Атеистички ‘‘доказен‘‘ проблем

  • Креатор на темата Креатор на темата Musab
  • Време на започнување Време на започнување
Читај го(или гледај го)првиот дел,со мајмуните. :)
Не е ништо по(не)веродостоен доказ од тој во библијата.И двете се напишани од луѓе со визија.
Одлична инспиративна книга и уште по ефектен филм. Потполно се сложувам, апсолутно со ништо не сакам да контирам.
Сижето на првиот дел што ми го посочуваш.
Мајмуните “среќно“ си живеја водени од своите животински инстикти се до моментот додека не им “прозбори“ каменот. :smir:
Одлична идеја ајде малку ако може да се продискутира околу неа. Од каде е каменот? Чиј глас слушаат мајмуните? Што се случува во главите на тие што го слушнаа каменот? Дали каменот ја предизвикал мутацијата на 19 и 20-от пар на хромозоми?
Кажи му го тоа на оние 250.000 мртви во цунамито во 2004, или на оние 50.000.000 мртви во епидемијата на шпанскиот грип во 1918, или загинатите во земјотреси, топлотно бранови, поплави, ерупции, лизгања на земјиштата......................
Тоа се се слаби обиди на природата да го возврати ударот.
Еве уште едно инспиративно видео.
 
Атеистите односно научниците...

Ова ми падна во око и никако не можев да го одминам. :)
Ме76, можеш ли да ми кажеш, кој од следниве врвни научници бил атеист:

Јоханес Кеплер
Роберт Бојл
Исак Њутн
Леонардо Ојлер
Мајкл Фарадеј
Луј Пастер
Вилијам Томсон - Лорд Келвин
Џејмс Клерк Максвел
Сер Амброз Флеминг
Вернер фон Браун
Грегор Мендел
Браќата Вилбур и Орвил Рајт
Франсис Бекон
Блејз Паскал
Исак Бароу
Готфрид Лајбниц
Џон Далтон
Самуел Морзе
Томас Андерсн
Вилијам Рамзеј

Се надевам дека тебе, како атеист "односно" научник, овие имиња ти се добро познати, па повели поцртај ми го атеистот од горната листа :)

Понатаму, дали си чул за "Декларацијата на научниците" во 1864 година во која се укорува Дарвиновата теорија за еволуција и се изразува вера во Библијата и во христијанската објава.
Оваа декларација ја потпишале, ни повеќе ни помалку, 717 научници... "односно" атеисти нели? :)
 
2007- Жена од Австралија(Велингтон,мислам се викаше местото), починала за време на егзорцизам,по што деветмина се обвинети за убиство.

2005- Во Романија калугерка била пронајдена распната на крст после извршување на егзорцизам од страна на еден од свештениците.И тој е обвинет и осуден за убиство.

Многу примери има.
А има и многу,популарно наречени,Индиго деца,за кои не знаеме....многу аутисти и типови на луѓе со поинаков тек на мислите и нивното манифестирање.Демонско присуство нема.Ако такви проблеми се јават,луѓето треба да посетат психијатар,а не да бараат помош од доктор-вештер во одело на свештеник.


Ова е далеку од одговор.

Егзорцизмот се практицира со векови, не само од Христијанската црква.

Доколку земеме дека христијанската религија е апсурдална и демонско присуство нема, тогаш како во сите случаи лицата според тебе со психичко растројство или маана, ги имаат истите симптоми, гледаат демонски ликови и слушаат гласови.
Можат да подигаат предмети без допир, да шутира како футбалска топка обично тенџере со вода без притоа да водата да се истури и сл.

Егзорцизмот на Anneliese Michel.

Го постирам 2-от дел.

И Германска верзија

Оваа историја е искористена за филмот “Exorcism of Emily Rose“.

Јас го имам гледано целиот документарец, звуците се реални, се слушаат 4 различни демони кои на крајот ја напуштаат нејзината душа со зборовите “Слава на нејзината пресветост Марија“...кои мораат да ги повторуваат по свештениците како потврда дека го напуштаат нејзиното тело.

Денеска науката може да ги ублажува овие инциденти со термини како “ментална болест“ “психичко растројство“ и врши притисок врз црквата, но после гледање на видеово секој може да си донесе свои заклучоци, зошто овие демони кои имаат не само лично име кое го пренеле од претходниот живот туку и вистинска историја поради која се заробени како такви ( претходно додека биле на овој свет и тоа што го сториле е евидентирано..убиства,силувања итн. итн.) реагираат на свештениците, на крстот, молитвите и библијата.

Егзорцизмот неможе да биде изведуван од секого, ниту после извршениот егзорцизам претходното опседната личност може да се поврати во нормала и да биде излечена како во нормална постапка при некоја болест.

Трагите на психата и пореметувањето ќе останат.
 
Колку милијарди години и требало на неорганската материја да се претвори во органска т.е. да се појават првите живи организми?
И за колку години успеал тој Фридрих да го симулира во лабараториски услови?
Дали сакаш да ми кажеш дека налет тоа што претворил мртва материја во живо нешто туку и времето го забрзал со некоја временска машина?


П.С. Фридрих успеал за неколку минути, а на природата и требало неколку милијарди години :shok::shok::shok::shok::shok::shok::shok::shok:.

Сакам да кажам дека ти мешаш баби и жаби односно мешаш органска со жива материја.

Хммммм....А може дотичниот Фридрих на кратко станал бог па не му требало мнооогу време за да „одеволуира„ нежива материја во жива..(ха-ха-ха!)

Синтезата на органски материи од неоргански не е никаква новотарија. Тоа што некој синтетизирал органска материја во изолирани лабораториски услови ( а не во природен контекст!) тоа не значи по автоматизам дека со синтетизираната материја веднаш е создадена и ЖИВА материја! Живот може да даде само Светиот Дух и никој друг! Се друго е самозалажување дека, ете, само што не сме создале нови видови на живи организми и со тоа само што не сме ја докажале теоријата за еволуцијата...

Дефинирај жива материја
 
Не се адаптираат туку прежививаат (опстануваат), затоа некои имаат отров за да се заштитат, другите користат камуфлажа (како бубамарата), додека пак ние го имаме најголемото оружје за опстанок кое што од Бога ни е дадено а тоа е разумот и слободната воља за донесување на одлуки за нашиот опстанок.
Едно прашање за тебе зошто не се адаптираат и еволуираат видовите на животни што се во изумирање? Знам дека ќе ми речиш дека се потребни неколку милијарди години, ама во очајни времиња се потребни очајни мерки. Ниеден од тие видови на животни нема мрднато од нивната основна животна околина, а без нејзе ќе изумрат.
И како од неорганска материја со внатрешно согорување настанала органската материја, кога природниот закон е само од жива материја можи да настани друга жива материја?

отровот го користат првенствено зада се хранат а заштитата е секундарна.
за бубамарата не ме разбра-тоа не е камуфлажа-туку предупредување кон натрапникот.

а да разумот и слободната воља се колку добри толку и лоши и најчесто одат до екстреми.

немој де сега внатрешно согорување ова не е животот е маестрална работа која не заслужува епитет внатрешно согорување или ОТО мотор:helou:

Точно така,еве зошто не можат да го докажат а разлогот е што немаат научни докази ,чак науката тврди друго наспрам теорија на еволуцијата

Информациите кои покажуваат денеска во 21 век дека теоријата за еволуција нема знанствена база и дека напротив ,тврдењата за еволуција отворено се судират со научните докази (за ова може да се вратам и да докажама што велат денешните истражувања).Со други зборови ,силата која со векови и деломично денеска која ја подржува еволуцијата не е наука. Еволуција може да се брани од некои ‘‘научници‘‘ но мора да постојат некои други сили –застапници на дело.

Тој друг застапник е материјалистичка филозофија.Материјалистичката филозофија е едено од најстарите мислења во историјата.Негова најосновна карактеристика е сметање на материјата како апсолутна.према ова филозофија материја е вечна и се што постои е составено од материја и само од материја

Овој пристап обавезно го чинит невозможно да се верува во Створителот.Материјализмот поради тоа долго време било непријателски расположена за сите врсти на религии.И нормално се прашува да ли материјалистичкото гледиште е исправно.Еден од начините да се испитува да ли некоја филозофија е исправна или лажна е да се со научни методи испита тврдењата на таа филозофија кој се однесува на науката.Пример:некој филозоф во х век можел да тврди дека на месечината постоел америчко дрво и дека сите живи суштества,уствари растеле на гранките на ова велико дрво како овошии тогаш паднале на земја.Некои луге би можеле да сметаат дека ова филозофија е исправна и да веруваат.Но во времето кога на хх век лугето веке успеале да одат по месецот ,не е возможно да пропагираат таква филозофија. Да ли постоел такво дрво можат да докажат со научно истражување


Затоа денес може да се истражува научна метода материјалистичките тврдења,а тоа е дека материја постоела крз цела вечност и дека ова материја може да се организира без надматеријалниот Креатор и директно да биде разлог за натсанување на животот.Кога тоа го правиме можеме да видиме дека материјализмот веке колабирал,сооглед дека е идејата дека материјата секогаш постоела уште од вечност,оборена со теоријата Биг банг која покажува дека универзумот е креиран од ништо.А тврдењето дека материјата сама се организирала и створила живот е тврдење кое ние го викаме ‘‘теорија еволуција‘‘


Мегутоа ,до колку се некој однапред одлучил да верува во материјализам и да се предаде и да се посветува на материјалистичката филозофија пред све другата,тогаш тој се понашува вака: Доколку тој е ‘‘пред се материјалиста а после научник‘‘ тогаш тој не ја напушта материјализам кога гледа дека еволуцијата е против науката.Потполно спротивно на тоа тој покушава да потврди и да го спаси материјализмот ,со то што покушава да го спаси еволуцијата без да земе во обзир на све.Заправо е ова она неприлика во која денешните еволуционисти го бранат теоријата на еволуција.

Што е и интересно дека оние одвреме на време го признаваат овој факт.
Познатиот генетичар и отворениот еволуционист Ричард ц.Левонтин од харв.универз. признава дека е тој ‘‘пред се материјалист а после научник‘‘со ова:
‘‘Ние имаме една материјалистичка вера ,која е ‘‘а приори‘‘ вера.Она што нас не приморава да на светот донесеме материјалистичко објаснување не се науќни методи ни принципи.Напротив поради нашите априоретни проврзаност на материјализмот ние ги монтираме истраживачките појмови и принципи кои ке извадат некое материјалистичко објаснување.А и дека материјализмот е апсолутен ,ние не можеме да дозволиме да се појавуваат некои ставови кои упатуваат на религијата‘‘


Терминот ‘‘а приори‘‘ кој Левонтин кој има употребено ,многу е битен.Овој филозофски термин се однесува се на претпоставки кои не се базираат на никакви експерименти
.Некое претпоставка и мисла е ‘‘ а приори‘ кога го сметаш како исправна и го прифакаш чак и кога нема достапни информации за тачноста на тие мисли.‘. Иако еволуционистот левонтин кажува искрено и отворено.Материјализмот е ‘‘а приори‘‘ даден на еволуционерите и тие, тогаш,настојуваат да го подесат науката према тоа што им е дадено.,со то што материјализмот дефинитивно чинит неопходно порекнување на Створителот,оние си имаат во рацете една алтернатива а тоа е теорија на еволуцијата.За нив нема врска што еволуцијата е спротивно на научните факти,таквите научници ја прихвакаат ‘‘а приори‘‘како тачна.

Ваквото понашување ,полн предрасуди ,ги води еволуционистите верување дека ‘‘нествесната материја составила смо себе си‘‘ што е спротивно не само на науката него и на разумот.Другиот па професор во НЈ унив.и ДНА експерт Роберт шапиро вака ги објаснува верувањето на еволуционистите и материјалистичките догми која е во негова основа:
‘‘еден друг еволуциони принцип е потребен да нас не преведе преку празнина измегу меш,вина, едноставните природни хемикалии од првото делотворни репликатори(систем кој може да даде копија на само себе) овој принцип уште не е опишуван во детали или не е демонстриран ама е замислен и дадени му се имиња ,како хемиска еволуција или самоорганизирање на материјата ,Постоењето на овој принцип е земено здраво за готово во филозофија надијалектичкиот материјализам,исто како што е од страна на Александар опарин применето и на порекло на животот.

Еволуционистичка пропаганда која константно ги наогаме во западните медии и чувените и ‘‘почитовани‘‘ научни списанија,резултат е на овие неопходните идеологии.Што значи дека еволуцијата е сметан за нужно ,таа се претворила во табу тема во круговите који ги поставуваат стандардите на науката.

Исто така еден професор и заговорник на еволуцијата вели дека случајност на формирање на цитокром-Ц протеинот која е неопходна за преживување вели вака:
‘‘еднако невероватно како и можност да еден мајмун да пишува историја на човечанството на дактило машина,а да не направи иедна грешка‘‘
Несомнено дека прихватање на таков могучност уствари е спротивно на основните принципи на разумот и хомон сенсот,чак и само едно коректно напишано слово на папир гарантира дека е она напишано од страна на некоја особа..кога некој гледа книга на историја постанува уште посигурен дека е напишан од едно разумно суштество.Никој со здраво резонирање не може да се сложува дека буквите на таа книга е случајно се склопила и правилно наместена.
Мегутоа ,интересно е да го видиш еволуционистот кој го прифака ова врста на ирационалниот предлог кој наставува :
‘‘Во суштина ,вероватноста за случајноста на формирање на цитокром-Ц е вероватно нула.Тоа е ако животот сака еден точен одреден низ,може да се кажува и дека вероватноста да се тоа случи е еднаш во целиот универзум.Иначе некои метафизички сили ,надвор од нашите поими морале да учествуваат во неговото формирање.Да се прихвати ово друго ,не е прикладно на научниот цел,така да мораме да прихватиме првата хипотеза.‘‘
И изјавува дека тој прифака невозможното во намера да ‘‘не ги прихвати метафизичките сили‘‘ а тоа е во намера да не прифака стварањето од страна на Бог.Јасно е дека ваков пристап нема никакви врски со наука.
Заклучокот е дека од ваквите изјави дека теорија еволуција до која никако не е дојден од научно истражување,Напротив форма и суштина на ова теорија се диктирани спрема захтевите на материјалистичката филозофија.
како се осмелуваш да ја дискредитираш науката како и трудот на луге кои го вложиле целиот свој живот ЗА ВИСТИНА...и да никој не докажал дали сингуларитетот е состојба без материја Т.Е ништо туку се смета ДЕКА во сингуларитетот се е хаотично:smir:
 
Без копи пасте од википедија, мои дилеми околу дарвиновата теорија и нашиот рапиден развој во ова што сме денес, интелигентни суштества што владет со планетата.
Јас :uvo: (мислев :) ) малку и иако не сум стручен и може и не сум баш најточен со фактиве ама ќе се обидам да ја разгедам хронолошки еволуцијата (според Дарвин) и ќе ви ги потенцирам моите “спорни“ моменти. Моменти кои не ми се логични на мене, може на некој од вас пологични ќе му се видат работите па ќе дообјасни.
Вселената настанала пред 16 000 000 000 години (Биг Бенг :pos: )
Земјата и Сончевиот систем пред 4 000 000 000 г. (убаво бројте ги нулите :music1: )
Животот на земјата пред 3 000 000 000 г.

Настанокот на животот (првите организми)
Во водата (океаните) се раствараат минерали, соли, ово оно и се групираат во некои протеини. Тие протеини во посложени протеини, сложените протеини си прават заедничка обвивка (за заштита). И така заштитени почнуваат уште повеќе да се усложнуваат и се појавува и внатрешно групирање (на соодветни протеини) и тие стануваат главни (јадро) и надворешен дел плазма. И тоа е првиот жив организам, едноклеточен, според Дарвин Амебата или нешто слично на неа. Првиот едноклеточен организам со делови за движење (пипци) е ПАРАМЕЦИУМ ( :music4: познато :music1: ) Приближно исти услови, демек како во времето на настанувањето на првиот жив организам, денес има во националниот парк Јелоустон Северна Америка. :party3:
Ок, ај да “прифатиме“ до тука.
Од едноклеточни се прават двоклеточни е се така до повеќеклеточни и се посложени организми. И се појавуваат и првите посложени живи организми кои се способни да се хранат, растат, разможуваат и се повеќе се усложнуваат со меѓусебни комбинации.
Настанува и првото разидување во поглед на исхраната и се раздвојуваат РАСТЕНИЈАТА и ЖИВОТНИТЕ. И се така нели се развива и усложнува животот односно се развиваат, незнам: медузи, риби, ракови... животот се разгранува и дели... како стебло на дрво нели со разни гранки кои пуштаат се нови и нови фиданки а постарите гранки стануваат се посилни и поцврсти а тоа се востановените животни кои опстанати и до ден денес. Во тоа разгранување понекогаш се фаќал и погрешен “правец“ и тие фиданки се кршеле во старт (од секое гранче небива и свирче :music1: ) или па дури се случувало и цели делови од “дрвото“ да се откинат и скршат и да изумре тој вид. Диносаурусите на пример а и многу други . Пемногу натежнале :music1:.
Одговорот на едно “дискутабилно“ прашање како што е: „Што е постаро кокошката или јајцето“ и не е дискутабилен.
Постаро е ЈАЈЦЕТО. Ама тоа не е баш кокошкиното јајце туку потребата за настанокот на јајцето се јавила кога животот преминал од вода на копно. И првите влекачи водоземци за да си ги заштитат младите го развиле јајцето со корупка. Предходно јајцата во водата не морале да бидат со “тврда“ заштита (икрата на рибите) но на копното се посурови условите и “животот“ наоѓа начин за опстанок. Од водоземците настануваат и поголемите влекачи односно Диносаорусите (кои се размножувале со јајца) а од нив нели подоцна се развиле птиците односно и кокошките кои само го задржале начинот на размножување од нивните предци (од пред 65 000 000 г.)
И да не идам се хронолошки доаѓаме до пред 4 000 000 г. и појавата на приматите (прамајмуните).
Од тие прамајмуни пред “само“ 250 000 г. се издвојува ХОМОЕРЕКТУСОТ тоа е првиот примат што се испробува да оди само на две нозе. Од хомоеректусот пред 150 000 г. настанува ХОМОСАПИЕНСОТ од кој нели е “познато“ дека настанува човекот. Но паралелно со хомосапиенсот се развивал и еден друг вид на “ЧОВЕК“ а тоа е НЕАНДЕРТАЛЕЦОТ. Значи веројатно ќе имало и друг вид на современиот човек ако опстанел и неандерталецот. Неандерталците паралелно со хомосапиенсите ја населуваат планетата, доаѓаат и тие дури и во Европа се до денешна Германија (Неандертал - каде што нели се пронјдени остатоци и по тоа го добиле името). Но опстануваат само до пред 50 000 г. Најверојатна причина за нивното изумирање е неспособноста да најдат друг извор на храна освен месото. А поради климатските услови и промени, месото не е стабилено, и како лесно расипливо и тешко за обезбедување во доволни “свежи“ количини, доаѓа до изумирање на овој доста надежен конкурент на денешниот човек. (сме имале среќа :pos: )
Хомосапиенсот се покажал поснаодлив и со помош на обработката на земјата и одгедување на сигурни и доволни количини на храна опстанува до денес во нашиот облик.

Ова отприлика нели е развојот на животот до ден денешен, според научниците биолози, антрополози... итн.итн.
Се е ова донекаде ОК дури и логично, единствено што ме буни е наглото УБРЗУВАЊЕ на еволицијата.
Пред 150 000 г. живееме на отворено и користиме едноставно орудија (камен, дрво) Пред 50 000 г. живееме во пештери и сеуште сме на камен и дрво. Пред 15 000 г. го откриваме металот. Пред 10 000 г. градиме нешто што е како пирамидите :party3: на пример и владееме со земјата. А за само 2 000 г. од варвари се развиваме во ова што сме денес па дури одиме и до месечината и не знам каде. :party3:
Генот на човекот (ДНК) во последните 10 000 г. не се променил ни 0,1 % (отприлика толку се разликуваме и од денешните мајмуни) а сме денес способни за ваков рапиден напредок. Потсетете се само колку е напреднато во последните 100 г. Што се е измислено!
Кое е “делчето“ што проработило кај нас што до толку успеало да не одвои од останатиот жив свет на планетата за само 10-15 000 г.
не е википедија бе...читаш ли тоа е истражување од научен институт...википедија не прави така:uvo::uvo::uvo:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom