ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Знам дека не треба овде да ја објавам сликава, ама шо ве тркалам, темана за жените никој не ја отвара. :D

11402684_800113263419172_3201397690496994346_n.jpg

И Бушар во дискрипшн си пишала: Bane

И една петарда и искоментирал: At least Bane won a couple fights in the movie...:pos:
 
Рафа со победа на трева против Багдатис, можеби потешко од очекувањата, во 3 сета. 7-6 6-7 6-2. Во првиот сет се соочи со брејк топки на 2-4 и можност за дупли брејк за Багдатис, се спаси од ситуацијата и на крај го зеде првиот сет со 7-6. Втор сет имаше брејк 3-2 и сервис, го изгуби набрзо, спасуваше и сет топки при резултат *4-5 (15-40), на крај сепак тајбрејкот му припадна на Багдатис. Третиот сет Рафа немаше преголеми проблеми, пред се добро ритернираше, длабоко и успеа да го совлада својот противник со солидни 6-2.
Следен противник, одличниот Томиќ кој денеска го надигра Хас, мислам дека би можел да изгуби Рафа утре многу лесно, и тоа во 2 сета доколку не го зголеми нивото на тенис пружено денеска.
 
Хас на 35+ години и после еден тон операции, подобро игра и е во подобра форма од цела една багра што е моментално во атп топ100.
 
Чилиќ има најслаб бекхенд од топ 100.Страшно неефективен удар.
 
Не е навикнат на тревава :D далеку поквалитетен од бекхендот на Раонич
 
Чилиќ има најслаб бекхенд од топ 100.Страшно неефективен удар.
Лошо се движи Чилиќ, во тениски жаргон кажано “мрзливи нозе“ има. Ама сервата му е брутална затоа. :D
Рафа денес сервираше фантастично, испуца 12 или 13 аса ако не се лажам и го победи Томиќ во три сета. Утре со Гаел во 1/2 финалето.
 
14 аса имаше :D не памтам од кога нема направено 14 аса, посебно во меч на 2 добиени сета што се игра.Само втор сервис мора да среди, не дека се премногу 5 дупли грешки, ама ги прави во најбитни моменти, вториот сет со дупла го изгуби.
 
http://www.yopika.tv/20150608/v-haha_sport_4_name-1088371-5574f3205bb1b1.42694548.html
Кој сака да го гледа Рублев изволте. :D Игра 1/2 финале на Челенџерот во Москва. Сега за сега води 3-1 и го убива Албот, овој буквално не знае што го снашло. Каков напаѓачки арсенал има малиов :cuc:
Го зарече, од тогаш прави серија Албот 1-6 1-2.... т.е. води 4-6 1-2 :)
Иначе сум го гледал Рублев, против Вердаско, ме зезна 1.10 квота на мртвиот Вердаско, ипак заслужено Рублев тогаш, со своја игра го доби Фернандо.

Рафа моментално против Мофнис, по првите 2 гема, 1-1, без брејк. Гледајте во живо на Eurosport2.
 
Прво финале на трева после 2011 година, добиен Монфилс со 2-0 во сетови, 6-3 6-4. Рафа одигра доста добро денес, конечно проработе форхенд дијагоналата, а највеќе импресионираше играта на мрежа.
 
Прво финале на трева после 2011 година, добиен Монфилс со 2-0 во сетови, 6-3 6-4. Рафа одигра доста добро денес, конечно проработе форхенд дијагоналата, а највеќе импресионираше играта на мрежа.
Се слагам со тебе, длабоки топки испраќаше од основната линија, тоа најмногу ме израдува. Имаше по некоја непромислена грешка, меѓутоа се работи за трева и доста поразличен отскок од останатите подлоги... титула овде, макар и АТП 250 турнир што е... ќе значи за самодоверба премногу :) Јасно е дека никој не очекува премногу од Рафа на трева, но да се постигне резултат од сенка е најлесно кога е најмал притисокот. :)
Vamos Rafa !
 
Се слагам со тебе, длабоки топки испраќаше од основната линија, тоа најмногу ме израдува. Имаше по некоја непромислена грешка, меѓутоа се работи за трева и доста поразличен отскок од останатите подлоги... титула овде, макар и АТП 250 турнир што е... ќе значи за самодоверба премногу :) Јасно е дека никој не очекува премногу од Рафа на трева, но да се постигне резултат од сенка е најлесно кога е најмал притисокот. :)
Vamos Rafa !
Нема везе, титула си е титула, само нека ја освои. Лично, би сакал со Троицки да игра, ипак Чилиќ има одлична серва и ако е во пристојна форма може доста проблеми да му прави. Од Троицки мислам дека нема теорија да изгуби.
 
Троицки го победи Марин Чилиќ со 2-1 во сетови и утре излегува на мегдан со Рафа. Искрено, со секоја можна почит кон Троицки, ама ако изгуби Рафа нека се убие одма. Без разлика што подлогата е трева, сепак, не смее да си дозволи да зијани финале од Троицки. Иако воглавно не се замарам премногу со резултатите на подготвителниве турнири на трева, сепак пораз утре би го сметал за голем неуспех.
 
Излегоја главните жребови за Хале и Квинс, турнири кои се играат од понеделник (главен жреб), како што пишавме погоре, ќе бидат од категорија АТП 500.

Освојувачот од Ролан Гарос 2015 би можел да се сретне во четвртфинале против 9кратниот шампион на Ролан Гарос. :D Интересно е тоа што и двајцата ќе имаат тешка работа уште во првото коло, Рафа против Долгополов, Вавринка против Киргиос.

Комплетните жребови се на следните линкови.
Halle
Queen's Club
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom