Атеистички ‘‘доказен‘‘ проблем

  • Креатор на темата Креатор на темата Musab
  • Време на започнување Време на започнување
Не се адаптираат туку прежививаат (опстануваат), затоа некои имаат отров за да се заштитат, другите користат камуфлажа (како бубамарата), додека пак ние го имаме најголемото оружје за опстанок кое што од Бога ни е дадено а тоа е разумот и слободната воља за донесување на одлуки за нашиот опстанок.
Едно прашање за тебе зошто не се адаптираат и еволуираат видовите на животни што се во изумирање? Знам дека ќе ми речиш дека се потребни неколку милијарди години, ама во очајни времиња се потребни очајни мерки. Ниеден од тие видови на животни нема мрднато од нивната основна животна околина, а без нејзе ќе изумрат.
И како од неорганска материја со внатрешно согорување настанала органската материја, кога природниот закон е само од жива материја можи да настани друга жива материја?

Например за кој точно животни во изумирање станува збор?

P.S: Шала на страна, се загрижив еј..комплекси ми наби..
 
:nesvest:
ajde sea jas da te prosvetlam kako prvo koga nastanale prvite organizmi atmosverata bila bukvalno токсична за нас ,се состоеле од метан гас да не споменувам имало бари каде имало органска материја која се фиузирала во една од тие бари се случила првата размена на материи која е карактеристична за живите организми,се создале микрорганизми
Како таа жива материја го преживеала Бинг Бенг? Од каде дошла? Мислам дека теоријата за таа органска материја што се создала во тие бари се создала од неорганска материја со внатрешно согорување. Така да има многу дупки во оваа теорија кои што не се докажани или се објаснуваат доста нелогично и без докази.
 
Не се адаптираат туку прежививаат (опстануваат), затоа некои имаат отров за да се заштитат, другите користат камуфлажа (како бубамарата), додека пак ние го имаме најголемото оружје за опстанок кое што од Бога ни е дадено а тоа е разумот и слободната воља за донесување на одлуки за нашиот опстанок.
Едно прашање за тебе зошто не се адаптираат и еволуираат видовите на животни што се во изумирање? Знам дека ќе ми речиш дека се потребни неколку милијарди години, ама во очајни времиња се потребни очајни мерки. Ниеден од тие видови на животни нема мрднато од нивната основна животна околина, а без нејзе ќе изумрат.
И како од неорганска материја со внатрешно согорување настанала органската материја, кога природниот закон е само од жива материја можи да настани друга жива материја?

еволуира ДНК а тие видови кои не се способни едноставно изумираат...а инаку зарем не е јасно дека од неорганска материја е настаната органската...тоа е јасно ко ден и мислам дека имаат научниците имитирано примитивен живот(размена на гасови)во аквариум и специјални услови:toe:
 
Како таа жива материја го преживеала Бинг Бенг? Од каде дошла? Мислам дека теоријата за таа органска материја што се создала во тие бари се создала од неорганска материја со внатрешно согорување. Така да има многу дупки во оваа теорија кои што не се докажани или се објаснуваат доста нелогично и без докази.

АУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

Разбирам неписменост, АМА ОВА Е ХАРДКОР!!!!
 
еволуира ДНК а тие видови кои не се способни едноставно изумираат...а инаку зарем не е јасно дека од неорганска материја е настаната органската...тоа е јасно ко ден и мислам дека имаат научниците имитирано примитивен живот(размена на гасови)во аквариум и специјални услови:toe:
Си видел ти лично такво нешто со твои очи? Или само ми цитираш некои си научници? Има една карпа во мојот град се вика слонот и личи на слон. Колку милијарди години според тебе треба да ја потурам со аминокиселини за да стане вистински слон или едноклеточна бактерија?
И малку контрадикторно ми е ова, на неорганската материја и требало еве да речиме милијарда години за да се претвори во органска (поправи ме оти стварно не знам :)), а колку време им требаше на научниците да го симулираат ова во лабараторија (претворање на неорганско нешто во органско нешто :)). Тие луѓе кои што го имаат направено тоа заслужуваат Нобелова награда според мене (се зезам знам дека не постои таков успешен експеримент :)).

