ATP тенис - општа дискусија

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Има, во 2009. Бенето за малку ќе го победеше Федерер и на Вимблдон во 2012, водеше 2-0 во сетови, а во четвртиот имаше и 3 врзани брејк топки кои не ги искористи, подоцна го изгуби сетот во тајбрејк 6-8, истата година Федерер го освои турнирот.
Уште еден доказ за огромната среќа на Федерер.
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Уште еден доказ за огромната среќа на Федерер.
Уште еден доказ дека сте многу досадни со едно те исто.
Само сакав да кажам дека Бенето може да пружи добра партија ако има свој ден, во услови кои најмногу му одговараат на Федерер, не знам што повеќе не ти е јасно.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Уште еден доказ дека сте многу досадни со едно те исто.
Само сакав да кажам дека Бенето може да пружи добра партија ако има свој ден, во услови кои најмногу му одговараат на Федерер, не знам што повеќе не ти е јасно.
VariableQuickGiantschnauzer.gif
 
L

Löwe

Гостин
Mногу ќе е јако ако освои Филип. Од цела плејада Српски играчи (со исклучок на Новак), како Јанко, Виктор, Дуле кои немаат припарено ни до 1/2 финале ако не се лажам на Мастерс, доаѓа Филип од нигде никаде со 77мо место на ранк, доаѓа со претходни добри партии на Челенџер во Казахстан и ОСВОЈУВА МАСТЕРС, во својот прв пролаз на второ коло.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.160
Поени од реакции
107.608
Eдинствен начин Крајинович да освои титула овде е да му предадат и во полуфинале и во финале. Бенето има шанса да освои, посебно овде во Париз. Ако добро се сеќавам тој дури има и победа над Федерер во оваа сала.
Одлична експертиза. :icon_lol:

Крајинович од август месец почна да работи со Петар Попович, долгогодишниот тренер на Карлович. Резултатите се гледаат веднаш, освои два Челенџери по ред ако не се лажам, добар настап на АТП турнирот во Русија, Москва, а еве го и во Париз со финале. Нормално, доколку немаше милион откажувања и повреди он немаше да игра во финале, ама сепак не смее да му се одземе ништо, прво помина квалификации, па потоа нанижа неколку одлични тенисери, Квери кој се бореше за Лондон, Мау кој секогаш игра добро на вакви подлоги башка домашен играч е, Иснер денеска, Сугита исто така е солиден играч... Е сеа имаше среќа што Рафа предаде, да не предадеше тука ќе му беше крајот, али дефинитивно Филип има огромен напредок за многу кратко време откако почна да соработува со Петар, тек следната сезона треба да го очекуваме во право светло.

Филип има одлични физички предиспозиции, технички нема маани во играта, сите удари на место, е сеа нормално остануваат финесите кои сум сигурен дека ќе ги средат со Попович. Реално Крајинович за Троицки е Надал лично и персонално, а Троицки беше на прагот на топ 10... Штета што до сега не беше искористен потенцијалот на Фичо али и сега не е доцна, има време за него.

Утре со цело срце за него, драг ми е ептен ко играч, а и онаа свињана Сок не можам да ја поднесам, еден од најодвратните играчи на турот.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195

Kога сме кај експертизите, Петар Попович беше долгогодишен тренер на Андреа Петкович.

Што се однесува до другото, ова што му се случува на Крајинович е чудо. Не дека не е квалитетен, но ова е таков сплет на настани што никогаш нема да се повтори. Откажувања, повредени противници, чуда. И јас ќе навивам утре за него, 100 пати е посимпатичен од Сок.
 
L

Löwe

Гостин
Kога сме кај експертизите, Петар Попович беше долгогодишен тренер на Андреа Петкович.

Што се однесува до другото, ова што му се случува на Крајинович е чудо. Не дека не е квалитетен, но ова е таков сплет на настани што никогаш нема да се повтори. Откажувања, повредени противници, чуда. *И јас ќе се кладам утре на него
Fixed.
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Крајинович цела година играше на челинџер турнирите, но видна разлика има откако го ангажира Петар Попович. На последните турнири на земја во Рим и Алмата, не само што не загуби сет туку и мечот против Гаио го доби без изгубен гем. Имаше уште неколку сетови со резултат 6-0.
Потоа се префрли на АТП турнир, во сала и ги помина квалификациите, го победи Рублев во прво коло во 2 сета, а потоа во 3 сета изгуби од Беранкис. Неслучајно тука во Париз победи многу играчи, рутински ги помина квалификациите и во главниот жреб елиминира доста добри противници.
Верувам и дека денес има солидни шанси, дури и поголеми од вчера пред почетокот на мечот и се надевам дека нема да потклекне под притисокот. Прво финале е и за Сок, а кај него притисокот ќе биде двоен поради можноста да се квалификува во Лондон со денешна победа. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom