ATP тенис - општа дискусија

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.741
Поени од реакции
18.490
Разликата во подлогата у Мадрид и онаа на другите терени е ова, лизгава е и тврда - брза.

Е сега, ако некој не се лизга на истата, и успее да одржи баланс без проблеми, колку разлика ќе му направи на него таквата подлога?

1. Ако е вистински професионалец (флексибилен тенисер) ќе му направи ама не огромна разлика.
2. Ако е човек кој е неводолно способен да се прилагоди (да не одржи баланс) ќе му направи голема разлика.
3. Ако не е ова вистина зошто Надал и Џокович беа најгласни заради подлогата? зошто Бердих не се бунеше? зошто Ферер не се бунеше? зошто Делпотро не се бунеше? зошто Азаренка не се бунеше?

И да Wimbledon на времето и овој сега се различни како црно и бело, Wimbledon во денешно време е успорен видно, топчето повеќе одскокнува, и генерално е доста поспор него порано, истото важи и за AO кој од брз слем, стана еден од најспорите....доказ за тоа е 6, да 6 часовниот дуел помеѓу Надал и Џокович, оваа година.....затоа ве молам, заборавете го турниров, и гледајте напред, најмалце од сите имаат право да се бунат Надал и Џокович, ај Џокович не толку бидејќи него играта на тврда подлога - брза му е скоро еднаква со онаа на земја-поспора (АО) значи проблем било што неможел да се прилагоди не брзината, ама за Надал сите знаеме дека претпочита многу повеќе поспори подлоги така да мислам дека се прави огромна бука од ништо, на крајот на краиштата, самиот Надал кажа дека не изгубил ради подлогата, и тоа е тоа.

За крај, прашање: дали мислите дека доколку Надал можеше да одржи баланс на оваа подлога, ќе го освоеше овој турнир?
 
С

сашенко

Гостин
^ Да не беа успорени подлогите на сите турнири последниве години, Надал и Џокович немаше никогаш да станат број 1 со ваквата игра што ја имаат.Барем Надал сигурно немаше.Се повеќе и повеќе сум сигурен дека Федерер не падна ради формата или нешто слично, него намерно беше предизвикано да има промена на ранкингот со постатување спори подлоги каде Федерер искрено нема шанси со Надал.Едноставно, се појавија такви таленти како Надал и Џоковиш и мораа да реагираат од атп да им овозможат и на нив подлоги каде ке го покажат својот потенцијал максимум.Ама неможе секоја година и секој турнир да биде за нив, има и други што сакаат да играат.Би било уште подобро кога ги вратиле Вимболдон и еден од Аустралиа и УС Опен да бидат брзи како порано а Роланд Гарос и уште еден од болдираните поспор и така ке биде пола пола сеоната па кој ке се прилагоди подобро тој заслужено ке си биде на топ
 

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Минатата недела Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал не се прославија на Мастерсот во мадрид, каде за нивните рани елиминации ја обвинија сината земјена подлога.
Тоа нималку не ѝ се допадна на Серена Вилијамс, која славеше во женска конкуренциија и која упати неколку „сочни“ зборови до своите машки колеги.
Жените пак покажаа дека се посилни од мажите. Поради тоа што сме посилни од нив ние и можеме да раѓаме деца. Мажите никогаш не би можеле да бидат бремени девет месеци. Додека некои од тенисерите се жалеа како пич.. на сината подлога во Мадрид, тенисерките си ќутеа и си играа, што е и наша работа“ - изјави Американката. :cuc:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.490
Поени од реакции
114.491
^ Да не беа успорени подлогите на сите турнири последниве години, Надал и Џокович немаше никогаш да станат број 1 со ваквата игра што ја имаат.Барем Надал сигурно немаше.Се повеќе и повеќе сум сигурен дека Федерер не падна ради формата или нешто слично, него намерно беше предизвикано да има промена на ранкингот со постатување спори подлоги каде Федерер искрено нема шанси со Надал.Едноставно, се појавија такви таленти како Надал и Џоковиш и мораа да реагираат од атп да им овозможат и на нив подлоги каде ке го покажат својот потенцијал максимум.Ама неможе секоја година и секој турнир да биде за нив, има и други што сакаат да играат.Би било уште подобро кога ги вратиле Вимболдон и еден од Аустралиа и УС Опен да бидат брзи како порано а Роланд Гарос и уште еден од болдираните поспор и така ке биде пола пола сеоната па кој ке се прилагоди подобро тој заслужено ке си биде на топ
Значи те молам немој да збориш на празно. Ради Надал и Џокович подлогите поспори станале, ма немој. Роланд Гарос од увек си бил таков, едноставно сите турнири се претежно исти едино АО ја сменија подлогата пред некоја година па можно е таму да е поспора сега.
Зошто не кажеш дека дојде нова ера во тенисот? Зошто не кажеш дека Надал еволуираше во врвен тенисер од обичен земјаш? Знаеме сите Рафа какви резултати имаше на побрзите подлоги, па како со тек на времето созреа и освои турнири на сите подлоги, а доказ за тоа ти е Вимблдон. Доказ за тоа имаше на Мастерсот во Мајами кога овие од режија пуштија графички приказ за тоа каде Надал прима сервис на три различни подлоги, знам само за трева беше ставен Вимблдон, другите два мислам беа Монте Карло и Мајами.

Денешниов тенис добива нова димензија, тенисерите се прилагодуваат на сите подлоги, темпото на игра е доста високо, едноставно многу работи се имаат променето во последните десетина години. Свеж пример ти се американциве, попрецизно Иснер. До лани скоро не ни играа на земја, максимум еден-два турнира, оваа година не само што играат добро на земја него и добри резултати прават, конкретно Иснер кој го победи Федерер и тоа во 3 добиени сета во Дејвис Купот! 3-1 за Иснер беше. Умре тоа старото олд скул играње тенис каде што се знаеше дека Сампрас доминира на Вимблдон, Борг на Роланд Гарос итн итн... Сега секој на секоја подлога е јак.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Не велам дека условите за игра отсекогаш биле исте ( зборувам за подлога) меѓутоа грев е да се каже дека некој ги корегирал подлогите за туѓа доминација, во случајов Надал и Новак. Како прво, Надал освојува турнири од 17 години. Пробивот во врвот му е започнат уште одамна. А пак за Ноле ич не држи вода муабетот. Човекот вложи во себе и се изгради како играч од прва класа. Тренинзите го направија прв, а не подлогите.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
тенисот е бизнис а како вика Надал некогаш губиш некогаш добиваш и то је то инаку малку од тенисерите живеат добро без разлика дали имаат талент или немаат тешка професија која многу малку од играчите можат да живеат како професионалци.

треба нешто да се менува тоа сигурно
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.741
Поени од реакции
18.490
Земете отворете Youtube и гледајте каква е брзината на Wimbledon пред 6-7 години, и каква е сега, пробајте го истото со AO, значи еве нека било све лага, нека не постоеле спонзори на кои тоа успорување им значи милиони ако не милијадри долари, и нека не постоеле брендови кои исто така финансираат и подеднакво тоа успорување им значи многу пари, сетете се само каква беше популарноста не тенисот пред 6 години и каква е сега? има огромна разлика така? секој втор почна да гледа тенис, а знаете ли зошто? сигурно не е случајно, страшна медиумска капања се покрена со самото тоа што се успорија подлогите, се зголеми времетраењето на мечевите, се зголеми посетеноста на мечевите, од 2 -3 часовни станаа 4-5 часовни, од брза игра и serve and volley сега гледаме гладијаторски - физчки тенис кој публиката го сака.

Зошто е тоа така сте се запрашале? чиста логика само користете нема потреба да верувате во нешто, ако мислите дека не е вистина, све е пред вашите очи. Зошто веќе никој не игра serve and volley ако не се успорени подлогите, а богами и топките ги сменија не се истите и дополнителен ефект на успорување имаат, за структурата на подлогите нема ни да зборувам таа е скроз сменета...

Еве пример, како стана Ноле најдобар во 2011? возеше по цели денови точак, имаше неверојатни физички тренинзи и оп, нагло стана најдобар тенисер, пак заради неверојатните тренинзи по кои физичката подготвеност му се крена за цели неколку левела = непобедлив на терен, дали мислите дека да се случело тоа пред 10 години, т.е. да играл тогаш таа негова додатна физичка подготвеност ќе била толку битна? нормално дека не, бидејќи на тие брзи подлоги, кога ќе ти пукне некој форхенд, неможеш да гребеш по линија - да лизгаш и да ја стигнеш топката, него само со очи ја проследуваш како поминува покрај тебе, нема одскокнување, нема лизгање, чист рамен винер.....


Пак ќе кажам, пуштете некои стари видеа и погледнете што се случувало порано, каков тенис се играл, и колку биле побрзи Wimbledon/AO и некои други мастерси...нема потреба од мислење дека некој крои conspiracy theory затоа што тоа не е случајот, него чиста вистина која сите ја знаеме и е очигледна, Монте Карло и Мајами ги спомнавте? па овие турнири се ултра спори....незнам зошто воопшто ги истакнувате како меродавни...маркетингот и парите го вртат светот, гајле им е на ATП дали тенисрите со играта на спори подоги, ќе се пензионираат неколку години порано, им чуе уво.....све за што се замараат е само маркетинг и пари.

Eве ви едно видео од мене,

http://www.4shared.com/video/tPT5kkyn/Wimbledons_speed_2003-2008_-_Y.html?




И тука ви сакал да заврши цела дебата за успорување, нема потреба во таа насока да ја носиме дискусијата, јас цел живот гледам да бидам реален така што за ова нема да се согласам дека не е вистина кога е...
 
С

сашенко

Гостин
Значи те молам немој да збориш на празно. Ради Надал и Џокович подлогите поспори станале, ма немој. Роланд Гарос од увек си бил таков, едноставно сите турнири се претежно исти едино АО ја сменија подлогата пред некоја година па можно е таму да е поспора сега.
Зошто не кажеш дека дојде нова ера во тенисот? Зошто не кажеш дека Надал еволуираше во врвен тенисер од обичен земјаш? Знаеме сите Рафа какви резултати имаше на побрзите подлоги, па како со тек на времето созреа и освои турнири на сите подлоги, а доказ за тоа ти е Вимблдон. Доказ за тоа имаше на Мастерсот во Мајами кога овие од режија пуштија графички приказ за тоа каде Надал прима сервис на три различни подлоги, знам само за трева беше ставен Вимблдон, другите два мислам беа Монте Карло и Мајами.

Денешниов тенис добива нова димензија, тенисерите се прилагодуваат на сите подлоги, темпото на игра е доста високо, едноставно многу работи се имаат променето во последните десетина години. Свеж пример ти се американциве, попрецизно Иснер. До лани скоро не ни играа на земја, максимум еден-два турнира, оваа година не само што играат добро на земја него и добри резултати прават, конкретно Иснер кој го победи Федерер и тоа во 3 добиени сета во Дејвис Купот! 3-1 за Иснер беше. Умре тоа старото олд скул играње тенис каде што се знаеше дека Сампрас доминира на Вимблдон, Борг на Роланд Гарос итн итн... Сега секој на секоја подлога е јак.
Стефан, да точно е тоа.Ама на подлоги кои се поспори од она што беа порано.На поспор Вимболдон успеа Надал.Надал секако дека еволуираше во врвен тенисер, Џокович исто еволуираше ама подлогите беа успорени последниве неколку години во однос на тоа што беа порано.Тоа им помогна на Надал и Џокович многу.Види го Федерер само како си игра со нов на брзите подлоги, на стварно брзи подлоги мислам не на оние турнири кои важат за брзи а уствар подлогите и не се баш којзнае колку брзи.А ако тенисерите денес се прилагодуваа на сите подлоги тогаш зошто Надал и Џокович не се прилагодат сега на Мадрид? Ако дојдат пак следанта година и настапат, ок ке признаам дека си во право.Ама биди сигурен дека ке јадат гомна уште и дека направат што можат се врати старата подлога.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.741
Поени од реакции
18.490
Еве го видеото, сега гледам дека некој ерор дава.

 

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Реално гледано јас не очекував дека Надал некогаш ќе го освои Вимболдон,но ете и тоа се случи. Специфична подлога е тревата, посебно шпанците а и многу други тенисери се губат на нејзе. Има тенисери кои се појавуваат само на трева играат,а цела година ги нема. Мајсторијата е сите да ги имаш освоени гренд слема,тоа му успеа на Рафа. А за маркетингот и гледаноста на спортот е се поголема. Интересно е колку само поединец може да спаси една јака компанија ,производителот на спортска опрема како што е Серџо Такини, на Новак тоа му успеа.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.490
Поени од реакции
114.491
А со ова сакаш да кажеш дека Федерер е камен затоа што не знае да игра на спора подлога? Исто му се фаќа како и да ја вртиш :)
 

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
А со ова сакаш да кажеш дека Федерер е камен затоа што не знае да игра на спора подлога? Исто му се фаќа како и да ја вртиш :)
Федерер има освоено РГ,така да не гледам зашто он би бил слаб на земја :)
 
С

сашенко

Гостин
А со ова сакаш да кажеш дека Федерер е камен затоа што не знае да игра на спора подлога? Исто му се фаќа како и да ја вртиш :)
Не е камен, само Рафа е премногу добар на такви подлоги за него.Он со други тенисери нема проблеми на спори подлоги
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.741
Поени од реакции
18.490
А со ова сакаш да кажеш дека Федерер е камен затоа што не знае да игра на спора подлога? Исто му се фаќа како и да ја вртиш :)
lol!

јас ваков камен у живот не сум видел :D


Го немаше Надал во финалето.:D
А дали стигнувањето во финале е нешто што може да окарактеризира играч како слаб на таа подлога?

 

Kajgana Shop

На врв Bottom