А болдираното ако сакаш објасни ми го да не го прифаќам како атеистичка догма :).

Денешниве научници во нивните лабаратории претвораат неорганска во органска материја, како што во средниот век алхемичарите претворале обична тенекија во злато :pos::pos:.
 
Колку повеќе ја запознавате и истражувате во обалсата на молкеуларната биологија и ги споредувате системите со енкои неоргански хемиски системи, толку повеќе ќе почнувате да се прашувате што е всушност живо, односно жива материја.
Искрено реска граница помеѓу жива и мртва материја нема.
Ќе ве молам не се брукајте именувајќи органска и неорганска материја бидејќи само покажувате колку малку знаете за природата и природните науки.
 
Јас брате немам таква дилема, знам што е живо, знам што е мртво, знам што е суштество знам што е предмет. Јас сум јас човек, од крв и од месо, јас живеам чувствувам, размислувам жива материја, додека пак бирово мое е предмет од пресована пилевина наречена ламинантна иверица, тоа не живо, тоа не чувствува. И мое лично мислење е дека без разлика колку и да сака време да помине тоа нема да еволуира во жива материја.
 
Како таа жива материја го преживеала Бинг Бенг? Од каде дошла? Мислам дека теоријата за таа органска материја што се создала во тие бари се создала од неорганска материја со внатрешно согорување. Така да има многу дупки во оваа теорија кои што не се докажани или се објаснуваат доста нелогично и без докази.

Тебе биг бенг теоријата не ти е логична , тебе ти е пологично дека има некој Дедо на небото со бела брада кој до пред некое време тврдеше дека земјата е центар на универзумот и дека се ротира околку неа .
 
Ајде ајде сега дали дедо или баба не е тоа темата.
Во недостаток на цврсти докази за одбрана својата теорија, луѓето прибегнуваат кон дискредитација на спротивната страна (мене). Тоа ми е јасно мене и е прво правило во букварот на сите тајни служби, залепи му етикета пијаница е, педер е, наркоман е :).
Темата е Атеистички доказен проблем, и држи се до нејзе, а за дедо баба има други теми таму ќе пишуваш.

А да, и нечие религиско верување не мора да биде логично, тоа си е лично верување.
Додека пак еволуцијата се смета за наука, а што треба науката да прави?
Па да го докажи тоа што го тврди.
 
Тебе биг бенг теоријата не ти е логична , тебе ти е пологично дека има некој Дедо на небото со бела брада кој до пред некое време тврдеше дека земјата е центар на универзумот и дека се ротира околку неа .

A не ми е мене јасно зошто например морал бог да го создаде универзумот. Зар не е возможно тоа да го сторила некоја џиновска патка. Значи си била една патка. Еден ден се шетала и видела простор и и текнало удрила со клунот по него. И од таму се појавила една сингуларност која подоцна продолжила да се шири и шири.
 
Е ова можи да се прифати за атеистички доказен материјал :pos::pos:.

Заминаа атеистите сосе доказен материјал, ајде дечки можи подобро од патка чекам....
Се извинувам и женска (марсовка), подобро забавено отколку заборавено :).
 
Е ова можи да се прифати за атеистички доказен материјал :pos::pos:.

Заминаа атеистите сосе доказен материјал, ајде дечки можи подобро од патка чекам....

Aбе супер е и патката не и треба доказ само верба, оти ако веруваш во недостик на докази за спротивното тогаш мора да е вистина.
 
Значи теорија на еволуција е религија, а Дарвин нејзин месија и не мора ништо да се докажува (зошто не е наука религија е) :pos::pos:.
 
За еволуцијата постојат колку што сакаш докази. И не не е религија. Имаш непобијни докази за неа. Исто така нека не те буни поимот теорија бидејќи освен во математика никаде на друго место не смее да се употребува зборот proof туку само evidence.
 
Е добро како се претвора неорганска во органска материја? За колку време се завршува тој процес? И во која лабараторија и кои научници го имаат симулирано тој процес и колку време им требало за тоа? Ајде да видам докази.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom