ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
У јеботе, ја скрши?
 
Да продолжи нема теорија, ова може да биде и потешка повреда, да паузира некое време.
 
Не му е подуена ногата, што обично е добар знак.

FUV0azvWQAApRK0
 
Не верувам да е скршеница, класична зглоб повреда, изеба лигаменти и тоа е тоа. Ако не му се скинати ќе биде спремен за месец и пол-два да игра.

Уствари бем ли га може и да му напукна зглобот...
 
5 дена лежев и тоа само со превиткана нога, еве дури денес 6ти ден (уште со оток) функционирам ок после 300 рехабилитации, одмор итн, така да екстра хорорастично ми беше да го глеам ова. А неговово беше 5 пати поекстремно од моето.

Ќе паузира подолго за жал, гревота за него, особено што имаше шанса мечов а и неговите шанси за број 1 заминаа во вода.
 
Штета за Зверев, имаше шанса да избие и на прво место со освојување на РГ. Ако беше 1:1 во сетови после три часа игра, можеше и да го добие Рафа.

Да се надеваме дека нема скршеница, ваквите повреди некогаш изгледат пострашни отколку што се. Јас слично го имам заебано зглобот, ама за среќа беше само исчашен.
 
Прв пат во животот Зверев одигра машки на слем, и она му се случи. Навистина штета, имаше реална шанса да го добие Надал вчера. Во тајбрејкот од првиот сет пропушти 6-2. Надал делува како да е на крајот на силата, и како да ги вложува последните атоми на сила што ги има во овој турнир. Вчера во вториот сет успеа само еднаш да го задржи својот сервис, што ми е непојмливо. Најверојатно ќе го добие Руд, бидејќи Руд реално нема некоје оружје да се носи со Надал на земја, освен ако Надал не колабира на теренот.
 
Вчера условите беа нехумани, кров, спарно време, Надал изгледаше како од базен да е искочен, затоа и 1000 пати се брејкнаа у втор сет двајцата. Не знам кој е тој глупак инжињер што измислил кров без да се среди вентилацијата....

Би требало 3-0 утре за Рафа ако не му откаже телото, реално Руд нема како да го добие, преслаб бекенд има.
 
Одличен меч одигра Саша и реални да бидеме, ако го добиеше втор сет, Рафа ќе беше готов.. физички више почна да откажува. Да продолжеа со мечов ќе срушеа некој втор рекорд у историја за најдолг ( она на Иснер - Махут не се стига никад ).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom