уште пред меч кажа дека Новак ќе се осигура малиов да го има најболното физичко искуство у кариера, тоа и се деси ... после изигран сет и 4 гејма у вториот.

Првиот сет Новак размонтиран по кратка постапка која траеше све на све 26 минути, стандард втор сет влезе во ритам и направи одма брејк и се деси клучниот прелом на 3-1 за Новак и сервис на Новак. Гејмов Новак го изгуби патем, ама истиот траеше 20 минути, 6 минути помалце од целиот прв сет и тоа беше тоа од малиов, нозе му откажаа и немаше грам сила у него да продолжи да игра у тој сет, на паузи меѓу поени цело време задишан висеше на рекламите со пешкирот и глеаше накај Новак дали е спремен за следниот поен или не. Секој удар му откажа, инстантно пак јадеше брејк после тој гејм од 20 минути и пак у еден напорен гејм кој траеше 7 минути ( 2 гејма у редослед подолги од цел прв сет ).

Излегав до половина од трет сет и немаше поента веќе a и терминов вриеше за нас, и нозе и душа му зема, ко што рече Родик, а изигра све Новак само не на шампионско ниво, интересно е што у тие 2 гејма кои траеа 27 минути не го измори само него туку и цел стадион, умре цела атмосфера инстантно тука, но у тие 2 гејма драми се дешаваа со публиката али у позитивен контекст, буквално се оставија у оној гејм од 20 минути и после тоа потона и навивање и све.

Чуден меч, ужасен Новак, да се надоврзам од муабетот од погоре, дефинитивно не е у моментов на ниво потребно за освојување на слем, цел турнир го игра резервирано што беше случај и во Лондон, Виландер на пауза меѓу сетови со Нишикори кажа дека гледа што е можно поише до главните мечеви да истера на ниво кое воопшто нема да го умори али тоа не е типично за Новак што дополнително говори дека она што претходеше сезонава на овој слем си има оставено и те како голем белег врз него.

Сезонава ако се земе у предвид, следни три следни потенцијални противници за Новак се всушност играчи кои оваа година се и во најдобра форма и се покажале можда и у најдобро светло, само Беретини не знам дали освои нешто уствари годинава ама ги има најдобрите резултати на слемови у кариера сезонава. Гладни се за успех сите тројца, секој еден од нив може да ги искористи слабостите кои во моментов ги има Новак ако успеат да ја искачат таа ментална бариера, физички да се спремни за предизвикот и го играат својот најдобар тенис, далеку од неизводливо е ова у моментов нарочито со германецот и русинот, јебига, ќе биде пеколно тешко.
Реално Новак,треба да се мачи и против Матео и против Саша.4 сета сигурно,евентуално и 5.Ќе бидат страшно тешки физички мечеви.И после тоа ако дојде до евентуалното финале Новак-Данил,предност голема ќе има русинот.Во моментов ниеден тенисер не е толку физички спремен како Медведев.Австралија не ја земам како мерило,затоа што прво тоа е прв слем и сите тенисери доаѓаат свежи и одморни и секако тоа е слем на Новак.Овде ситуацијата е тотално различна.Последен слем,исцрпен до максимум,имаш противник коj не ти нуди многу неизнудени грешки,кој враќа како "ѕид",пеколно тешко.Играта на Медведев е нешто слична на овој Американецот ноќеска.Жилав, враќа све и свашта само што нема физичка спрема и тука го плати данокот.Ова е претпоставка за финалето,но секако прво треба да се мине Зверев,кој во последните години игра феноменално против Новак,меѓутоа на Best of 3. Кога ќе дојде на слем сите знаеме друга е приказната.
 
На Вимблдон имаше предност Новак ради тревата па можеше и со просечна игра да го освој слемот без некоја мака. Освен Big 3 и Мареј, другиве појма немаат на трева да играат, посебно next gen.

Hardcourt е друга песна, тука Зверев и Медведев се реален проблем за Новак...во best of 3 :icon_mrgr:
 
Ја темпира Ноле формата за решавачките 3 утакмици,психички и физички е подобар од сите следни 3 противници.
Само ненормален ден на Ѕверев и Медведев може да го успори.
Друга приказна беше на Олимпијадата,психички многу беше изморен,олимпиското село го доутепа до толку.
Мислам дека е блиску до 21от,ама да не збориме пред време :D
 
Дефинитивно најлош од гренд слемовите, и по понашање од публика и од ограниченост во временска зона. Откако го земаа ЕСПН турнирот, нонстоп се инсистира на натпревари во вечерен термин ака прајмтајм во 1-6 часот по полноќ на поинтересните натпревари, како да не знаат дека тенис се прати највеќе во Европа. Ниту една година не можам да го испратам како што треба.


Мене број 1 од грен слемовите отсекогаш ми беше Аустралиан опен и пред да почне да доминира на турнирот во Мелбурн Новак Ѓоковиќ.
Супер атмосфера постои на трибините во Мелбурн и сон ми е еден ден да одам и да гледам натпревари од Аустралиан опен во живо во Мелбурн.

Останативе три грен слемови сите имаат некои недостатоци.
Во Ролан Гарос треба да постои хок-ај систем за челенџи. Без врска е оправдувањето дека се забележувал траг од топчето на земјата, кога има прости ситуации да судијата вели ова е местото каде падна топчето а играчот вели дека се работи за друго место и нормално судијата е во право.

На Вимблдон не ми се допаѓаше што во 7 натпреварувачки ден во Недела не се игра тенис од оправдување дека тој ден се поправа оштетената трева. Па ако им треба на организаторите еден ден пауза за поправка на тревата тоа можело да биде 8 натпреварувачки ден Понеделникот, а не Неделата кога е викенд и кога повеќе луѓе имаат повеќе слободно време да гледаат тенис на Вимблдон.
Мислам дека од 2022 се укинува оваа традиција, и дека од следниот Вимблдон ќе се игра тенис и во Неделата во 7 натпреварувачки ден.

И фали некако повеќе навивачка коректност и топлина од страна на публиката во Лондон. Знаат да бидат непристојни во навивањето.

На УС опен повеќе се насочени луѓето кон тоа да имаат пиво и храна во рацете, и се шеткаат за време на поените, и ги дефокусираат не само играчите туку и снимателите а со тоа и нас гледачите пред тв екраните.
 
Од друга страна Бруксби изјави дека болките во колкот го спречиле да го победи Новак бидејќи знаел како треба против него. Очекувам да изгуби катаљарда нула следен меч, му ебам тоа Бруксбито умрено.
 
Не знам како би било во полуфиналето или евентуално финалето ама оваа година Новак има поддршка од публиката таму ко ретко кога до сега, бар до овој момент, ако ги тргнеме оние неписмени и тениски неедуцирани фанови кои за жал мислам дека тука се во најголем број на трибини за разлика од другите слемови, мислам дека повеќето што одат на трибина моменталнo таму се свесни дека пред нив може да се испише невидена историја во модерната ера на тенисот и нешто што тенискиот свет не го просведочил од далечната 69та кога е во прашање машкиот тенис каде ова се случило само 3 пати, и од само двајца тенисери.

Ова само дополнително создава притисок врз новак а и ошто вака генерално гледано уште ми е нереално дека воопшто и правиме муабет за ова, самиот факт што само 3 пати у цела тениска историја ова се случило, а се игра тенис секоја година, плус на вакво нешто се чека од 69та, доволно говори колку е ебано тежок ваквиот предизвик, нарочито во модерната ера на тенисот каде у меѓувреме имаш и мастерси и атп купови и олимпијади и све измеѓу слемовите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom