И така ваљда на крај се погоди, последниот компетитивен меч во индивидуална категорија да му е баш против Новак, на неговиот најомилен терен, можда и така требаше да биде, мислев има сили за уште еден РГ али повеќе од очигледно беше дека се мачи на терен и е непрепознатлив дури и на неговата омилена подлога. Не е никакво изненадување ова зашто најавите беа дека оваа година на РГ најверојатно ќе се деси тоа, тука малце му се зголемија апетитите зашто подигна ниво ама пост периодот пак следеше пад и непрепознатливост на неговата најомилена подлога.
Нека му е со среќа у пензија, нема што повеќе да се докажува и онака, повеќе од доволно му даде на тенисот и засекогаш ќе остане еден од најдобрите во овој спорт, и дел од најдобрата тројка во историјата у пакет со најдобрата ера што овој спорт некад ја просведочил каде таквите резултатите, ко неговите, имаат посебна тежина, неповториво у секој поглед ќе е тоа. Остана уште Новак, кој сега за сега не се дава.