ATP тенис - општа дискусија

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
А ако тенисерите денес се прилагодуваа на сите подлоги тогаш зошто Надал и Џокович не се прилагодат сега на Мадрид? Ако дојдат пак следанта година и настапат, ок ке признаам дека си во право.Ама биди сигурен дека ке јадат гомна уште и дека направат што можат се врати старата подлога.
Океј ајде истово прашање ама во обратна насока. Зошто Роже не се адаптирал на промените на терените за да ја продолжи доминацијата? Работава ќе излезе дека како и да свртите или Новак и Надал не се толку добри или пак Роже не е добар. Муабетов понеблагодарен не може да биде.

Не постои спорт на планетава кој не претрпел измени. Земи го кој сакаш пример. Фудбалот во 90 тите со овој сега, не може да се спореди. За оној па од поодминати години ич муабет да не правиме. НБА денес и некогаш е многу поразлична. А пази и денес го поставуваат она смешно прашање: Дали Џордан би се снашол во оваа лига денес? Па тоа се две различни работи мајке му. Да не забегувам оф топик со набројувањето.

Друга работа е што во време на доминација на Федерер, Надал беше втор подолго време. За да стигнеш до втор значи си се адаптирал на секоја можна подлога, зашто поените не доаѓаат сами по себе, туку со освојување турнири. Еве Ноле запна, ја адаптираше играта на сегашните услови и стана прв. Промените нема никогаш да застанат. За 10 години со сигурност тениската игра ќе се промени особено во делот со условите. И што со тоа? Ништо. Ќе се адаптираат спортистите и толку.

Што се однесува до Мадрид, прво утврдивме дека Надал не го поврза својот пораз со подлогата туку рече: Изгубив зашто заслужив. Патем, коментаторот на спортклуб ми се чини кажа дека според испитувањата, теренот навистина ги немал својствата на вистинска земја. Нешто со тапкањето и подлогата врз која е ставена истата беше напоменато. Мадрид е еден турнир со таква експериментална подлога и не гледам зошто е толкав баук ако сакаат да се повлечат од него. Факт е дека она не беше земја како оваа во Рим, Барселона или Монте Карло. Се виде. Може да тераме инат, ама се гледаше по самата игра дека благе нема везе со земја. Погледнете го само клизањето на терен во Мадрид со ова на Рим. Има разлика нели? Е сега ќе ми рече некој имале една недела време за адаптација пред да откажат учество на истиот. Како прво, разликата во поени меѓу Рафа, Роже и Ноле е многу мала, ниеден од нив не е луд да се откаже од поени тукутака во оваа состојба без нити да проба да го одигра турнирот. Пробаа со пресинг уште кога организаторот најави промени, не им успеа, одиграа и излезе дека сите биле во право. Ако не, нека воведат уште една подлога, па тогаш барем официјално ќе се знае дека тоа не е земја и ќе се вежба играта на тенисерите на неа. Вака да викаш дека некој игра на земја, кога благе везе нема, е смешно.
 
L

Löwe

Гостин
Благодарение на Робин :icon_lol:
Тогаш Надал поминуваше низ многу тежок период. Неговите родители беа во бракоразводен процес, а тоа се одрази на терен. Башка на тоа излезе и некоја повреда поради која мораше да го откажи и Вимблдон, иако требаше да брани ЦЕЛИ 2000 поени.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Тогаш Надал поминуваше низ многу тежок период. Неговите родители беа во бракоразводен процес, а тоа се одрази на терен. Башка на тоа излезе и некоја повреда поради која мораше да го откажи и Вимблдон, иако требаше да брани ЦЕЛИ 2000 поени.
Токму така. Живи луѓе се и спортистиве, имаат момент на кризи. На пример, Ноле на Монте Карло не беше при себе после веста на дедо му и кој сака може да ме убедува, макар што дојде до финале човекот беше емотивно поразен и уништен што се виде во неговата бездушна игра. Јас пак би се кладела дека Рафа ќе го тепаше, ама немаше да го декласира на онаков начин.
 

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Тогаш Надал поминуваше низ многу тежок период. Неговите родители беа во бракоразводен процес, а тоа се одрази на терен. Башка на тоа излезе и некоја повреда поради која мораше да го откажи и Вимблдон, иако требаше да брани ЦЕЛИ 2000 поени.
Хаха, знам за целата ситуација, не мора сеа одма правдање,Роџер само така можеше да го освои РГ. Исто како минатата година кога Роџер го победи на Новак и му олесна на Рафа дека нема да игра со него во финале(знаеме како Рафа поминаше во финалињата минатата година со Новак) ;)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Тогаш Надал поминуваше низ многу тежок период. Неговите родители беа во бракоразводен процес, а тоа се одрази на терен. Башка на тоа излезе и некоја повреда поради која мораше да го откажи и Вимблдон, иако требаше да брани ЦЕЛИ 2000 поени.
Така е другар, скоро сите поминуваат низ тешки периоди луѓе се нели, никој не е без проблеми, па колку сака познат и славен нека биде, парите и славата не се се.

Еве како пример Федерер поминуваше низ многу тежок период 2008-2009, ама во неговиот случај многу малце новинари известија за тоа.

Федерер во тој период играше болeн од Мононуклеоза при што изгуби и еден слем заради тоа, таа вест е многу малце позната генерално кај тенис фановите. Друго, незнам дали знаете исто така дека Федерер има доста проблеми со кичмата, од друга страна пак го имаме Ноле со дишењето и така, сите си имаат по некој проблем ако ние мислиме дека све им цвета :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.390
Поени од реакции
113.848
:pos::pos::pos:
Абе што ме нападнавте, само му пишав на Сашенко дека он тоа што ми го збори дека би било исто и со резултатите на Роџер на земја, каде има неколку титули, РГ, Хамбург, Мадрид две и не знам може уште некоја да има али не е битно, сакав да кажам дека е подоминантен на другите подлоги. :D
Убаво објасни девојчето погоре, Рафа е доминантен на земја ама игра одлично и на брзите подлоги, Федерер е доминантен на побрзите подлоги, особено тревата а на земја исто така игра одлично но никогаш не бил нешто доминантен, исто и Рафа на брзите.
Муабетот ми е дека секој си е специфичен на свој начин, да не цртам што како и зашто. Ама стварно глуп муабет е да спомнеш дека поради Надал и Новак ги успориле подлогите за да освојат нешто инаку не би освоиле.
Иначе да ми каже некој денес како играше Надал, гледам по резултатот се мачел во вториот сет. Не бев во можност да гледам.:)
 

Флојдерка

Together we stand, Divided we fall..
Член од
7 април 2012
Мислења
336
Поени од реакции
340
Го немаше Надал во финалето.:D
Хаха, баш смешно! Надал го немаше во финале затоа што заслужено си изгуби од Содерлинг, зошто не би претпоставиле дека би изгубил и од Федерер, место да претпоставуваме дека Федерер победил затоа што го немало Надал? Тоа е исто како да речам јас “Надал победи 2010 на Вимблдон затоа што Федерер го немаше..“ А вистината е дека Федерер играше ужасно таа година на Вимблдон.

А за ова со новата подлога во Мадрид пак ќе речам дека Џокович и Надал како по обичај штом загубат имаат “добри“ причини за тоа да се жалат каде ќе стигнат. Па нели беа они најдобри и посилни од Роџер? Зошто тогаш Роџер немаше проблем да победи во Мадрид?
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.919
Поени од реакции
16.190
Хаха, баш смешно! Надал го немаше во финале затоа што заслужено си изгуби од Содерлинг, зошто не би претпоставиле дека би изгубил и од Федерер, место да претпоставуваме дека Федерер победил затоа што го немало Надал? Тоа е исто како да речам јас “Надал победи 2010 на Вимблдон затоа што Федерер го немаше..“ А вистината е дека Федерер играше ужасно таа година на Вимблдон.

А за ова со новата подлога во Мадрид пак ќе речам дека Џокович и Надал како по обичај штом загубат имаат “добри“ причини за тоа да се жалат каде ќе стигнат. Па нели беа они најдобри и посилни од Роџер? Зошто тогаш Роџер немаше проблем да победи во Мадрид?
Не сфаќај се сериозно, башка на крајот смајлито говори за тоа дали бев озбилен.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Ама стварно глуп муабет е да спомнеш дека поради Надал и Новак ги успориле подлогите за да освојат нешто инаку не би освоиле.
Не е битно дали е глуп маубет батко, прашањето кое што е битно е: дали се успорени подлогите или не? се! и тоа е целиот муабет, никој не навлага во тоа што би било ако било, барем не без причина.....напротив, фан на Надал спомна прв дека да била подлогата во Мадрид поспора или нешто слично Федерер немал шанса, т.е. дека истата имала огромна улога, епа ако имала на тој (еден) турнир што да кажеме ние што 95% од подлогите на турнирите се сменети од порано? е после тој момент јас ( како и фановите на Федерер) неможевме да премолчиме, нормално.


И да, дајте стварно ова нека биде последна дискусија на таа тема, навивачите на Надал се наоѓаат испровоцирани, навивачите на Федерер пробуваат да докажат и нигде не идеме...само се вртиме у круг.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.390
Поени од реакции
113.848
За подлогите стварно не знам, не сум стручен до толку само знам дека земјава е сегде иста, горе доле тука е негде. На Вимблдон ете викаат се успорила малце подлогата за разлика од порано, ете нека биде така, али како и да е се мешаат баби и жаби во некои работи. Во тенисот најголем на сите времиња е Федерер без сомнение, потоа следат Сампрас, Борг, Бекер, Мекинро, Агаси и тука негде е Надал. Со тоа што Надал сеуште има тенис во неговите нозе т.е. добри 5-6 години ако го држи здравјето како што треба.
А за подлогата у Мадрид што ја усраа работата ја усраа. Од нормална црвена земја направија сина земја која премногу се лизга, значи многу тенисери ризикуваа повреди, можеби затоа порезервирано играа Новак и Надал а и неколку други тенисери. Доказ за тоа е и кога Вердаско во дуелот со Надал почна да денса и да шлајфува по теренот сакајќи да каже дека можеше да се стигне топчето во нормални услови, но на ваква земја не.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
A за теренот во Mонте Карло никој не се жали? таму подлогата беше очајна.....и двајца тенисери се повредија! (Хуан Монако и Бенето) додека пак за иронијата да биде поголема во Мадрид никој не се повреди, и сега што да се каже за тоа? :)
 
L

Löwe

Гостин
A за теренот во Mонте Карло никој не се жали? таму подлогата беше очајна.....и двајца тенисери се повредија! (Хуан Монако и Бенето) додека пак за иронијата да биде поголема во Мадрид никој не се повреди, и сега што да се каже за тоа? :)
Подлогата беше очајна? Ар ју кидинг ми?
Таму повредите настанаја исклучиво ради временските услови. Имено многу реин делајс имаше во првите 2-3-4 дена од турнирот, па подлогата некаде беше повлажна некаде посува. Некои мечеви дури се играа константно под непрекинато росење.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484

Kajgana Shop

На врв Bottom