Започна сезоната на тревна подлога, турнири се играат во Квинс Клаб (Лондон) и Гери Вебер Опен(Хале)
И двата турнири се од 250 . На Квинс Клаб титулата од ланската сезона ја брани Мареј, кој во финалето го совлада Цонга со 2-1 во сетови. На турнирот во Хале, титулата ја брани Филип Колшрајбер, тој во финалето играше против Петчшнер, кој при резултат 7-6;2-0 за Колшрајбер го предаде мечот.
На турнирот во Лондон учествуваат двајцата финалисти од лани, потоа србинот Типсаревиќ , Жил Симон и уште неколку познати имиња од самиот врв.
А во Хале како главен носител ќе е Рафаел Надал (евентуално ако не го одложи учеството на овој турнир поради настапот во финалето на Роланд Гарос..), потоа тука секогаш е Роже Федерер, по него следуваат Бердих, Долгополов .. и тн.
Едниот турнир ќе се пренесува на Еуроспорт 1/2, а турнирот во Хамбург ќе се емитува на Спорт Клуб.