Проблемот дефинитивно е во третманот на играчите кога ќе се случат вакви ситуации. Не може за Цветко Цветковски да следи инстант бан на Х период доколку испадне позитивен на допинг тест се додека не докаже дека е невин, а Синер да игра и да освојува турнири иако истрагата била завршена после неколку месеци откако нели он поднел одма жалба дека не бил свесен за присуството на супстанцата. Е сега искрено доаѓаме до друг проблем, не може 3242342423 италијански спортисти да се позитивни на оваа супстанца и се тоа да е случајно, една вика мајка ми кучето го прскаше со тој спреј па ја го допрев тоа и несвесно ми се пренело, Синер го масирале без ракавици и исечен му бил прстот на физиото, некој трет со некој сосем шеснаести изговор, а се тоа звучи малце навредувачки према интелигенцијата на луѓето. Од една страна Синер е фатен позитивен на таа супстанца со присуство на билионити дел од истата, од друга страна не може да знаеме (барем не ние обичните смртници) колку време таа супстанца била присутна во неговото тело и во кои количини, од трета страна знаеме дека таа супстанца помага во перформансите на професионалните спортисти, така да кога ќе се соберат сите овие работи Синер требаше да јаде бан се додека не се донесеше конечната одлука за неговата жалба. Вака, само се крева поголема прашина и со право се бунат останатите спортисти, особено оние кои го јаделе стапот за слична работа.
Мене никад не ми биле јасни некои работи, пример од таа и таа супстанца дозволено е толку и толку да се земе, се над тоа е допинг... Абе мајстори, или дозволуваш некој да го зема тоа или не, не може сеа до таа грамажа до онаа грамажа, кога и врапчето на гранка знае дека тоа ќе биде злоупотребено во одреден момент и земено во поголеми количини од дозволените за потоа телото полека да се ослободува од истите, просто ко грав. И за Шарапова случајот беше комично, тој лек или допинг што го земала бил легален во Русија, а не бил во Америка, мислам втф.
Во Русија не си допингуван во Америка си, одлична логика нема што.
Мада јас лично одамна не се ни замарам со овие работи затоа што за мене овие анти допинг институции немаат кредибилитет, не може пола свет да подлежи на анти допинг контроли од ВАДА, а Американците да не го признаваат тоа и да си имаат своја анти допинг агенција кај што они си одредуваат правила и прописи. Изззззвинете да ви ебам мајката умислена, затоа и нивните спортисти не ги почитувам (не сите) како останатите, затоа што не постои америчко гомно што не се допингува.