ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Финалево е само уште еден доказ дека така наречениот нехт ген се многу ама многу далеку од нивото на ѓоковиќ,надал и федерер и кога овие ќе одат пензија ќе биди здодевно и досадно.
Чекај не брзај, има време. Роџер на годините на Зверев имаше многу помалку од него освоено, па види го кај е сега.
Втора работа, па пред 7 дена бе некст џен играч (Циципас со 19 години) го тепаше Ноле, кое е тоа многу многу далечно ниво. Вчера она што го играше Федерер, сериозен си дека му беше доволно за да тепа било кој од младиве? Она ако ти е репер за добро ниво на тенис, нз што не е.
Кирјос (иако не верувам дека ќе напраи нешто) ги има тепано сите тројца, Зверев е егал и со Ноле и со Федерер, Циципас тепа четворица од топ 10 на еден турнир. Не е толку далечно нивото, колку што им фали успех на слем.
Многу широко глеате на тоа некст џен (Чорич, Зверев, Кирјос, Циципас, Тиафо, Де Минаур, Рублев, Чунг, Шаповалов, Алиасим..). Јасно е дека нема сите да ги биде, ама двајца од овие (Зверев сигурно) ќе владеат со тенисов за 3,4 години и ќе редат слем титули. Па оди тогаш утврди кое ниво било подобро :D
 
Како се врати човеков, алал да му е. Му се смеевме тука пред 3,4 месеци, ова ниво денес беше истото од 2011та. Страшен.
Прв што ги освоил сите мастерси, и воопшто ги комплетира сите големи турнири (слемови и мастерси). :bravobe:

Роџер.. Мислам дека пензија на крај од сезонава му е најпаметен потег. Самиот гејм план денес го потврди тоа, свесен е и сам дека нема шанса во размени и оди на се или ништо у секој поен. Не гледам како би имал шанси против Новак па и Рафа на 2 сета, камо ли на 3. А се освен слем титула во натамошниот тек на кариерата му е непотребно тотално.

Па единствената причина заради која сеуште игра тенис Федерер е да го брани рекордот за најмногу титули на ГС. Мислам дека би го убило во поим Надал да го престигне за што сеуште постои теоретска шанса. Вака се додека игра на сува класа и малку среќа во ждребот може да освои уште еден до два слема.
 
Да де знам тоа. Само што ми изглеа дека не постои шанса веќе за слем за него затоа и викам дека пензија му е најпаметно. Освен повреда на Рафа и Новак, или повреда на Новак пред Вимблдон, друга шанса не гледам.
И самиот Федерер ко Федерер е мизерен цела сезона, Чилич го уби у финалето на АО ама го извлече некако на искуство.
После тоа следуваа пропуштен 5-3 и 40-15 против Делпо (на Индијан Велс), па пораз од факинг Кокинакис, па Вимблдон да дозволиш Андерсон од 2-0 да ти се врати. Се дешавало, имал и сезони без слем, оваа колку толку со АО ја оправда.
Ама играва веќе 5,6 месеци му е на никад полошо ниво.
 
1

Освојување на еден од најважните мастерси во кариерата и тоа во директен дуел со најголемиот ривал на овој турнир.
Шампионски, нешто слично очекувам и во Њујорк само финале со Надал освен ако според ждребот не треба да играат порано.
 
Чекај не брзај, има време. Роџер на годините на Зверев имаше многу помалку од него освоено, па види го кај е сега.
Втора работа, па пред 7 дена бе некст џен играч (Циципас со 19 години) го тепаше Ноле, кое е тоа многу многу далечно ниво. Вчера она што го играше Федерер, сериозен си дека му беше доволно за да тепа било кој од младиве? Она ако ти е репер за добро ниво на тенис, нз што не е.
Кирјос (иако не верувам дека ќе напраи нешто) ги има тепано сите тројца, Зверев е егал и со Ноле и со Федерер, Циципас тепа четворица од топ 10 на еден турнир. Не е толку далечно нивото, колку што им фали успех на слем.
Многу широко глеате на тоа некст џен (Чорич, Зверев, Кирјос, Циципас, Тиафо, Де Минаур, Рублев, Чунг, Шаповалов, Алиасим..). Јасно е дека нема сите да ги биде, ама двајца од овие (Зверев сигурно) ќе владеат со тенисов за 3,4 години и ќе редат слем титули. Па оди тогаш утврди кое ниво било подобро :D
Не е само до Федерер
Погледни ја само разликата во силината на ударите кај Новак од вчера и пред два-три дена. Плус во измените беше подобар и на Федерер не му остана ништо друго освен да напаѓа.
 
Не е само до Федерер
Погледни ја само разликата во силината на ударите кај Новак од вчера и пред два-три дена. Плус во измените беше подобар и на Федерер не му остана ништо друго освен да напаѓа.
Значи да се разбереме, Новак играше супер, ама Федерер беше КРИМИНАЛЕН. Имало мечеви каде што двајцата биле во god mode па сме гледале страшни мечеви, ама овој вчера не беше дел од тие, за жал. Колку само втори сервиси закова Федерер во дното на мрежата, едно 10 сигурно, ако не и више. 39 неизнудени грешки за 2 сета, е јебига што е многу многу е. Не сакам да ја намалам победата на Новак, апсолутно си заслужи дечкото, ама Федерер е баш лош. Реков и после Хале, тешко Ферџо до титула на Вимблдон освен ако апла не му се поклопат коцките и добие некое гојдо како Чилиќ во финалето, инаку играта беше далеку од добра. Касни на многу удари, а кога касниш и грешиш повеќе од што треба и нормално фаќа нервоза и све остало.

И јас мислам дека е печен за пензија, нема шанси веќе Слем да освои освен некое енормно поклопување на коцките и испаѓање на Надал, Џокле и Енди порано од што треба и да му налета некој полуиграч во финале, што реално е доста тешко.
 
Не е само до Федерер
Погледни ја само разликата во силината на ударите кај Новак од вчера и пред два-три дена. Плус во измените беше подобар и на Федерер не му остана ништо друго освен да напаѓа.
Ајде силината во ударите, ама сервис не моеше да врати бе. Втори сервиси не можам да најдам статистика, ама сигурно едно 40% втори не врати.
80% имаше Ноле успешност на втор сервис, катастрофа беше стариов.
И ајде се, коа почнал дупли да праи? Цел турнир лупа дупли мислиш Шарапова ја глеаш, вчера сите три брејка у мечот ги изеде со дупла грешка на 40-40, и неизнудена во следниот поен. Исто копија, секој брејк тоа го праеше.
 
Ждрепката за УС е дури у петок али Новак скокна на 6то место така да може да биде во половината на Надал и да се сретнат уште во четврт-финале.Ќе почекаме до крај на неделава за сигурно :D
 
Резултатите на Новак на грен слем и мастерс турнирите.
upload_2018-8-20_19-2-2.png
 
Одличен жреб за Рафа.
Избегнат Ноле, Роџер, Саша, Чилич...
Интерерсно трето коло, Роџер - Кирјос :D
 
Надал ако не влезе во финале нека се обеси сместа. И Ноле има лесен ждреб, барем до 1/4 финале иако мислам дека моментално Федерер нема грам шанса со него на три добиени сета.
 
Надал ако не влезе во финале нека се обеси сместа. И Ноле има лесен ждреб, барем до 1/4 финале иако мислам дека моментално Федерер нема грам шанса со него на три добиени сета.
Ејј лесен.. :D
Роџер во 1/4, ае за него и ја мислам дека нема шанси. Ама потешки полуфиналисти од Чилич/Зверев моментално на туров нема. Двајцата се кај него.
 
Претерано е лесен ждребот за Новак.

Ако го тргнеме 1/4 финалет на страна, сите други кола има шупаци.

Првите 2 кола лагно во саат саат и 40 минути ќе ги реши.

Со Гаске нема да биде лесно ваљда, ама би требало исто лагано да го тепа.

Чарењо Буста и Пуиј....на грен слем...против Новак? А бе ајде...не би се изненадил и да не стигнат до 1/8 финале... 3-0 би ги тепал Новак.

1/4 финале...Федерер..е сеа....Федерер-Киргиос ќе биде ептен јако..не би се изненадил Киргиос да тепа, па после тоа Новак лагано да го победи изморен Киргиос ама ќе видиме..

1/2 финале...боза...се тоа се психолошки пациенти на тој дел..Чилиќ.....Зверев...Гофин...лол.

Надал уште од старт со зезнат меч...

Ова е последен ГС за Ферер во кариера така да..ако веќе губи..барем од Надал нека изгуби наместо од Фуксовиш или што ти знам..

Зезнато игра надал против сервери ко Посписил и Милер.... ваљда ќе го победи Качанов ако стигне до трето коло, а во 1/8 финале...ќе биде зезнато ако му тргне на Едмнд..плус друга опција е Сок...во америка...зезнато

Андерсон ако стигне до 1/4 финале е исто зезнат противник..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom