ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Мареј го освои Шензен, победувајќи го во финалето Томи Робредо со 2-1 (7-5, 6-7, 1-6) . Имено во вториот сет во кој се играше тај-брејк , Енди спаси 5 меч топки, и тоа четири врзани при водство на Робредо од 6-2 во тај-брејкот.
 
Каков натпревар играат Димитров - Вердаско. Права штета што Вердаско има проблем со концентрацијата, инаку можеше да направи страшна кариера.
Зошто нема отворено тема за Пекинг и Токио?

Ферер после Шензен и во Токио испадна во прво коло од Гранолерс..
 
Bozoljac, типот игра и еднорачен и дворачен форхенд, првпат гледам некој тенисер да игра дворачен форхенд. Го гледав преске малце на стрим и секогаш кога може се извлекува на бекхенд, втора опција му е дворачниот форхенд и последна еднорачниот форхенд кој кај 90% од мажите е најсилното оружје
 
Каков натпревар играат Димитров - Вердаско. Права штета што Вердаско има проблем со концентрацијата, инаку можеше да направи страшна кариера.
Зошто нема отворено тема за Пекинг и Токио?

Ферер после Шензен и во Токио испадна во прво коло од Гранолерс..
Најверојатно оти не се турнири од илјадарката. :)
 
А зошто, мора да бидат мастерси или Грен Слем за да има тема? Или само овде се дискутира за 500ките?
Тука се дуискутира за останатите турнири, теми се отвараат само за ГС и мастерс турнирите, барем така беше у мое време, сеа не знам како му е у план на новиот модератор и дали уопште има план :)
Теми за пониско рангираните турнири не се отвараат одпроста причина што не секогаш го нудат најдоброто и не секогаш се наоѓаат Топ 5 тенисери на тие турнири, знам дека Пекинг е доста јак, ама ете..
 
Подфорумов за тенис, како и за кошарка е на милост и немилост оставен, организација 0. Само јебига, некој треба да постави модератори.
Фотос, океј, те прашував пошто незнаев.
 
Таман како за Гаске
1.jpg
 
А зошто, мора да бидат мастерси или Грен Слем за да има тема? Или само овде се дискутира за 500ките?
Затоа што од искуство, само гренд-слемите и мастерсите полнат страни со дискусија. Иако овај турнир има одлични играчи и заслужува тема, ќе треба да отвориме и за сите 500-ки на кои едвај ќе има еден играч од топ 10. Оваа тема е доволна за сите турнири кои не се мастерс или гренд-слем и слободно тука дискутирајте. Ако со тек на време има огромна заинтересираност за помаливе турнири, ќе почниме и за нив да отвараме теми, а и нема да направиме проблем и вие ако отворите. :)

Дури сме тука... Кој сака да отвори тема за наредниот мастерс во Шангај?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom