ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување

Разбирливо, ајде да го рачунаме олимпискиот турнир и мастерс купов како грен слеми.

Грен слем титула = 3 поени
Грен слем финале = 2 поени
Грен слем полуфинале = 1 поен

Ѓоковиќ (3 поени од Австралијан Опен, 2 поени од Ролан Гарос, 1 поен од Вимблдон, 1 поен од олимписките игри, 2 поени од САД Опен, 3 поени од Лондон Мастерс Купот). Според оваа пресметка на најважните турнири во 2012, Ѓоковиќ има 12 поени.

Мареј (1 поен од Австралијан Опен, 2 поени од Вимблдон, 3 поени од олимписките игри, 3 поени од САД Опен, 1 поен од Лондон Мастерс Купот). Според оваа пресметка на најважните турнири во 2012, Мареј има 10 поени.

Федерер (1 поен од Австралиајн Опен, 1 поен од Ролан Гарос, 3 поени од Вимблдон, 2 поени од олимписките игри, 2 поени од Мастерс Купот). Според оваа пресметка на најважните турнири во 2012, Федерер има 9 поени.

Надал (2 поени од Австралијан Опен, 3 поени од Ролан Гарос). Според оваа пресметка на најважните турнири во 2012, Надал има 5 поени.

Значи јасно е дека Ѓоковиќ пружи најмногу оваа сезона, играше 3 грен слем финалиња, иако 2 ги изгуби, сепак со победата во Лондон и Мелбурн си ја заслужува наградата.

Според овие пресметки :

2012 Top 4 :

1. Djokovic
2. Murray
3. Federer
4. Nadal

За следнава сезона убеден сум дека Надал ќе се врати во многу добра форма, можеби не од почетокот, но од Индијан Велс ќе биде убиствен и очекувам да биде најдобар во следнава сезона, исто како што беше случај после повредата во 2009та... селданта сезона (2010) едноставно блесна. :)
 
Очекувано Ноле, едноставно најдобар и најконстантен беше оваа сезона и тотално заслужено наградата оди во негови раце. Го имаше на сите подлоги на завршниците на турнирите, освои најмногу титули ако не се лажам, Играше три Грен Слем финалиња и освои еден Грен Слем така да апсолутно заслужено го добива епитетот најдобар за 2012, втора година по ред за него.
 
Па ете ја пресметката што ја извршив, реално беше најдобар статистички гледано, освои најмногу важни турнири, а и најдалеку одеше на секој од нив во просек во однос на останатите.
 
Па ете ја пресметката што ја извршив, реално беше најдобар статистички гледано, освои најмногу важни турнири, а и најдалеку одеше на секој од нив во просек во однос на останатите.
Убава пресметка си направил, апсолутно е така. Мареј го немаше нигде до Вимблдон, само на АО што изигра страшно и несреќно загуби од Ноле, ради таа негова утепана психа, на земја катастрофален. Од друга страна Новак почнувајќи од АО па се до мастерсот во Лондон играше константно и стандардно, единствено во Париз што загуби во второто коло али тоа не му го рачунам бидејќи сите знаеме дека на тој турнир никој од топ 8 тенисериве не игра ниту со 50% од своите можности. АО го освои, полуфинале Индиан Велс, Мајами титула, Монте Карло финале, Рим финале, Мадрид четврт финале, Ролан Гарос финале, Вимблдон полуфинале, ОИ полуфинале Торонто титула, Синсинати титула, УС Опен финале, Шангај титула, Париз второ коло, Лондон титула. Да го тргнеме Париз настрана тој на секој турнир стигал барем до полуфиналето, Мадрид сите знаеме дека поради подлогата им се случија рани елиминации на Ноле и Рафа. Така да кој сака нека збори али Новак презаслужено ја освојува оваа награда без ниту една дамка врз тоа, колку сака нека збори Полат али џабе му е, факти си се факти.
 
:) Друг пат не води инат и гледај ги работите малце реално.
Зошто? Ова само го потврди тоа шо го рекот пред Word Tour Final, дека Мареј во тој момент беше најдобар тенисер за оваа година. Незнам каде беше дискусијата ама оди види како другите правеја некој статистички операции(некој бил прв ххх број недели) да докажaт дека бил подобар од Мареј годинава и вика дека Мареј одвај е пред Надал кој ја пропушти пола сезона. Кој и да освоеше во Лондон од топ 3 ќе беше прогласен за најдобар оваа година.
 
Нема врска, Новак секако ќе го освоеше тоа, без разлика на последниот турнир во Лондон, па ми се чини таму и му доделија награда за најдобар тенисер во изминатава година.
 
:icon_lol::icon_lol::icon_lol:

35ho85x.jpg
 
Tурнирот во Доха ќе биде доста интересен, пријавени се Рафаел Надал и Роџер Федерер, од 2 до 7 јануари ќе се одржи.
Топ 5 носители
1 Nadal, Rafael ESP
2 Federer, Roger SUI
3 Tsonga, Jo-Wilfried FRA
4 Monfils, Gael FRA

А Новак Ѓоковиќ со Ана Ивановиќ ќе учествуваат на Хопман купот во Австралија, тој турнир започнува пред Нова година, на 29ти декември до 5 јануари

unbenannthse.jpg
 
За само 8 дена, и официјално почнува новата тениска сезона. Во четрток, на 27. декември 2012 година, ќе се одиграат првите 2 четвртфинални меча на турнирот во Абу Даби. Во првиот ден ќе игра Рафаел Надал против Јанко Типсаревиќ или Томаш Бердих (зависно од жрепката), а другиот противник ќе игра против Давид Ферер. Доколку победи во својот прв меч, Надал ќе треба да игра во полуфиналето против Мареј или Ѓоковиќ кои како пласирани на првите 2 позиции, директно се наоѓаат во полуфиналето.
 
Нема да учествува Надал на егзибицијата во Абу Даби?
Во Доха ќе игра?
Штета ако е така.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom