ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Бенето беше на прагот да го победи Федерер на Вимблдон, не знам дали се сеќавате на мечот. Меч ипол беше тоа. Само на кондиција падна Бенето. Конечно го победи. Браво, го гледав одлична игра. Знае човекот како да игра против Федерер, се гледа тоа.
 
Очигледно е дека Федерер има проблеми против Бенето кога игра во сала. На Вимблдон го доби на кондиција и на искуство но денес во два добиени сета не можеше. Одличен меч изигра Бенето, од друга страна Федерер како да не беше на теренот, а и кога ќе се погледне статистиката 5 брејка во два сета му направи Бенето на Роџер така да апсолутно заслужена победа на Бенето.
 
Не знам како може турнир како Ротердам да е од класа 500, нема никаква живост, некако како да е се на сила и се чека побрзо да заврши турнирот, па на турнирот кај што игра Надал повеќе заслужува тој назив да го носи отколку овој, океј, знам дека има традиција, ама сепак.. што знам..
 
Не знам како може турнир како Ротердам да е од класа 500, нема никаква живост, некако како да е се на сила и се чека побрзо да заврши турнирот, па на турнирот кај што игра Надал повеќе заслужува тој назив да го носи отколку овој, океј, знам дека има традиција, ама сепак.. што знам..
Потполно се слагам. И незаинтересираност од публиката толку немам видено. Некни Дел Потро и Ниеминен ги гледав, дали 100-200 души имаше публика.
 
3-те финалиња денес

Rotterdam : 14.40h Benneteau - Del Potro
Sao Paolo : 16.00h Nadal - Nalbandian
San Jose : 00.00h Raonic - Haas
 
Колку очекуван триумф на Дел Потро, финалето беше тиње големо.
Надал - Налбандиан би требало да одиграат добар дуел, ако се знае дека Надал тек треба да влезе во препознатлива форма, а Налбандиан го газат годините. Сепак типувам на Надал.
Раониќ не би требало да има некој по сериозен проблем против Хас.
 
Што е со дуелов Надал-Налбандијан. Демек во четири требаше да почне, абер нема.
 
На терен се Рафа и Налбандијан. :)
--- надополнето: 17 февруари 2013 во 18:53 ---
Од 3-0 ја сврте на 6-3.

Браво Рафа! Прва титула по паузата. Нека се множат. :pipi:
 
Честитки за титулата, мислев дека мечот ќе оди во три сета, но ме демантираше Рафа. Добро е што еве покажува дека формата му оди во нагорна линија, се надевам дека набрзо ќе се врати на поголемите турнири, па да гледаме епски дуели.
 
Полошо финале одамна не сум гледал....Надал подпросечен, Налбадијан? ахахаха мизерија, и после некој ќе збори нешто лошо за Ротердам :rolleyes:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom