Јустин во книга седум во Филиповата историја
Домазетовиќ Лјубомир во книгата ,,Античка Македонија,,
Херодот во ,Херодова,Историја,,.
Уште еден доказ за Херодот и неговата појава ,Херодова,Историја,,.
,,Од моето време до Тројанската војна има најмногу осумстотини години,од моето време до Дионис, синот на Кадмовата ќерка Самела, има илјада и шестотини години,,.
Дионис, запишан во многу истории како најславен и најголем освојувач, живеел и творел приближно пред повеќе од четири илјади год. п.н.е.
Линк за овие докази брака македонци никој нема да ни направи ако самите не си направи ме,доколку докажиме дека сме во право нели.
Сега би сакал доказ по доказ за териториите кое име го носеле пред да се појави на сцена Македонија,за да бидеме сватени.
За да дојдеме до посакуваната цел треба да знаеме дека кралството Паонија е по старо од ова што го пишуваме за кралот Македон,каде многу добро дека ,,Ематија ,,е област од Паонија.
Започнувам од првиот крал на Европа,Полифем,за да дојдеме до посакуваната цел.
Почнал со бројката еден, кое броено од сега наназад би била 7512 кога се појавил кралот Полифем, односно од која година, не е утврдено, но приближно доста одмерено може да се каже дека неговата родословна гранка продолжува со неговите и синовите на сопругата му Галатеа, ќерка на Нереј, а правнука на Етер.
Значи Полифем и Галатеа изродиле три сина на кои им дале имиља Илириј, Гал-Галат и Келт кои по заминувањењто на татко им стануваат родоначалници на три големи територии и три народи кои по нивното име го добиле името Илири, Гали и Келти, односно ги нарекле териториите Илирија, Галија (Галатеа) и Келтида.
Продолжуваме со следење на родословното стебло на кралот Илириј и неговата жена Електра, бидејки тој е крал на Балканот, во чиј состав сме и ние, додека што се се одвивало на просториите на останатиот дел на Европа ќе добие свој епилог само по себе.
Времето како и за другите жители на Земјата, така и за кралот Илириј, и кралицата Електра минело, и тие изродиле голем пород - девет синови и една ќерка. На синовите им ги дале следните имиња:
Автариј, Јасон(Јасион) Дардан, Таулат, Перхеб, Дарт, Парт, Енхелај и Дисар. Единствената ќерка ја нарекле Хармонија.
Имињата на синовите на Илириј не се наведени по редослед на раѓањето.
Зетот Кадмо, кој за жена ја зел Хармонија ќерка на кралот Илириј, ја добил територијата околу денешна Будва во Црна Гора, каде гради еден град,кој го нарекува раководејќи се од своето име Кадмеја. Жителите на таа територија стану- ваат Кадмејци, кралството Кадмеја.
Кадмо и Хармонија керка на кралот Илириј имаат керка Санела - мајка на Дионис.
Автариј и Автаријатите имаат своја историја од која заклучуваме дека неговото кралство го остава на синот Паон, кој го нарекува Паонија. Во подоцнежните години им одредува територии на своите синови Трибал и Скодар кои синови успеале да донесат такви закони што нивните наследници да ги сочуваат тие имиња на државите Трибалија и Скодрија, но и територијата да им остане цела, што се гледа и од пишаниот матерјал кога Филип Македонски, кра- лот на Македонија, го шири своето кралство војувајќи со овие народи.
Западно од кралството на Паон до Понтското Море денешно Црно Море постоело кралство Тракија.
Према податоците кои сведочат, териториите на Паон се во денешна Србија, Црна Гора, Бугарија на исток до Родопскиот масив и по реката Места до Еѓејското Море и Македонија источно од течението на реката Вардар.
Мислам дека со овие податоци имате колку толку увид на Балканот,тогашен,пре појавата на Македонија на сцена,докази од науката историја,