ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Го гледам Дел Потро против Раонич и не можам да се помирам со фактот дека еден ваков дрвосечач има освоено Grand Slam.
 
Сега за сега Новак е супериорен, Надал не ги освојува ни тие малку поени што за него треба да се сигурни, треба голем преврт во формата на двајцата да се случи за нешто да се смени на мечов.
 
Сега за сега Новак е супериорен, Надал не ги освојува ни тие малку поени што за него треба да се сигурни, треба голем преврт во формата на двајцата да се случи за нешто да се смени на мечов.

Изгледа почнува да се менува:)
 
Разочаран сум од играта на Надал, но сепак среќен поради враќањето на првото место и со фактот дека овие катастрофални партии ги пружи на не-толку важен турнир. :)
 
Го гледам Дел Потро против Раонич и не можам да се помирам со фактот дека еден ваков дрвосечач има освоено Grand Slam.
Едноставно помири се. Ако моментално игра лошо не значи дека гренд слемот е незаслужен.
 
Растурига како дете играчку, а имаше и доста Српски како и Шпански Кинези :)
 
Супериорен Џокович денеска, Надал немаше шанса во ниту еден момент, најблиску што стигна беше 40/30 на сервис на Новак и тоа доволно кажува за мечот. Надал ни своите сигурни поени не ги освојуваше, не беше на препознатливото ниво, но како и да било Новак изигра речиси без грешка.
Сатисфакција за нас е што Рафа се враќа на првата позиција, доколку успее да земе бар еден мастерс 1000 од преостанатите два би било перфектно.

Честитки до фан клуб Новак Џокович.
 
Не го гледав мечот ама што би рекле навивачите на Ноле "Не е битен еден натпревар битно е кој е прв" :ROFLMAO:
 
Не го гледав мечот ама што би рекле навивачите на Ноле "Не е битен еден натпревар битно е кој е прв" :ROFLMAO:

Што би рекле фановите на Надал, не е битно да си прв во Свет, битно е да освојуваш турнири :)
 
Шамар. Браво Ноле :cuc:
:pos:Кој шамар бе друже, сите битни титули Ноле ги изгуби годинава, освен АО и Монте Карло. И тоа неколку такви се од Надал а еден е од Мареј. Првото место исто го изгуби од Надал, па ова ако е шамар ондак не знам што да кажам... Фалеше уште и тука да го тепа и Ноле комотно можеше да го прекрстиме во зборот “комплекс“.

Не го гледав мечот али од тоа што читам Ноле рутински тепал, честито нека им е на сите негови фанови, одлично го одигра турниров. Надал дојде тука со една цел, а тоа е да стане број 1, останото е небитно според мене. Се би дал да губи на ваквите турнири а да освојува Слемови и Мастерси. Сега следи Шангај, е тука е она вистинското.
 
Раритет е на вест од порталот на Кајгана споделена на Фејсбук да има над 10 лајкови . Гледам под веста за победата на Ноле 189 лајкови за 3 саата :pos::pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom