ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
не се изнаигра Роџер на големиве турнири па реши да освои нешто на мизерниве :D
 
Бидна и Вимблдон, победа на Мареј од 3:0. Некој од поупатениве што следат да кажат каква ќе биди ситуацијата со местото број 1 до крајот на годинава, дали има реални шанси Мареј да ја загрози таа позиција или евентуално Надал?
 
Бидна и Вимблдон, победа на Мареј од 3:0. Некој од поупатениве што следат да кажат каква ќе биди ситуацијата со местото број 1 до крајот на годинава, дали има реални шанси Мареј да ја загрози таа позиција или евентуално Надал?

Oд утре:
1. Новак 12310
2. Мареј 9360
3. Ферер 7220
4. Надал 6860
5. Федерер 5785

До крај има уште 4 мастерса 1000. УС Опен и завршниот турнир.
Новак брани титули на Роџерс купот, Шангај и завршниот турнир во Лондон и финале во Синсинати и УС Опен. Значи, максимум од овие 5 турнири може да земе само 1200 поени(ако ги освои сите). А солидни поени може да земе само од Париз, лани испадна во второ коло, па напрај математика ако освои, плус 900 и нешто поени.

Мареј ја мислев дека тешко може да се доближи, ама кога ги глеам ланските резултати, можно е у теорија само. Има 3 коло и во Синсинати и на Роџерс купот и во Париз. Што значи, брани 270 поени на трите турнири. Со 3 титули, тоа се 3000 поени, значи околу 2700 плус. На завршниот турнир брани само 400 поени, а со сите победи во група до финале максимумот е 1500. Пак 1100 плус. А брани и титула на УС ОПЕН и финале во Шангај(+400 може да земе од лани). Максимум може околу 4000 поени да земе до крај на сезона, ако освои се, што е неверојатно, а и Новак да потфрли барем на 2-3 мастерса. Според мене не е закана Мареј.

Од друга страна Надал моментално е во минус 5500 бодови. До крај 4 мастерса+завршен турнир е 5500 бодови и УС Опен 2000=7500. Реално тешко. Да стигнеше до 1/2 финале на Вимблдон, па да се правеа вакви муабети, ама да освои 2 мастерса плус УС Опен плус барем 1/2 финале на завршен турнир, ми изгледа многу неверојатно. Да не зборуваме дека во кариерата има само 3 мастерси освоено, на тие што се после Вимблдон, последниот во 2008.

90 % останува Новак прв според мене, освен ако ептен не се надмине Мареј себе и да го порази уште во 3-4 финалиња до крај на сезона. А за најдобар тенисер годинава, ако одбрани УС Опен Мареј ќе биде секако.
 
Федерер од утре петти... дефинитивно почнува неговиот пад.

TOP 8 Race Singles 2013 : (Од утре)

1. Nadal 7000
2. Djokovic 6230
3. Murray 5160
4. Ferrer 3520
5. Berdych 2775
6. Federer 2515
7. Del Potro 2370
8. Wawrinka 2150
 
Федерер ништо чудно и да го прескокни Лондон ако продолжи вака...
 
Интересно ќе биде да се види на кој ќе се додели наградата АТП Играч на годината.Дали на Мари,Надал или на Ноле.Отфрлен од игра е Федерер тоа се знае веќе.На Гштад и Хамбург сака да освои да не остане на Хале само за 2013.
Инаку од денес почнаа три мастерс 250 турнир Баштад,Штутгарт и Њупорт.Големи шанси за Хас,Иснер,Куери,Колшрајбер,Бердих или Алмагро да дојдат до некоја титула на турнириве.Интересно Стефан Козлов кој има македонско потекло но американско државјанство ќе учествува во Њупорт и во првото коло игра со Пришиежни(тешко име не го напишав точно :D)
 
Интересно ќе биде да се види на кој ќе се додели наградата АТП Играч на годината.Дали на Мари,Надал или на Ноле.


Тој што ќе го освои УС Опен, или во случај ако никој од нив тројца не го освои, моја прогноза е Џокович, бидејќи најверојатно ќе ја помини цела година како број 1, и направи најдобар успех на досегашните три гренд слеми (трофеј, финале, полуфинале).
 
Димитров :cuc:

Хау да фак успеа да изгуби сет од натурализиран швеѓанец - аматер кој на последниот меч на земја изгубил 6-3 6-3 од потпросечен италијански тенисер ?
И тоа во прв сет имаше 5-4 и 40-30 на негова серва , и го губи сетот 7-5 :pos: .

Како грабуловски да му го направил ова , тука некаде е споредбава на играчиве. Бугарче бугарче жално.
 
Се надевав дека ќе загуби Бугарот. Цепеница.

Грабуловски иначе вчера освои турнир. Не знам дали е пишано низ потфорумот, еве за тие што не знаат.
 
После 6 не може да се игра во Баштад?
 
Лелел играње Козлов!Спаси 4 меч топки,2 на сервис на пољакот и го освои 11-9 вториот сет во тајбрејк.:cuc:

Можам да го замислам како ја шамара цела македонска репрезентација и тоа во моментов,на 15 години.:icon_mrgr:
--- надополнето: 8 јули 2013 во 19:26 ---
Од 0-3 15-30 ја сврти 4-3 со брејк и тоа.:cool: Единствен проблем е тоа што му излезе душата.:icon_mrgr:За 15 години се исфорсира многу.Ако издржи уште малку можеби рекорд ќе постави,ако не победил некој помлад од него на АТП кој знае.
--- надополнето: 8 јули 2013 во 19:40 ---
Уф греота,го скинаа грчеви.:(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom