Е забораив да ти спомнам, тој услов не важи за играчи над... мислам 30 или 32 години што имаат добиено над 500 меча во кариерата, или изиграно над 500 така нешто беше. Сигурен сум дека имаше ваков услов за тенисерите со повеќе години и мечеви во нозете, само со бројкиве могуче е да измешав нешто. За останатите си останува условот од погоре што го спомнав. Сеа знам дека некој ќе се закачи со коментар демек може да одглумат повреда и ајт чао, ама не е баш така едноставно, многу работи се врзани тука, спонзори, пари од маркетинг за ТВ ПРАВА итн итн, башка што ако го фатат дека не е повреден пошо подлежат сигурно на комисии, турнирски доктори и слично, може да јаде суспензија.