Бидна и Вимблдон, победа на Мареј од 3:0. Некој од поупатениве што следат да кажат каква ќе биди ситуацијата со местото број 1 до крајот на годинава, дали има реални шанси Мареј да ја загрози таа позиција или евентуално Надал?
Oд утре:
1. Новак 12310
2. Мареј 9360
3. Ферер 7220
4. Надал 6860
5. Федерер 5785
До крај има уште 4 мастерса 1000. УС Опен и завршниот турнир.
Новак брани титули на Роџерс купот, Шангај и завршниот турнир во Лондон и финале во Синсинати и УС Опен. Значи, максимум од овие 5 турнири може да земе само 1200 поени(ако ги освои сите). А солидни поени може да земе само од Париз, лани испадна во второ коло, па напрај математика ако освои, плус 900 и нешто поени.
Мареј ја мислев дека тешко може да се доближи, ама кога ги глеам ланските резултати, можно е у теорија само. Има 3 коло и во Синсинати и на Роџерс купот и во Париз. Што значи, брани 270 поени на трите турнири. Со 3 титули, тоа се 3000 поени, значи околу 2700 плус. На завршниот турнир брани само 400 поени, а со сите победи во група до финале максимумот е 1500. Пак 1100 плус. А брани и титула на УС ОПЕН и финале во Шангај(+400 може да земе од лани). Максимум може околу 4000 поени да земе до крај на сезона, ако освои се, што е неверојатно, а и Новак да потфрли барем на 2-3 мастерса. Според мене не е закана Мареј.
Од друга страна Надал моментално е во минус 5500 бодови. До крај 4 мастерса+завршен турнир е 5500 бодови и УС Опен 2000=7500. Реално тешко. Да стигнеше до 1/2 финале на Вимблдон, па да се правеа вакви муабети, ама да освои 2 мастерса плус УС Опен плус барем 1/2 финале на завршен турнир, ми изгледа многу неверојатно. Да не зборуваме дека во кариерата има само 3 мастерси освоено, на тие што се после Вимблдон, последниот во 2008.
90 % останува Новак прв според мене, освен ако ептен не се надмине Мареј себе и да го порази уште во 3-4 финалиња до крај на сезона. А за најдобар тенисер годинава, ако одбрани УС Опен Мареј ќе биде секако.