Руне изгоре под притисокот, ментално е многу слаб, не е лесно да си тенисер и да си во спотлајт и да имаат луѓе високи очекувања од тебе, у свет каде сеуште Новак доминира и игра, и каде Алкараз поставува надреални стандарди за таа возраст, а Руни технички пред него се проби.
Можеме да го хејтаме и троламе на форуми ама реалноста е дека ментално некои можат да се носат со цел овој притисок, некои не, талент е неспорно дека има, уште го памтам нивото на тенис што го изигра против Новак во Париз каде го доби во финале на мастерс што не е мала работа, нарочито не во таков многу захтевен дуел и физички и психички што ги исцрпи и двајцата.
И мислам дека после тој дуел, нагло рипнаа очекувањата за него, нарочито што тоа мислам дека му беше втора победа против Новак во кариера, втора на мастерс, а он после истиот постепено почна да има дигресија во кариерата. Сеуште е млад и сеуште очигледно се бара себе си у тенисов, го смени Муратоглу со Бекер, за да на крај пак ја направи истата рокада со тоа што Муратоглу му се врати, и сеа пак раскрсти со него. Се мислеше дека он ќе е третиот дечко покрај Синер и Алкараз, ама го губи чекорот со нив дефинитивно, но, 21 година е, не можеме сега да знаеме дали он во следни 10 години ќе освои или нема да освои слем.
Убаво би било да се среди, и турот да добие поголема конкуренција и квалитет во иднина, долго време беше и во топ 10, има многу примери во тенискиот свет кога подоцна вакви потенцијали почнуваат да го вадат максимумот од себе и да освојуваат големи титули, но и многу примери каде истите изгореле и потонале уште повеќе. Ќе видиме овој во каква група на играчи спаѓа, сега е многу рано да му се суди.
Ако можеше Вавринка тоа да го направи во подоцна фаза од кариерата, или Мареј, зашто да не Руне или некој трет, не е никаков крај на свет ова што му се дешава сега на оваа возраст, доста битни лекции има периодов ама од него зависи како ќе се одвиваат работите во иднина, дека може да има добра кариера, дефинитивно сум убеден во тоа, а под добра подразбирам да е барем еднаш слем шампион, и да влага во таа потесна конкуренција за освојување во иднина редовно, во каква што е сега Саша на пример, кој сеуште нема освоено слем.
Ова иначе сеа што му се дешава не е никакво изненадување, нема ни перманентен тим на луѓе позади него, формата му е лоша и во слободен пад долго време веќе, не можеме да го третираме ова ко некакво изненадување нарочито што против Накашима не ни има победа сеуште. Ѕверев мора да дојде до полуфинале без некои поголеми потешкотии, и со оглед дека има големи шанси таму да игра со Новак, најдобро за него ќе е физички многу да не се троши и да комплицира, зашто со камата тоа ќе му биде наплатено во евентуален дуел со Новак.