ATP тенис - општа дискусија

Член од
11 април 2023
Мислења
2.076
Поени од реакции
6.840
Брат, ако не тролаш, а ваљда не тролаш, овој дома на неговите нема да фали, а не пак во тенисот.
Мала шала ,ова му е втор пат и пред две години се повлече па пак се врати :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.377
Поени од реакции
113.805
Само не ми е јасно зашто истите стандарди не важат за сите, ко Халеп на пример, а тука поминуваат објаснувањата од типот на:

:pos: :pos::pos:

Коинциденција или не, Кејхил, тренерот на Синер, беше тренер и на Халеп. :ROFLMAO:
Затоа што не е истата ситуација. На Синер му нашле билионити дел од таа супстанца, како и да се викала, што ваљда ги навело на тоа дека може да не е виновен, односно стварно да се пренело тоа преку спрејот. Е сеа колку стварно е точно тоа не знам и се надевам дека ќе има истрага и дека ќе се дознае вистината.

Не го правдам Синер со ова и не ја кривам Халеп, само ти викам ситуациите не се исти, освен нели тренерот што им е ист, ако може тоа да се земе како случајност. :)
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.951
Поени од реакции
45.104

Абе кај допинг нема биљонити небиљонити дел, батали ти тоа, или си допингуван или не си, не се мери тоа у грамажа. Проблемот е што има двојни аршини тука и ова си помина заташкано со месеци, ова е од Март ама тек сега дознаваме за истово.

Знаев дека ќе почнат да се јавуваат спортисти кои поминале низ слична голгота, ама притоа го јаделе, еве една тенискерка на пример, непозната за повеќето, ама си минала и она низ допинг голгота каде тврдела дека е невина и не земала ништо свесно, ама си го јадела 19 месеци.

1724169118532.png

Веста за Синер денес излезе на површина, веќе почнаа сите мејнстрим медиуми да ја пренесуваат, и не поминува добро он кај повеќето, разбирливо, факт е дека тука има двојни стандарди, ретки се вакви примери ко неговиот каде спортистот поминува неказнето. Или е казнет ама преблаго, без притоа да му се забрани да игра, тие поени од Индијан Велс, тури им кур.

А и колку вакви смешни објаснувања ко ова на Синер биле спомнати, а ретко биле перцепирани како точни.

Сумљиво е све ова како и да ја вртиме, бил тестиран за допинг, паднал, се бунел, му правеле нов тест после недела дена, пак паднал, 2 теста, не памтам ваков пример во минатото што поминал ко ништо асполутно да не се десило, а имало, и имало исти вакви банални објаснувања, кои нормално, никад не биле зимани во предвид.

Додади на ова и дека грлцето го заболе, пред олимпијада, каде имаше ригорозни допинг контроли. Не моеш а да немаш пар прашалници на глава после вакви работи.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.938
Поени од реакции
4.343
Не го победија. Го сврте тенисот со 1 жетон и очигледно уште не си се помирил ни ти со тоа, иако го тврдиш тука спротивното, чим и тука успеа да го протнеш ничим изазван.

Само не ми е јасно зашто истите стандарди не важат за сите, ко Халеп на пример, а тука поминуваат објаснувањата од типот на:

:pos: :pos::pos:

Коинциденција или не, Кејхил, тренерот на Синер, беше тренер и на Халеп. :ROFLMAO:

Иначе безброј спортисти има што давале вакви објаснувања за паднати допинг тестови, и на крај сепак го јаделе, не викам дека Синер не е во право, ама многу вакви банални ситуации, и пак ќе ја земам за пример Халеп, не поминувале како што сега Синер помина. Уште е и нејасно зашто не го суспендирале, додека траела истрагата, зашто сепак паднал не 1, туку 2 допинг теста во рок од една недела, нити па јавноста знаела за истово.

Има казна технички, не ги добива поените од Индијан Велс.
А шо ти сеа се правиш праведен па како подобро за тенисот е Синер да го суспендираат и да глеаме еднонасочна улица со Алкараз?
Демек ич нема везе со Новак и твоето навивање , ова го кажа за доброто на тенисот :pos:
Со твојот форумски колега Андеркавер одвај чекате вакви моменти да пишувате реферати и да кажувате како требало како не. Али битно Новак е 100% во право секогаш.
Ја се имам помирено многу одамна , тоа шо Новак не победил плус не ги мења бројките шо ги има сега. Само ти сакаш уште да има некој што не ми го признаваат успехот , пошо очигледно си драма queen, досадно ти е и сакаш да контрираш имало или немало потреба.
А конкретно за случајов се надевам дека е буквално како шо пишува и нема да се задлабочи со заговори демек намерно било , нема случајности бла бла...
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.003
Поени од реакции
5.648
Не го суспендираат оти ќе треба да му поништат се што постигнал во последниве 6-7 месеци, а од тоа добива само Новак, недели на врвот, титули... Без врска, или си или не си позитивен на допинг. Докажале бе дека поради крема е позитивен, јако.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.951
Поени од реакции
45.104
А шо ти сеа се правиш праведен па како подобро за тенисот е Синер да го суспендираат и да глеаме еднонасочна улица со Алкараз?
Демек ич нема везе со Новак и твоето навивање , ова го кажа за доброто на тенисот :pos:
Со твојот форумски колега Андеркавер одвај чекате вакви моменти да пишувате реферати и да кажувате како требало како не. Али битно Новак е 100% во право секогаш.
Ја се имам помирено многу одамна , тоа шо Новак не победил плус не ги мења бројките шо ги има сега. Само ти сакаш уште да има некој што не ми го признаваат успехот , пошо очигледно си драма queen, досадно ти е и сакаш да контрираш имало или немало потреба.
А конкретно за случајов се надевам дека е буквално како шо пишува и нема да се задлабочи со заговори демек намерно било , нема случајности бла бла...
Чекај малце, зар стварно мислиш дека ради Новак ова го зборувам? Па каков фактор за Новак и неговата кариера е Синер побогу човече, нормален ли си и пред се, дали си стварно сериозен за ова што го пиша? :eek:

Дури и кога Надал бил обвинуван за ова, не сум се нафаќал да ги водам тие муабети тука, а он и те каков проблем беше за кариерата на Новак, сега баш за Синер сум се фатил ... ради Новак ?! Ради еден пораз на АО ли? :pos:

Стварно зашто Новак го спомнуваш тука за некој што официјално, паднал 2 допинг теста, истово ќе го пишував и Руне да беше во прашање, и Карлос, па и Новак, зашто е редок пример вака да поминат работите во спортов, а и било кој друг спорт, со вакви банални објаснувања. Имаш ред други примери, вклучувајќи го и тенисот како спорт, каде ова не поминувало, ама сега си помина глатко без многу галама и криење неколку месеци.

Мене сеедно ми е каков ќе е тенисот, ако е еднонасочна улица, нека е, тоа ќе е зашто Карлос е мега јак и тоа е тоа, бил и порано еднонасочна улица кога Федерер доминирал па мене тоа не ме спречило да уживам во овој спорт, кој ти е овој муабет бог да чува.

Ова е вест број 1 моментално у тенискиот свет, излези од тој балон у кој живееш, какво контрање какви бакрачи каков Новак, среди се малце, сите за ова моментално зборуваат

1724170775913.png
 
Член од
12 август 2024
Мислења
107
Поени од реакции
155
Српската тениска икона Филип Краиновиќ најави пензија,ќе фали на турот дефинитивно.
Ако он е легенда,јас сум во веце кога ќењам.

Синер е пред допинг-суспензија!:drk:
За почеток 450 поена му се скинати од ранк листа
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.951
Поени од реакции
45.104
Ако он е легенда,јас сум во веце кога ќењам.

Синер е пред допинг-суспензија!:drk:
За почеток 450 поена му се скинати од ранк листа
Не е, нема да биде суспендиран, само таа казна му е ради поените што ги доби на турнирот каде паднал 2 допинг теста во рок од недела дена, практично му ги зимаат поените што таму ги освои, ништо тоа не му мења.
И толку, тоа ќе му е казната, а причината за ова е зашто му веруваат на следната прича, неговиот масер имал исекотина на рака и користел крема за да ја санира, и не ставил ракавици, туку со истата рака го масирал и Синер, и така се нашла таа недозволена суспстанца во неговото тело. Бизарно во секој случај.

Сеа ќе се јавуваат многу спортисти, ко онаа од погоре, каде давале слични, бизарни објаснувања, како дошле до контакт со забранета сусптанца несвесно, а притоа го јаделе на 2 години.
 
Член од
10 јули 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
2.388
А шо ти сеа се правиш праведен па како подобро за тенисот е Синер да го суспендираат и да глеаме еднонасочна улица со Алкараз?
Демек ич нема везе со Новак и твоето навивање , ова го кажа за доброто на тенисот :pos:
Со твојот форумски колега Андеркавер одвај чекате вакви моменти да пишувате реферати и да кажувате како требало како не. Али битно Новак е 100% во право секогаш.
Ја се имам помирено многу одамна , тоа шо Новак не победил плус не ги мења бројките шо ги има сега. Само ти сакаш уште да има некој што не ми го признаваат успехот , пошо очигледно си драма queen, досадно ти е и сакаш да контрираш имало или немало потреба.
А конкретно за случајов се надевам дека е буквално како шо пишува и нема да се задлабочи со заговори демек намерно било , нема случајности бла бла...
Друже не се губи. Како може при таква вест прво Ѓоковиќ да ти падне на памет? Излитена фраза е али очигледно ти набил премногу комплекси Новак.

Еднонасочна улица ке бил тенисот за Алкараз без Синер. :pos:
До кур, чим така нека земат сите нека се шприцаат и кљукаат апчиња, пошто не е убави Алкараз да доминира сам.

Брука е ова што го направиле. За баналното објаснување на Синер како дошло до тоа, со години се исмеваат таквите обиди на спортисти да се извадат од казна, меѓу кои и Цобе има коментирано за таквите случаи, а сега се брани Синер зашто било само еден биљонити дел допинг. Со ова само дупло се ебани претходно казнетите тенисери за допинг. Абе лупни му две години не како пички поени само да му одзимаат.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.377
Поени од реакции
113.805
истово ќе го пишував и Руне да беше во прашање, и Карлос, па и Новак
Уф каква лага е ова, можеби една од најголемите некогаш видени на форумов. Бог знае што ќе пишуваше да му се десеше ова на Новак, дека го местат, ае бе грешка е на масерот не знаел Новак итн итн... :D
 
Член од
12 август 2024
Мислења
107
Поени од реакции
155
туку со истата рака го масирал и Синер
што правел правеле и се масирале.
На двете апелации на барање за строга казна,двете апелации му се прифатени.Но според искуство како што спомна веројанто ќе јаде строга казна само како ќе биде се чека.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.377
Поени од реакции
113.805
Цобе има коментирано за таквите случаи, а сега се брани Синер зашто било само еден биљонити дел допинг.
Не го бранам бе брат, грешно си ме разбрал. Го пишав тоа што го прочитав, му нашле билионити дел од таа супстанца во урина и ваљда затоа ја прифатиле жалбата. Ете Урко вика немало врска со грамажа или количина, или си допингуван или не си, искрено не знам дали ова е така, јас лично мислам не. Зашо знам дека постојат сусптанци кои се дозволени да се земаат во одредени количини, се над таа пропишана количина спаѓа во допинг и спортистот може да го јаде за тоа. Не знам, нека каже некој поупатен во ова како идат овие работи, зашо веќе почнаа да рипаат сите, нормално највеќе оние кои се испоказнети за слични ситуации.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.951
Поени од реакции
45.104
Уф каква лага е ова, можеби една од најголемите некогаш видени на форумов. Бог знае што ќе пишуваше да му се десеше ова на Новак, дека го местат, ае бе грешка е на масерот не знаел Новак итн итн... :D
Немаше да пишувам, допинг е допинг, нарочито ако излезеше со такво бизарно објаснување а притоа цела кариера ја поминал регуларно. И инстантно ќе знаев дека Новак после ова е готов, зашто ќе го расчеречеа ко да нема утре, цела западна медиумска машинерија, без пардон, а да не зборам цела Федал фан база на нет што све ќе праеше

На форумов до сега едно 20 поста само твои ќе имаше, и ќе му бараше цитати на андеркавер за истата тематика.

Ама да се навратиме на тоа што уствари стварно се десило, не ме јеби види објаснување, шо има да дискутираме, смешно и сумјиво е ова во најмала рака, прво фактот што сеа дознаваме а се десило во Март, па сеа наврати се и нека ти текне зашто не отиде на олимпијада каде имаш најригорозни допинг контроли. Не можеш да ми кажеш дека ова не ти е така малце глупо и чудно.

Иначе против Синер никад ништо против не сум имал, баш напротив, ама ова е лошо, без разлика како се десило, фрла дамка моментално врз неговата кариера зашто и сам си свесен дека има многу вакви примери ко неговиот, кои завршиле со долга суспензија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom