ATP тенис - општа дискусија

Член од
23 август 2010
Мислења
39.351
Поени од реакции
113.628
Имаше еден таков пример сега брзо индиецот Нагал даде таква изјава дека нема ебан долар и дека неможе да патува и да плаќа тренери/хотели итн.Ама после изјавата му тргна и имаше добри резултати, ако го најдам видеото ќе го постирам.
Не само тоа туку и спонзори си доби после таквата изјава. И секако потона како жетон после тоа. :ROFLMAO:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.700
Поени од реакции
36.531
Не е глупост, верувај ако си надвор од топ 100 претешко е да опстанеш и да живееш од тенисот. Еден ИТФ турнир да освоиш одприлика вкупен награден фонд е 10.000 долари, рачунај победникот ќе земе околу 1500 евентуално 2000 долари. Каде е смештајот, каде е картата за пат, каде е тренерот, каде се трошоците за храна и превоз, едноставно неиздржливо е ова и затоа многу тениски кариери се рано згаснати а можеле да бидат успешни.

Капа доле за Новак за овој потег.
Не тоа. Демек долга била сезоната, немало одмор. Па ако сакаат да има одмор некој не ги тера да играат.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.351
Поени од реакции
113.628
Не тоа. Демек долга била сезоната, немало одмор. Па ако сакаат да има одмор некој не ги тера да играат.
Мислам дека има услов и обврзани се да играат на сите Слемови и Мастерси (освен Монте Карло), четири АТП 500 и две 250ки, ама не сум сигурен дали се точни бројкиве, знам едно време така беа.

Во меѓувреме исто така ако не се лажам Алкараз го освои својот прв АТП 500 турнир, малце чудно ама тоа е. Страшен тај брејк во третиот сет, 3-0 водеше Синер па после Карлитос освои 7 поени по ред.

Едит: Без да гуглам бладам дефинитивно, само Барса ја има два пати освоено, ако добро памтам и Рио го има освоено така да сигурно не му е прва 500ка. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.700
Поени од реакции
36.531
Мислам дека има услов и обврзани се да играат на сите Слемови и Мастерси (освен Монте Карло), четири АТП 500 и две 250ки, ама не сум сигурен дали се точни бројкиве, знам едно време така беа.
Не сум слушнал тоа. За што е тој услов? Па само Новак испушти 4 мастерси годинава, ако не сум грешка.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.351
Поени од реакции
113.628
Не сум слушнал тоа. За што е тој услов? Па само Новак испушти 4 мастерси годинава, ако не сум грешка.
Е забораив да ти спомнам, тој услов не важи за играчи над... мислам 30 или 32 години што имаат добиено над 500 меча во кариерата, или изиграно над 500 така нешто беше. Сигурен сум дека имаше ваков услов за тенисерите со повеќе години и мечеви во нозете, само со бројкиве могуче е да измешав нешто. За останатите си останува условот од погоре што го спомнав. Сеа знам дека некој ќе се закачи со коментар демек може да одглумат повреда и ајт чао, ама не е баш така едноставно, многу работи се врзани тука, спонзори, пари од маркетинг за ТВ ПРАВА итн итн, башка што ако го фатат дека не е повреден пошо подлежат сигурно на комисии, турнирски доктори и слично, може да јаде суспензија.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.717
Поени од реакции
43.745

А освен тоа и губи поени (директно или индиректно), паѓа на ранг листата, а со тоа има потежок ждреб на турнирите на кои ќе игра.

Ама кај сите спортови овој проблем е веќе присутен. Во формула на пример веќе ги дуплираа трките и трае до декември, за фудбал веќе е актуелно тоа прашање, НБА секако имаат премногу утакмици, ама таму бар може да ротираат до плеј офот, Евролига новиот формат сигурно носи повеќе утакмици од претходно.

Едноставно, спортот е една голема машина за пари, а тоа луѓето кои раководат со него се повеќе и повеќе се ориентирани да им понудат што е можно поголема забава на гледачите.
 
Реално исти ташак е распоредот у тенис откако пратам јас спорт, турнирите се тие, едино Лејвер Куп сеа играат што нели не се бодува ама па не ни мораат да го играат само ете паричките се слатки па се пријавуваат и за тоа. Само квичат нека идат у курац, многу пари заработуваат а кукаат на велико. Знам дека правевме муабет претходно за послабо рангираните тенисери и нивните примања, ок за нив си стои проблемот, ама за овие у топ 100 нема изговор. Приметуваш ваљда колку пациенти има од типот на Федерико Кориа кој освен на земја не постои на мапата, фино лепо ќе си отиде на АО, УСО и Вимблдон како турист, ќе изгуби прво коло глатко од било кого и ќе си кешира 100+ илјади долари/евра. Ваквите би ги горел со напалм без око да ми трепне, ама јебеш га таков е системот и си користат. А ранкингот го држи со по 5-6 освоени Челенџери на земја, плус случаен излет на некој АТП турнир на земја до 1/8 финале рецимо и лагано си лебди у топ 100 без никаков проблем. Крвта да му ја ебам патем.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.700
Поени од реакции
36.531
Е забораив да ти спомнам, тој услов не важи за играчи над... мислам 30 или 32 години што имаат добиено над 500 меча во кариерата, или изиграно над 500 така нешто беше. Сигурен сум дека имаше ваков услов за тенисерите со повеќе години и мечеви во нозете, само со бројкиве могуче е да измешав нешто. За останатите си останува условот од погоре што го спомнав. Сеа знам дека некој ќе се закачи со коментар демек може да одглумат повреда и ајт чао, ама не е баш така едноставно, многу работи се врзани тука, спонзори, пари од маркетинг за ТВ ПРАВА итн итн, башка што ако го фатат дека не е повреден пошо подлежат сигурно на комисии, турнирски доктори и слично, може да јаде суспензија.
ОК, видов сега дека имало таков услов, за топ 30 тенисерите, мора да играат на сите 4 слема, на 8 од 9 Мастерс 1000 и мислам 4 x 500-ки и 1 x 250-ка. Ама ако не го исполнат тој услов не се суспендирани, туку останатите турнири немало да им се бодуваат. А ако сакаат да бидат повисоко рангирани, секој би сакал да им се бодуваат, па така... За останатите тенисери, таму некаде до 180-200 место, задолжителни биле само 4 слема и 8 од 9 мастерси.

Е сега нејасно ми е како го одредуваат тоа кому што му е задолжително. Пр. квалификации за Австралија опен играат до, рецимо, 186 рангиран. Тој што е 187 не може да игра. Подоцна тој се искачува, на пример, на 90 место на АТП и другите 3 слема ги игра. Првиот го испуштил, а нели задолжителни му се 4. И обратно, некој во обратна позиција.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.351
Поени од реакции
113.628
Е сега нејасно ми е како го одредуваат тоа кому што му е задолжително. Пр. квалификации за Австралија опен играат до, рецимо, 186 рангиран. Тој што е 187 не може да игра. Подоцна тој се искачува, на пример, на 90 место на АТП и другите 3 слема ги игра. Првиот го испуштил, а нели задолжителни му се 4. И обратно, некој во обратна позиција.
Според ранкинг. Затоа имаш ентри листа за сите турнири, за АО мислам негде во декември се одредува ентри листата, за РГ во април, за Вимблдон мај/почеток на јуни, за УСО јули. Ситуацијава што си ја спомнал си е сосема ок, немал ранк за АО, тера даље, во меѓувреме добива ранк и обавезни му се останатите три. Е сеа имаш топ 10, топ 30, топ 50 тенисери што се знае дека цела година ќе имаат ранк за најголемите турнири и на нив под дифолт им се обврзувачки.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.717
Поени од реакции
43.745

Надал и официјално става крај на својата кариера. Колку и да не ми беше омилен тенисер, респект за тоа што го направи во и за спортов. Неверојатен спортист и вистински шампион.

Ајде бар @Stefan-kobe ќе може слободно да навива за Алкараз сега хехе :D
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.351
Поени од реакции
113.628
Ауффффффф, уште ова ми фалеше денес, ти ебам денот скапан. Отиде и последниот од моите идоли од детството, до душа едниот умре ама тоа е веќе друга тема. Колку и да беше очекувано после ланската операција сепак кога доаѓа тој момент на официјално објавување пензија те обзема некое језиво чувство и ти е криво што веќе на ТВ нема да гледаш таков играч. Мислам дека не мора да објаснувам што све има постигнато човекот, едноставно еден од најдобрите спортисти во историјата, пример за спортист и човек, класичен рол модел. Што да се каже, нека му е среќна пензијата, а јас не знам дали ќе може да го гледам Дејвис Купот и неговиот последен меч. Ќе пробам..
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.930
Поени од реакции
4.322
Вториот најдобар играч во историјата на тенисот ги закачи патиките на клин. :D
Од дете го глеам , поточно од 2006 и можам само да му се заблагодарам за сите убави , но и стресни моменти. Засекогаш крал на земјата!
Има уште Дејвис Куп за играње , не е се готово. :LOL:
 
Едно е сигурно, Надал е најспектакуларниот тенисер што некогаш заиграл тенис. Она што тој го прикажуваше на РГ и општо на земјените подлоги е нешто што никогаш нема веќе да се види во светот на тенисот, ниту пак се видело. Неговиот форхенд, движењето на земја, општо играта на земја, со сигурност нешто најуникатно во светот на спортот.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.921
Поени од реакции
44.972
И така ваљда на крај се погоди, последниот компетитивен меч во индивидуална категорија да му е баш против Новак, на неговиот најомилен терен, можда и така требаше да биде, мислев има сили за уште еден РГ али повеќе од очигледно беше дека се мачи на терен и е непрепознатлив дури и на неговата омилена подлога. Не е никакво изненадување ова зашто најавите беа дека оваа година на РГ најверојатно ќе се деси тоа, тука малце му се зголемија апетитите зашто подигна ниво ама пост периодот пак следеше пад и непрепознатливост на неговата најомилена подлога.

Нека му е со среќа у пензија, нема што повеќе да се докажува и онака, повеќе од доволно му даде на тенисот и засекогаш ќе остане еден од најдобрите во овој спорт, и дел од најдобрата тројка во историјата у пакет со најдобрата ера што овој спорт некад ја просведочил каде таквите резултатите, ко неговите, имаат посебна тежина, неповториво у секој поглед ќе е тоа. Остана уште Новак, кој сега за сега не се дава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom