ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Да од утре ќе има :vozbud:
 
На која даваат тенис бе?? Даваат ли на Канал5 (5+) оти никако да фатам јас..:jaj:

На канал 5 / 5+ треба да даваат мечеви од понеделник до недела.

Од фаворитите, Надал денес помина со мали потешкотии против Налбандиан 6-7 6-2 6-2.
 
Има среќа Ноле. :)

Sony+Ericsson+Open+Day+5+UHHNn9A4-5Ll.jpg


:helou:

А оваа девојка слободно нека почне да се бави со манекенство, зашто во тенис не и поаѓа баш од рекет.

Sony+Ericsson+Open+Day+5+ABex4qGLIcul.jpg


Пак ли испадна оваа,хахаха!!!манекенка одамна е,не е глупа да игра Тенис:pos2: лелеле мајкооо до кај стигна тенисов...:nesvest:

Да од утре ќе има :vozbud:


Сигурен си дека ќе даваат на канал 5 ? пошто не факам канал +
 
Го пропуштив мечот Федерер - Сера, како играше маестрото, гледаше некој?
 
Го пропуштив мечот Федерер - Сера, како играше маестрото, гледаше некој?

Немаше директен пренос ни на 5+ ни на Канал 5:toe:
А рекоа дека од денес ќе има преноси, да се надевам дека од утре ќе има барем пренос од некој меч

Моментално на ВТА турнирот во Мајами играат Венус В. и Хантукова, првиот сет го зема Хантукова и тоа убедливо со 6-1, а во вториот е 1-0 за Хантукова, на сервис е Венус

Брејк на Хантукова и во вториот сет, директен пренос на Еуроспорт1
 
Не сум изненаден од канал 5/5+, ова им премина во практика, очекувајте преноси од вторник или среда.

Не можам многу да коментирам за играта, поради моменталната мала брзина на конекцијата едвај успеав да видам нешто од мечот на Федерер и Вердаско.
Моја претпоставка е дека Федерер не е во најдобра форма, бидејќи дозволуваше рибрејк и еден анонимус како Сера, на двапати да го доведе до tie break. (двајцата имаа по 3 брејка)

Вердаско е константен во својата неконстантност. 31 винер и 53 неизнудени грешки. Со сервисот имаше големи проблеми, само 5 аса и дури 12 двојни сервис грешки.
Со таква игра ќе биде тешко против Чилич.
 
Уште едно изненадување на турнирот, Федерер беше поразен од Бердих. Премногу неизнудени грешки за Федерер, дури 61, ама мечот сепак имаше трилер завршница.



Надал не е нешто најубедлив, ама игра најдобро кога е најпотребно, веројатно и за него необично висок број на неизнудени грешки, 31.
Следен противник му е Цонга, со него треба да е вистинскиот тест.


Return winner-от за меч беше феноменален. :vozbud:

Вердаско без поголеми проблеми го мина Чилич и е следниот противник на Бердих.
 
Не е изненадување поразот на Федерер очигледно не е во форма а Бердих ќе го казни секој што прави грешки барем на тврда подлога каде што Бердих е многу силен игра супер,Надал играше солидно вчера иако навивам за него вечер можно е да загуби против Тсонга затоа што франзуцинов гази :)
 
Не е изненадување поразот на Федерер очигледно не е во форма а Бердих ќе го казни секој што прави грешки барем на тврда подлога каде што Бердих е многу силен игра супер,Надал играше солидно вчера иако навивам за него вечер можно е да загуби против Тсонга затоа што франзуцинов гази :)

Врска нема, Федерер губи намерно ако ме прашаш мене...

какви втори сервиси видов како некој од 3 та класа тенисер да сервира! Апла се приметува..го следам многу време Федере,можам лесно да приметам вакви работи иако изгледаат тотално нереално.

Ако на тоа додаеш 61 неизнудена јасно е.

Јавна тајна е дека Федерер не се замара многу многу на други турнири освем грен слем. Слушај ми го зборот ќе видиш на Ролан Гарос каква разлика ќе има у квалитет на игра.
 
Ќе биде јако Надал-Цонга осеќам!
 
Имаше доста интересни поени, ама немаше премногу квалитетен тенис бидејќи многу грешеа и двајцата.

Цонга со неговата нетрпеливост не успеа да реализира десетина брејк топки, имаше неколку такви гејмови од 10-ина минути каде што Надал мораше да се помачи и на неколку наврати со неверојатни удари да се спасува.

Почетокот на првиот сет најавуваше доста неизвесност, а во него Надал и најмногу грешеше. По неколку гејмови каде што Цонга не искористи брејк, се деморализира и Надал прилично лесно му го зеде сервисот.

Во вториот сет Надал ги намали грешките и почна да игра одлично, особено во втората половина на сетот.

Иако резултатот не изгледа така, Надал виде многу зорт во обидите да спаси толку многу брејк поени.
 
Цонга е едноставно глупак т.е неинтелегентен тенисер.

Како и да е честитки за Надал.
 
Tсонга е агресивен играч исто како Алмагро сака поенот веднаш да го добие не пимпла ич додека Надал знае со нив како и само им ги враќа и ги тера на грешка,Надал е брз и ги стигнува нивните напади и им враќа или кога ќе има простор напаѓа затоа ги гази.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom