ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Стен изигра солиден натпревар против Надал, се надевам дека полека ќе почне да игра на високо ниво, фалеше неговиот бекхенд. Ако ја врати формата до УС Опен, уште во првите кола ќе им прави проблеми на високо рангирани тенисери.
 
Дел Потро за прв пат во кариерата, од понеделник ќе биде трет играч на светот.

Циципас со победата над Зверев и камбекот од 3-6 2-5, има обезбедено позиција број 18. Доколку го освои турнирот може да скокне и до 12. место на ранг листата.
 
Циципас во своето прво Мастерс финале во кариерата. Инаку он е најмладиот играч кој победил четири играчи од топ 10 на еден Мастерс турнир. Ако победи Рафа против Качанов утре ќе има шанса да го подобри тој рекорд.
 
Џентлменството, или поубаво фер-плејот, за малку скапо ќе го кошташе Надал. Па макар за скапо се сметало и играње во 3 сета.

Затоа треба малку цинизам како Роџер што праи во 'ја нисам одавде' ситуации.

Како и да е заслужена победа, до брејкот кога сервираше за сет Надал имаше изгубено само 3 поени на свој сервис во двата сета. Доминација тотална. Ајде аирлија вака и на УС.
 
80-та титула во кариерата, прв Мастерс на хард по 2013, 33-та Мастерс титула со што е апсолутен рекордер во оваа категорија. МАШИНА!!![DOUBLEPOST=1534152272][/DOUBLEPOST]Во меѓувреме
Western & Southern Open

World No.1 Rafael Nadal has withdrawn from #CincyTennis citing personal reasons.

"I am also sad for those amazing fans in Cincy who always gave me great support. I am sure I’ll see them next year.”

Wishing our 2013 champion the best!
 
Последно уредено:
Добра одлука да го скокне Синсинати, и повеќе од одлично што триумфираше во Торонто и откажа, посебно по објавувањето на жребот бидејќи е далеку од поволен. Второ коло Раонич, трето коло Едмунд, четвртфинале Новак на кој му фали само Синсинати, далеку од тоа дека му треба ваков турнир.
Нека тренира претпазливо за US Open и со огромна самодоверба може да му пристапи :)
Vamos!
 
Браво мајсторе.:cuc::vozbud:
Доминација денес на ритерн и прецизни длабоки топки низ целиот меч.
 
Како се врати човеков, алал да му е. Му се смеевме тука пред 3,4 месеци, ова ниво денес беше истото од 2011та. Страшен.
Прв што ги освоил сите мастерси, и воопшто ги комплетира сите големи турнири (слемови и мастерси). :bravobe:

Роџер.. Мислам дека пензија на крај од сезонава му е најпаметен потег. Самиот гејм план денес го потврди тоа, свесен е и сам дека нема шанса во размени и оди на се или ништо у секој поен. Не гледам како би имал шанси против Новак па и Рафа на 2 сета, камо ли на 3. А се освен слем титула во натамошниот тек на кариерата му е непотребно тотално.
 
History maker !!!!
Прв у open eрa што ги држел сите слемови истовремено, прв у историја што ги освоил сите мастерс титули, и тоа ова достигнување го заверува со победа против Федерer со префикс GOAT, и у меѓусебни му побегна на 2 победи.
2 неверојатни достигнувања у овој спорт со кој станува уникат историски глеано, па нека го потценуваат колку сакаат за оние муабети кога е вметнуван меѓу најдобрите ever во тенисот.

До финалево сите победи му беа во 3 сета, имаше и фрки со стомакот на стартот, али тука изигра на превисоко ниво, немаше шанси федерер тоа уште од првите неколку гејма се насети, не беше дораснат за нивото на тенис на Новак, кое после вимблдон беше убедливо најдобро у ова финале, и ритернот и сервисот и играта на втор, unbeatable, од друга страна федерер очаен.

Не ми се верува дека после паузата и стагнацијата од освојување на големи титули, дека баш ова ќе биде годината и коjа ќе дое до вимблдон и до синси, бем ти шампионскиот менталитет, наклон до под.
 
Честитки, пишува дел од историја и ова е веројатно достигнување што Роџер и Рафа нема да го повторат. Свака част!
 
Самиот податок што е прв во историјата со ова достигнување доволно говори за тежината на истото. Нема што повеќе да се коментира.
 
Финалево е само уште еден доказ дека така наречениот нехт ген се многу ама многу далеку од нивото на ѓоковиќ,надал и федерер и кога овие ќе одат пензија ќе биди здодевно и досадно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom