ако фиктивниот не тема тогаш штое???
Атеистички ‘‘доказен‘‘ проблем
пишуваш со неколку јузери бе брат сам прашуваш сам одговараш,
Де просветли ме на кој друг член ти личам?
Јас за себе знам кој сум што сум и од каде сум. За тебе не сум сигурен дека си се спознал себе си.
На форумов сум од скоро и повеќето постови ми се прашања и мои лични размислувања и сваќања на работите и настаните.
Не сум рекол дека знам се (никој тоа не го може) и во предходните мои постови прашувам за работи кај што ми шкрипи логиката.
Ти добро почна со мутацијата ама некако многу брзо се повлече и прејде од дискусија во навреди. Многу си ми неурозен, земи си дијазепамче смири се малку. :smir:
А од што сме толку одвоени од останатиот жив свет??
Одвоени сме од останатиот жив свет по тоа што ја надвладеавме природата и мислиме дека семоќни.
Примерите што ги наведе не ги можеме самостојно но со соодветна технологија ги можеме (и да пееме убаво, и да идеме длабоко, и да се маскираме како околината...). Дури и животниот век на луѓето се продолжи. Сеуште сме смртни но до пред 50 г. просечен животен век беше под 50 г. сега мислам дека е над 70 г. во Јапонија дури и над 80 г.
Значи сепак сме посупериорни од останатиот жив свет, кој што се потпира на природата, а ние пробуваме да ја контролираме.
Значи повторно се враќаме на првото мое прашање.
Пред 10-15 000 г. бевме на исто рамниште со животните, апсолутно рамноправно се боревме за опстанок со се што не опкружува. А денес сме така да речам најголеми предатори и сме најголема можеби и единствена опасност за опстанокот на живиот свет на планетата.
Каде згрешила природата и ни овозможила по пат на еволуција да се развиеме до толку и се довела сама себе во опасност?