ATP тенис - општа дискусија

Член од
23 август 2010
Мислења
38.157
Поени од реакции
107.587
Да, многу поуморен од Федерер. И додека го држеше моментумот, великанот си зеде МТО надвор од терен што по никоја основа не е дел од фер плеј.
Денес Надал беше умрен од аспект на мизерна игра, Федерер предобар, штета што на хартија беше out door hard меч, а во пракса и не баш.
Игор, не се обидувај со вакви коментари да переш нешто и да бараш алиби, едноставно е, сезонава Надал си навлече комплекс од Федерер и тоа е тоа. Не може Надал Пекинг и Шангај до финалето да ги игра перфектно а против Федерер да е умрен, лош, не знам каков... Мислам лош беше али поради самиот Федерер кој буквално го прегази.

Искрено очекував победа на Федерер, подлогата и условите беа апсолутно на негова страна, а и сезонава како што реков Рафа има комплекс од него. ИВ, Мајами и Шангај, нула брејкови на Рафа, денес немаше брејк шанса, во пустината исто мислам дека немаше, едино во Мајами имаше една или две ако добро памтам. Ова брату мој е срамота, односно катастрофална тактика и некаков комплекс кој не знам од која причина го стекна Надал. Кога играат Федерер не му дава да мрдне на Надал, цело време го притиска и не му дава време да се мести на ударите што значи дека Надал треба да менува тактика, а веќе трети меч по ред тоа не се случува, ај АО на страна тоа беше апла 50/50 меч, ама следните три се... Мора поагресивен да биде Рафа и да не чека сервис далеку од основна, нема веќе леб од таа стара тактика, очигледно не пали тоа веќе против Федерер.

Тоа е тоа, жал ми е ептен за Рафа пошо можеше за прв пат да го освои Шангај али тоа е... Честитки до сите фанови на Роџер.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Карено Буста изгуби од Шварцман во Виена и има 2605 поени на листата која води во Лондон, моментално е последниот патник. Доколку Дел Потро го освои турнирот во Базел, на најновата листа ќе има 2615 поени и пред почетокот на турнирот во Париз ќе биде со подобар пласман од Шпанецот имајќи позиција за завршниот турнир.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.965
Поени од реакции
35.579
Каков тежок бот е овој Ѕверев. :facepalm: Со 82 % на прв сервис едвај успеа да стигне до тајбрејк, за на крајот да направи глупа дупла во клучен момент.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
95-та титула, али пак со многу среќа, тоа е мора да навикнеме на овие победи :icon_lol:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.157
Поени од реакции
107.587
Единствена шанса на Делпо беше во два сета, во третиот сет веќе умре и немаше што да бара. Кај Делпо отсекогаш ми се допаѓало тоа што не се плаши од никого, пример да беше Чилиќ денеска ќе изгубеше 6-2 6-2 и веројатно ќе беше посреќен од Федерер на крајот од мечот.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Дел Потро пропушти златна шанса, брејк во трет сет и уште не знам што во мечот. Да победеше денес ќе се искачеше пред Карено Буста, вака треба да дојде до полуфинале во Париз, а има исклучително тежок жреб, секако под услов Карено Буста и во тој случај да изгуби најкасно во осминафиналето.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457

Делпотро ќе беше тотално прегазен да не беше нервозен Федерер, да се каже дека бил блиску или за малце ќе победел е смешно.
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
1.583
Поени од реакции
3.591
Абе уште ли како малите деца ццц ... да не бил нервозен, да не му викнел тој од публиката, да била баба машко... Ама кога веќе гледаш така на работите што би било кога би било, замисли шо ке му се десеше денеска на Федерер да не му се случеа на Дел Потро повредите
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Абе уште ли како малите деца ццц ... да не бил нервозен, да не му викнел тој од публиката, да била баба машко... Ама кога веќе гледаш така на работите што би било кога би било, замисли шо ке му се десеше денеска на Федерер да не му се случеа на Дел Потро повредите
Делпо во последно време малце е сомнителен со повредите, не знам што да кажам веќе за нив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom